Select Page
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 1/2026 за унапредување на 1 административен службеник во општинската администрација на општина Дебрца

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 1/2026 за унапредување на 1 административен службеник во општинската администрација на општина Дебрца

Врз основа на член 48 став (4) од Закон за административни службеници („Службен весник на РМ“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 80/16,127/16,142/16,2/17,16/17, 11/18 и Сл.Весник на РСМ бр. 275/19,14/20,215/21 , 99/22,208/24,259/24,144/25,252/25 и266/25) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на РМ“ бр. 11/15 , 35/18 и 303/20), а согласно Правилникот за систематизација на работни места во општинската администрација во општина Дебрца бр.09-2129/1 од 27.10.2022, 01-1293/1 од 30.10.2023 година,и 01-851/1 од 11.07.2024  општина Дебрца објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 1/2026 за унапредување на 1 административен службеник во општинската администрација на општина Дебрца

             Општина Дебрца објавува интерен оглас за унапредување административен службеник  1(еден) извршители и тоа:

1.УПР 01 01 Б04 000 Раководител на одделение за правни прашања и општи работи, Одделени за правни прашања и општи работи – 1(еден) извршител;

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија
  • активно да го користи македонски јазик
  • да е полнолетен
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови предвидени за работното место под точка 1 утврдени со актот за систематизација се:

  • ниво на стручни квалификации VI А според македонската рамка на квалификации

и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Научно истражувачко подрачје:Општествени науки Научно истражувачко поле:Правни науки.

работно искуство, и тоа: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раковнодно работно место во приватен сектор;

  • потребни општи работни компетенции на напредно ниво:
  • учење и развој
  • решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
  • комуникација
  • остварување резултати
  • работење со други/тимска работа
  • стратешка свест
  • ориентираност кон странките/засегнати страни
  • раководење и финансиско управување;
  • Посебни работни компетенции:
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ(англиски, француски и германски)
  • потврда за положен испит за административно управување;

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во општина Дебрца кој ги исполнува општите и посебните услови пропишани за работното место како и:

  • да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или на работно место во рамките на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • да поминал најмалку две години на тековното работно место и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Кон пријавата можат да се приложат и други докази:

  • потврди за успешно реализирани обуки и
  • потврди за успешно реализирано менторство.

Рокот за пријавување на интерниот оглас е 5 (пет) дена од денот на објавувањето.

Заинтересираните административни службеници, поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Општина Дебрца и до службената електронска адреса: contact@debrca.gov.mk.

Пријавените административни службеници ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја фаза од постапката на веб станата на општина Дебрца и тоа:

Фаза 1 – административна селекција се спроведува најдоцна 15 дена од денот на истекот на рокот за пријавување.

Фаза 2 –интервју се спроведува  во рок од 5 дена од завршување на фаза 1.

Дневното и неделното работно време е од 07:30 часот до 15:30 часот, од понеделник до петок, 40 работни часа неделно.

Платата за работно место под точка 1 е во паричен нето износ од 40.289,00 денари.

НАПОМЕНА:

Административниот службеник кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

Пролог:

Пријава

Со почит,                                                                                                                                                                                                                                                                                                         Градоначалник на Општина Дебрца

                                                          Златко Сиљаноски

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

Општина Дебрца ги известува сите граѓани, кои по основ Легализација на бесправно изградени објекти согласно Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, имаат добиено Заклучоци за прекин на постапка (поради промена на барател или обезбедување на изјави од наследници или сопственици на соседни парцели) и Известувања за уплата по Заклучок за надоместок, дека рокот за решавање на предметите е до почетокот на март 2026 година.

Поради важноста на законот за да не дојде до одбивање на предметите со Решение се повикуваат сите лица кои имаат започната постапка за легализација на бесправно изградени објекти, а истата не е целосно комплетирана, навремено да ја дополнат потребната документација и да ги завршат постапките во законски предвидениот рок.

По истекот на рокот, нема да постои можност за дооформување на постапки за легализација согласно важечкиот закон.

За дополнителни информации и насоки, граѓаните можат да се обратат во надлежната служба во Општина Дебрца.

 

Општина Дебрца

Служба за урбанизам и комунални дејности

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

ОПШТИНА ДЕБРЦА ОБЈАВА број 01/2025 за отуѓување на уредено градежно неизградено земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на Г2-Лесна и незагадувачка индустрија

ОПШТИНА ДЕБРЦА
ОБЈАВА  број 01/2025

за отуѓување на уредено градежно неизградено земјиште сопственост на Република Северна Македонија

по пат на електронско јавно наддавање за изградба на Г2-Лесна и незагадувачка индустрија

  

 ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

  

Согласно Програмата за располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија за 2025 година  бр. 01-1450/7 од 03.12.2025 година објавена во Службен гласник на Општина Дебрца бр.13/2025 од 05.12.2025 год., предмет на електронското јавно наддавање е уредено градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со Архитектонско-урбанистички проект за формирање на Градежна парцела 1, со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија на дел од КП-827/3, КО Мешеишта, Општина Дебрца, согласно Општ акт за село Мешеишта (Одлука бр. 09-489/1 од 03.04.2015 год.), одобрен со Потврда за заверка бр. 13-96/4 од 23.01.2017 год. од Градоначалникот на Општина Дебрца, кое градежно незиградено земјиште е со намена на градба Г2-Лесна и незагадувачка индустрија , согласно табеларниот преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела, намената на градежната парцела, вкупната површина на градежната парцела, катност, површина за градење, максимална висина до венец, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по м²,  вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

Табеларен преглед:

Бр. на аукција Бр. на

градежна

парцела

Намена на

градежна

парцела

Број на

Кат. парцела

 КО Мешеишта

Површ. на град. парцела (м²) Површ. на градба (м²)  

Макс.

развие-на површ.

(м²)

Коеф.на искористен. Проц. на изграденост.

(%)

Макс.

висина до венец и катност.

(м)

Почетна

цена по

м²

(денари)

Вкупна

Почетна

вредност

(денари)

Банкарска гаранција за сериозност на понудата (денари )
01/2025-1 1 Г2-Лесна и незагадувачка индустрија К.П.бр.827/6

 

4985 2493 2493  

0,5

 

50

15,0/П+1 61,00 304.085,00  

1.520.425,00

 

Право на учество на јавното наддавање имаат:

1.Физички лица: државјани на Република Северна Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна  Македонија.

2.Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистер на Република Северна Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија.

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање исклучиво во електронска форма на интернет страната www.gradezno-zemjiste.mk), во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата (за секоја парцела поединечно), комплетирана со следниве докази во скенирана форма:

  1. Пополнета пријава во електронска форма од страна на подносителот на интернет страната www.gradezno-zemjiste.mk, во која се наведени податоците за што се однесува истата, како и што се доставува во прилог на пријавата (кои документи);
  2. За физичките лица уверение за државјанство во скенирана форма, не постаро од 6 месеци заклучно со краен рок за поднесување пријава;
  3.     За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар во скенирана форма (Извод од тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија не постар од 30 дена заклучно со краен рок за поднесување пријава);
  4. Нотарски заверено полномошно во скенирана форма за полномошникот што го претставува понудувачот, доколку пријавата се поднесува преку полномошник;
  5. Скенирана банкарска гаранција за сериозност на понудата во износ наведен во табеларниот преглед за секоја градежна парцела поединечно,  со рок на важност до 01.06.2026 година, со која понудувачот ќе гарантира дека доколку се стекне со статус на најповолен понудувач  ќе ја уплати крајно постигнатата цена за отуѓување на градежното земјиште на електронското јавно наддавање во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на  известување за избор, истата покрај во електронска форма задолжително да ја достави и во оригинал преку архивата при Општина Дебрца до Комисијата за спроведување на постапки за јавно наддавање во бел коверт со назнака “не отварај” и со повикување на бројот на јавната објава заклучно со истекот на рокот за пријавување.

 

НАПОМЕНА: Пријавите за учество на јавното наддавање се поднесуваат ИСКЛУЧИВО по ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ на интернет страната www.gradezno-zemjiste.mk, комплетирана со прикачување на наведните докази во скенирана форма. Доколку пријава поднесува странско физичко или правно лице сите докази се доставуваат и преведени на македонски јазик од овластен судски преведувач. Општина Дебрца нема да прима пријави доставени преку поштенски пат или преку архивата при Општина Дебрца. Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени. Заинтересираните лица (физички и правни) ЗАДОЛЖИТЕЛНО ТРЕБА ДА ИМААТ ДИГИТАЛЕН СЕРТИФИКАТ за да можат да поднесат пријава за учество на јавното наддавање и да учествуваат на електронското јавно наддавање. Доколку учесникот е заинтересиран за повеќе од една градежна парцела, се пополнува поединечна пријава за секоја градежна парцела, за што се доставува и посебна банкарска гаранција за сериозност на понудата.

ПОЧЕТНА ЦЕНА

Почетната цена на електронското јавно наддавање за градежнaта парцела Г.П.бр.1 со намена Г2-Лесна и незагадувачка индустрија изнесува 61,00 денари од метар квадратен.

БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

 Банкарската гаранција за сериозност на понудата е утврдена согласно табеларниот преглед даден во оваа објава и сите пријавени физички и правни лица се должни банкарската гаранција  покрај електронската скенирана верзија да ја достават и во оригинал преку архивата при општина Дебрца заклучно со крајниот рок за пријавување.

РОКОВИ

 Пријавите за учество на електронското јавно  наддавање  за градежната парцела наведена во табеларниот преглед  да се достават до ден 20.01.2026 година, 23:59 часот, електронски на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk .

Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk .

Јавното наддавање ќе се одвива на ден 22.01.2026 година, и истото не може да трае помалку од 15 (петнаесет) минути како што следува: Во 10:00  часот за Г.П.бр.1  со намена  Г2-Лесна и незагадувачка индустрија.

 

ПОСТАПКА

 

1.Комисијата преку електронскиот систем при www.gradezno-zemjiste.mk ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок од 24 часа по истекување на рокот за  поднесување на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација автоматски им доставува корисничко име и лозинка за учество на електронското јавно наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува Известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.

2.Подносителите на пријавите за да може да  поднесат електронска пријава и да учествуваат на електронското јавно наддавање потребно е да имаат дигитален  сертификат (потпис).

3.На денот на одржување на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страната со корисничкото име и шифрата која ја добиле на e-mail адресата доставена во прилог на пријавата за учество на елетронското јавно наддавање.

4.Електронското јавно наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник во јавното наддавање.

5.Електронското јавното наддавање го следи Комисија за спроведување на постапките за јавно наддавање, формирана од Градоначалникот на Општина Дебрца.

6.Електронското јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена по метар квадратен, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

  1. Наддавањето се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој “чекор” не помалку од 10,00 денари во цели броеви без децимали.

8.Електронското јавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во оваа Објава, при што доколку во истекот на последните две минути од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути. Јавното наддавање се продолжува неограничен број пати се додека во истекот на последните две минути е дадена понуда од страна на учесниците.

9.За успешно спроведена постапка на јавно наддавање потребно е да има најмалку едно постапно наддавање над почетната цена по метар квадратен.

10.Учесникот на јавното наддавање кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.

11.Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање и електронски го доставува до сите учесници на јавното наддавање.

12.По завршувањето на постапката за јавното наддавање, Комисијата е должна во рок од 3 (три) работни дена да достави барање за мислење до Државното правобранителство на Република Северна Македонија по однос на нацрт-текстот на договорот за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија.

13.Државното правобранителство на Република Северна Македонија е должно да достави мислење  по однос на нацрт-текстот на договорот за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија во рок од 30 (триесет) дена од добивањето на барањето за мислење. Доколку во рок од 30 (триесет) дена Државното правобранителство на Република Северна Македонија не достави мислење, ќе се смета за позитивно.

14.По прибавување на  позитивно мислење од Државното правобранителство на Република Северна Македонија, Комисијата во рок од 3(три) работни дена до најповолниот понудувач доставува Известување за избор на најповолен понудувач.

15.Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на Известувањето дека е најповолен понудувач на јавното наддавање,  да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето, да ги уплати трошоците на постапката во износ од 10% од банкарската гаранција за сериозност на понудата но не повеќе од 15.000,00 денари, да ги достави  до Комисијата оригиналните докази приложени со пријавата и да достави доказ за извршена уплата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето и уплатени трошоци на постапката.

16.Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата  согласно постигнатата крајна цена од наддавањето во утврдениот рок, не ги уплати трошоците на постапката во износ од 10% од банкарската гаранција за сериозност на понудата но не  повеќе од 15.000,00 денари, не  ги достави  до Комисијата оригиналните докази приложени со пријавата и не достави доказ за извршена уплата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето и уплатени трошоци на постапката, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за отуѓување, банкарската гаранција за сериозност на понудата се активира и истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела.

17.Доколку најповолниот понудувач ги уплати средства согласно постигнатата крајна цена од наддавањето во утврдениот рок, а врз основа на доставената документација не може да се склучи договор уплатените средства согласно постигнатата крајна цена не му се враќаат, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за отуѓување, банкарската гаранција за сериозност на понудата се активира и истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела.

18.По извршената уплата во утврдениот рок и доставата на оригиналните докази приложени со пријавата и доказот за извршена уплата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето за градежната парцела наведена во табеларниот преглед, Градоначалникот на општина Дебрца во рок  од 5 (пет) работни дена склучува договор со најповолниот понудувач за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија. Со договорот најповолниот понудувач (купувачот) се обврзува во рок од 9 (девет) месеци од извршената солемнизација на договорот за градежната парцела која што е со површина до 5.000 м², да обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено. Со договорот најповолниот понудувач  се обврзува да го изгради објектот согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено во рок согласно со одредбите од Законот за градење а согласно со категоризацијата на градба, во спротивно, доколку купувачот не извади одобрение за градење во предвидениот рок односно доколку објектот не се изгради во определениот рок по вина на купувачот, истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна во висина од 1,5 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање за предметното земјиште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот, односно 3 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање за предметното земјиште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот, односно 4,5 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во третата и секоја наредна година од истекот на рокот.Неисполнувањето на овие обврски односно по паѓање во задоцнување со исполнување на овие обврски три месеци последователно од страна на купувачот претставува основ отуѓувачот по три месечни последователни месечни повици за извршување, како доверител со изјава за неисполнување на обврските од договорот да побара потврда за извршност на договорот односно да побара наплата на договорната казна и претставува основ за еднострано раскинување на договорот, при што 80% од вкупната сума од  отуѓувањето не му се враќаат на купувачот.

19.Градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија, кое е предмет на оваа објава се до исполнување на обврските од договорот не може да биде дел од стечајна маса.

20.Најповолниот понудувач (купувач) се обврзува  да изгради најмалку 30% од вкупно развиената површина за градење предвидена со урбанистичкиот план за градежната парцела.

21.Најповолниот понудувач (купувач) се обврзува да го плати данокот на промет на недвижности што ќе произлезе како обврска по склучениот Договор за отуѓување на градежното земјиште.

22.По склучувањето на договорот, општина Дебрца во рок од 1 (еден) ден електронски го доставува до Град Скопје-Сектор за финансиски прашања за утврдување данок на промет на недвижност. Купувачот е должен во рок од 15 (петнаесет) дена од добивањето на решението за утврдување на данок на промет на недвижност да го плати данокот и да достави доказ за извршена уплата.

23.По доставување на доказ за извршена уплата на данокот на промет на недвижност, купувачот во рок од 30 (триесет) дена електронски го доставува договорот  кај нотар заради спроведување на постапка за солемнизација. Купувачот е должен солемнизацијата да ја изврши во рок од 30 (триесет) дена од доставувањето на договорот кај надлежен нотар.

24.Неисполнувањето на обврските од точките 22 и 23 од оваа Објава по вина на купувачот претставуваат основ за еднострано раскинување на договорот, при што 80% од вкупната цена  не му се враќаат на  купувачот.

25.Во цената за отуѓување не е вклучен надоместокот за уредување на градежното земјиште.

26.Трошоците за нотарската процедура и воведувањето во евиденцијата на недвижностите во Агенцијата за катастар за недвижности на Република Северна Македонија паѓаат на товар на купувачот на градежното земјиште.Во случај на раскинување на договор по вина на купувачот, истиот е обврзан да плати данок на промет и нотарски трошоци.

27.Купувачот на градежното земјиште стекнато во постапка за отуѓување  по пат на јавно наддавање не смее истото да го  пренесува на трети лица. Забраната за пренесување на трети лица се прибележува во јавната книга за запишување на правата на недвижностите. Неисполнувањето на оваа обврска преставува основ за еднострано раскинување на договорот, при што 80% од вкупната  цена не му се враќаат на купувачот.

28.Купувачот на градежното земјиште стекнато во постапка за отуѓување  по пат на јавно наддавање не смее, без претходна согласност, да го заложува или на друг начин оптоварува земјиштето и објектите кои на истото ќе бидат изградени, се до завршувањето на градбата и бришење на прибелешката од точка 27 во јавните книги. Оваа забрана се прибележува во јавните книги.

29.Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Комисијата во рок од 3(три) дена од денот на одржување на електронското јавно наддавање.Приговорот се поднесува во писмена форма до Комисијата, која е должна да одлучи со Решение во рок од 5(пет) работни дена од приемот на истиот. Против Решението донесено од страна на комисијата со кое се одлучува по поднесен приговор странката има право да поднесе жалба во рок од 15(петнаесет) дена од денот на приемот на Решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен.

30.Во случај на грешка во преводот на албански јазик,во предвид ќе се земе објавата огласена на македонски јазик.

 

Оваа објава ќе биде објавена и на web-страната на Општина Дебрца, www.debrca.gov.mk.

 

ОПШТИНА ДЕБРЦА

Комисија за спроведување на

постапките за јавно наддавање

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

СООПШТЕНИЕ за спроведување на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури – интегрирана сообраќајна површина, на дел од КП-140, КО Горенци, Општина Дебрца

Врз основа на член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 32/20, 111/23, 73/24, 171/24, 224/24, 40/25 и 101/25), Градоначалникот на Општина Дебрца, го дава следното:

 

СООПШТЕНИЕ

за спроведување на јавен увид на

 Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури – интегрирана сообраќајна површина, на дел од КП-140, КО Горенци, Општина Дебрца

 

Член 1

Се известуваат граѓаните на Општина Дебрца дека се организира Јавен увид по Урбанистички план (УП) вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури – интегрирана сообраќајна површина, на дел од КП-140, КО Горенци, Општина Дебрца, со тех. бр. 04-28/2025 од мај/2025 год., изработен од Друштво за проектирање инженеринг градба и консалтинг ПАРАМЕТАР ДООЕЛ – Скопје.

Член 2

Проектниот опфат на Урбанистички план (УП) вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури – интегрирана сообраќајна површина, на дел од КП-140, КО Горенци, Општина Дебрца, е опфатен во рамките на опфатот за кој се издадени Услови за планирање на просторот за изработка на Урбанистички план за село Горенци, КО Горенци, Општина Дебрца со тех.бр. Y21716 од февруари/2019 год., и Решение за Условите за планирање на просторот издадено од Министерството за животна средина и просторно планирање со арх. бр. УП1-15 193/2019 од 19.03.2019 год.

 

Површина на проектен опфат: 837,03м2 или 0,08ха

 

Проектниот опфат е дефиниран со делови од катастарските парцели во КО Горенци, Општина Дебрца, кој е дефинира со следните Кординати:

 

 

Точка X Y
1 7480038.29 4561030.77
2 7480040.3377 4561029.7091
3 7480069.81 4561014.44
4 7480109.72 4560995.44
5 7480154.481 4560973.792
6 7480176.635 4560963.056
7 7480189.552 4560957.1771
8 7480205.5669 4560950.8061
9 7480204.2732 4560947.554
10 7480187.3119 4560954.3015
11 7480150.8792 4560971.0324
12 7480133.7141 4560979.5808
13 7480099.236 4560994.056
14 7480073.195 4561007.413
15 7480053.4838 4561016.8595
16 7480044.1269 4561021.0241
17 7480040.528 4561020.946
18 7480038.2037 4561019.0344

 

  

ЈАВЕН УВИД

На Урбанистички план (УП) вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури – интегрирана сообраќајна површина, на дел од КП-140, КО Горенци, Општина Дебрца, со тех. бр. 04-28/2025 од мај/2025 год., изработен од Друштво за проектирање инженеринг градба и консалтинг ПАРАМЕТАР ДООЕЛ – Скопје, ќе трае 15 дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Дебрца https://www.debrca.gov.mk и на информацискиот систем е-урбанизам https://www.e-urbanizam.mk во периодот од 17.06.2025 год. до 01.06.2025 год., за кое време може да се доставуваат евентуални забелешки, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот во просториите на Општина Дебрца, Одделение за урбанизам, комунални и јавни дејности.

 

Со Почит,

 

Изготвил,

дипл.инж.арх. Игор Мартиноски

 

 

                                                                                            ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                              Зоран Ногачески

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

СООПШТЕНИЕ за спроведување на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури – интегрирана сообраќајна површина, на дел од КП-100 и дел од КП 847, КО Горенци, Општина Дебрца

Врз основа на член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 32/20, 111/23, 73/24, 171/24, 224/24, 40/25 и 101/25), Градоначалникот на Општина Дебрца, го дава следното:

 

СООПШТЕНИЕ

за спроведување на јавен увид на

 Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури – интегрирана сообраќајна површина, на дел од КП-100 и дел од КП 847, КО Горенци, Општина Дебрца

 

Член 1

Се известуваат граѓаните на Општина Дебрца дека се организира Јавен увид по Урбанистички план (УП) вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури – интегрирана сообраќајна површина, на дел од КП-100 и дел од КП 847, КО Горенци, Општина Дебрца, со тех. бр. 04-30/2025 од мај/2025 год., изработен од Друштво за проектирање инженеринг градба и консалтинг ПАРАМЕТАР ДООЕЛ – Скопје.

Член 2

Проектниот опфат на Урбанистички план (УП) вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури – интегрирана сообраќајна површина, на дел од КП-100 и дел од КП 847, КО Горенци, Општина Дебрца, е опфатен во рамките на опфатот за кој се издадени Услови за планирање на просторот за изработка на Урбанистички план за село Горенци, КО Горенци, Општина Дебрца со тех.бр. Y21716 од февруари/2019 год., и Решение за Условите за планирање на просторот издадено од Министерството за животна средина и просторно планирање со арх. бр. УП1-15 193/2019 од 19.03.2019 год.

 

Површина на проектен опфат: 262,29м2 или 0,026ха

 

Проектниот опфат е дефиниран со делови од катастарските парцели во КО Горенци, Општина Дебрца, кој е дефинира со следните Кординати:

 

Точка X Y
1 7479867.3 4560965.0
2 7479868.6 4560965.7
3 7479868.5 4560968.4
4 7479869.0 4560970.2
5 7479868.8 4560974.5
6 7479868.6 4560977.1
7 7479868.1 4560979.4
8 7479867.8 4560990.5
9 7479867.5 4560999.4
10 7479867.5 4561000.6
11 7479868.3 4561010.8
12 7479868.4 4561013.0
13 7479868.6 4561014.9
14 7479870.0 4561033.7
15 7479870.3 4561035.2
16 7479873.5 4561033.1
17 7479871.0 4561000.4
18 7479871.3 4560989.8
19 7479871.6 4560979.5
20 7479872.0 4560978.5
21 7479872.5 4560970.4
22 7479873.5 4560967.4
23 7479877.9 4560963.2

 

 

ЈАВЕН УВИД

На Урбанистички план (УП) вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури – интегрирана сообраќајна површина, на дел од КП-100 и дел од КП 847, КО Горенци, Општина Дебрца, со тех. бр. 04-30/2025 од мај/2025 год., изработен од Друштво за проектирање инженеринг градба и консалтинг ПАРАМЕТАР ДООЕЛ Скопје, ќе трае 15 дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Дебрца https://www.debrca.gov.mk и на информацискиот систем е-урбанизам https://www.e-urbanizam.mk во периодот од 17.06.2025 год. до 01.07.2025 год., за кое време може да се доставуваат евентуални забелешки, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот во просториите на Општина Дебрца, Одделение за урбанизам, комунални и јавни дејности.

 

Со Почит,

 

Изготвил,

дипл.инж.арх. Игор Мартиноски

 

 

 

                                                                                            ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                              Зоран Ногачески