Започна со изградба објектот за противпожарна станица во општина Дебрца
Резултати од конкурсот за доделување на стипендии редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватни универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиска 2025/26
Комисијата составена од: Билјана Суклоска Милошеска како претседател-вработена во општина Дебрца, Даниел Паункоски како член-вработен во општина Дебрца и Иван Стрезоски – Претседател на Советот на општина Дебрца, формирана со Решение бр.09-369/1 од 16.03.2026 година, изврши увид на поднесените документи од страна на кандидатите и согласно Правилнникот за доделување стипендии на редовни студенти на запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република С.Македонија за студиска 2025/26 година, утврди дека ги исполнуваат условите следните кандидати:
- Петреска Викторија
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Андрески Бојан
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Нелоски Давид
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Целакоска Емилија
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Трајческа Тамара
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Сиљаноска Јана
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Бутеска Николина
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Мијакоски Бобан
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Огненоска Андријана
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Скоклеска Ивана
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
Резултати од конкурсот за доделување на стипендии на одличните ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебна 2025/26
Комисијата составена од: Билјана Суклоска Милошеска како претседател-вработена во општина Дебрца, Даниел Паункоски како член-вработен во општина Дебрца и Иван Стрезоски – Претседател на Советот на општина Дебрца, формирана со Решение бр.09-369/1 од 16.03.2026 година, изврши увид на поднесените документи од страна на кандидатите и согласно Правилнникот за доделување стипендии на одлични ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебна 2025/26 година, утврди дека ги исполнуваат условите следните кандидати:
- Нелоски Лео
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Андоноска Марија
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Нелоска Анабела
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Печоска Викторија
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Донески Филип
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Лошкоска Теона
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Тупанческа Анастасија
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Цветаноска Мартина
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Левески Петар
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
ЈАВЕН ПОВИК За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2026 година
Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Дебрца за субвенционирање на физички лица за купен велосипед во 2026 година, број 01-646/1, од 08.05.2026 година и Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2026 година ( „Службен гласник на општина Дебрца”, број 16/25 и 5/26 ) се објавува следниот :
ЈАВЕН ПОВИК
За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2026 година
- Опис на јавниот повик
1.1. Општина Дебрца, со цел да ги стимулира жителите на општината за користење на велосипеди и поттикне рекреативниот спорт, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во 2026 година ќе им надомести дел од трошоците направени за купување на велосипед ( во понатамошниот текст: субвенција ).
1.2. Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2026 година, мерка “Живеј здраво – вози точак”, поддршка на рекреативниот спорт, обезбедени се средства за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипед, во вкупен износ од 100.000 денари.
1.3. На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени за купување на велосипед, во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000,00 денари и вклучен персонален данок на доход .
1.4. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.
- Право на учество на Јавниот повик
2.1.Право на субвенција имаат физички лица, жители на општина Дебрца, кои ќе купат нов велосипед во 2026 година и кои ги исполнуваат условите од јавниот повик.
3.Услови за користење на субвенцијата
3.1.Барателот треба да ги исполнува следните услови:
-да е жител на општина Дебрца,
-да нема добиено субвенција за купување на велосипед на друг јавен повик, од било кој друг извор,
– велосипедот да го купил во било кој продажен салон во државата , во 2026 година, од 01.01.2026 година до денот на завршување на јавниот повик, односно до искористувањето на финансиските средства обезбедени по овој основ, а најдоцна до 31.12.2026 година.
4.Начин на пријавување на Јавниот повик
4.1. Барателот е должен да ја поднесе следната документација за исполнување на услови за добивање субвенција:
-барање за субвенција, кое може да се подигне во архивата на општината или електронски на веб страницата на општина Дебрца (www.debrca.gov.mk),
-копија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на општина Дебрца,
-копија од трансакциска сметка,
-доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од 01.01.2026 година до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на искористување на средствата по овој основ,а најдоцна до 31.12.2026 година,
– изјава дека нема искористено право на субвенција за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој друг извор во Република С. Македонија.
4.2. Едно физичко лице / барател може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за еден велосипед.
4.3.Барањата за користење на субвенција можат да се поднесуваат од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на искористувањето на финансиските средства обезбедени по овој основ, а најдоцна до 31.12.2026 година.
4.4. Барањата, со потребната документација се поднесуваат до Комисијата за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипеди во 2026 година, со адреса: општина Дебрца, 6344 село Белчишта, по пошта или лично во архивата на општината, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.
На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците на физички лица за купување велосипед”.
4.5. Архивата на општината примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување ( датум, час и минута ), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
5.Начин на спроведување на Јавниот повик
5.1. Некомплетните барања комисијата ќе ги отфрли и истите нема да бидат предмет на понатамошна постапка.
5.2.Градоначалникот на општината, на предлогот на Комисијата донесува решение за одобрување на барањето, за барателите кои ги исполниле условите од јавниот повик.
5.3.Градоначалникот на општината, на предлог на Комисијата донесува решение за одбивање на барањето,за барателите кои не ги исполниле условите од јавниот повик.
5.4.Исплатата на средствата на барателите за чии барања е донесено решение за одобрување ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати и одобрени барања, во рок од најдоцна 30 дена од денот на донесувањето на решението за одобрување.
5.5.Општината, во зависност од динамиката на поднесени барања, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 31.12.2026 година.
5.6.Доколку бидат искористени предвидените финансиски средства, општината на својата веб страница ќе го објави завршувањето на јавниот повик.
Прилог:Барање
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Комисија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипеди во 2026 година
1.Билјана Суклоска Милошеска –претседател
2.Даниел Паункоски – член
3.Даниел Ристески – член
