Select Page
Јавен повик За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2022 година

Јавен повик За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2022 година

Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Дебрца за субвенционирање на физички лица за купен велосипед во 2022 година, број 01-1136/1, од 09.06.2022 година и Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2022 година ( „Службен гласник на општина Дебрца”, број 12/21 ) се објавува следниот :

 

ЈАВЕН ПОВИК

За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2022 година

  1. Опис на јавниот повик

1.1. Општина Дебрца, со цел да ги стимулира жителите на општината за користење на велосипеди и поттикне рекреативниот спорт, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во 2022 година ќе им надомести дел од трошоците направени за купување на велосипед ( во понатамошниот текст: субвенција ).

1.2. Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2022 година, мерка “Живеј здраво – вози точак”, поддршка на рекреативниот спорт, обезбедени се средства за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипед, во вкупен износ од 200.000 денари.

1.3. На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени за купување  на велосипед, во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари и вклучен персонален данок на доход .

1.4. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот  „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учество на Јавниот повик

2.1.Право на субвенција имаат физички лица, жители на општина Дебрца, кои ќе купат нов велосипед во 2022 година и кои ги исполнуваат условите од јавниот повик.

3.Услови за користење на субвенцијата

3.1.Барателот треба да ги исполнува следните услови:

-да е жител на општина Дебрца,

-да нема добиено субвенција за купување на велосипед на друг јавен повик, од било кој друг извор,

– велосипедот да го купил во било кој продажен салон во државата , во 2022 година, од 01.01.2022 година до денот на завршување на јавниот повик, односно до искористувањето на финансиските средства обезбедени по овој основ, а најдоцна до 31.12.2022 година.

4.Начин на пријавување на Јавниот повик

4.1. Барателот е должен да ја поднесе следната документација за исполнување на услови за добивање субвенција:

-барање за субвенција, кое  може да се подигне во архивата на општината или електронски на веб страницата на општина Дебрца (www.debrca.gov.mk),

-копија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на општина Дебрца,

-копија од трансакциска сметка,

-доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од 01.01.2022 година до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на искористување на средствата по овој основ,а најдоцна до 31.12.2022 година,

– изјава дека нема искористено право на субвенција за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој друг извор во Република С. Македонија.

4.2. Едно физичко лице / барател  може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за еден велосипед.

4.3.Барањата за  користење на субвенција можат да се поднесуваат од  денот на објавувањето на јавниот повик до денот на искористувањето на финансиските средства обезбедени по овој основ, а најдоцна до 31.12.2022 година.

4.4. Барањата, со потребната документација се поднесуваат до Комисијата за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипеди во 2022 година, со адреса:  општина Дебрца, 6344 село Белчишта, по пошта или лично во архивата на општината, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците на физички лица за купување велосипед”.

4.5. Архивата на општината примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување ( датум, час и минута ), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

 5.Начин на спроведување на Јавниот повик

5.1. Некомплетните барања комисијата ќе ги отфрли и истите нема да бидат предмет на понатамошна постапка.

5.2.Градоначалникот на општината, на предлогот на Комисијата донесува решение за одобрување на барањето, за барателите кои ги исполниле условите од јавниот повик.

5.3.Градоначалникот на општината, на предлог на Комисијата донесува решение за одбивање на барањето,за барателите кои не ги исполниле условите од  јавниот повик.

5.4.Исплатата на средствата на барателите за чии барања е донесено решение за одобрување ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати и одобрени барања, во рок од најдоцна 30 дена од денот на донесувањето на решението за одобрување.

5.5.Општината, во зависност од динамиката на поднесени барања, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 31.12.2022 година.

5.6.Доколку бидат искористени предвидените финансиски средства, општината на својата веб страница ќе го објави завршувањето на јавниот повик.

Б А Р А Њ Е за субвенција велосипеди може да го спуштите со кликање тука.

ОПШТИНА ДЕБРЦА

Комисија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипеди во 2022 година

1.Даниел Паункоски -претседател

2.Билјана Суклоска-Милошеска – член

3.Доста Дојчиноска – член

Извештај за соодветноста на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот: Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзино природно речно корито, за потребите на општина Дебрца

Извештај за соодветноста на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот: Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзино природно речно корито, за потребите на општина Дебрца

ОБЈАВА

Врз основа на член 86 став 1 и член 90 став 4 од Законот за животна средина (“Службен весник на Република Македонија” бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 44/2015, 129/2015 и 39/2016) и член 4 од Правилникот за формата, содржината, постапката и начинот за изработка на извештајот за соодветноста на студијата за оценка на влијанието на проектот врз животната средина (“Службен весник на Република Македонија” бр. 33/2006), се известува јавноста дека Комисијата формирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање за изработка на извештајот за соодветноста на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот: Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзино природно речно корито за потребите на општина Дебрца со бр. 11-3231/2 од 25.05.2022 година  изготви

                                                                                       И З В Е Ш Т А Ј

за соодветноста на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот: Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзино природно речно корито, за потребите на општина Дебрца

 

Контакт лица:

Инвеститор општина Дебрца, Игор Мартиноски

е-маил: igormartinoski@yahoo.com

тел: 070 667 930

 

Министерство за животна средина и просторнио планирање

Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, 1000 Скопје

 

Александар Петковски – Помошник раководител на Сектор за животна средина

Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, 1000 Скопје

тел: 076455460;

е-маил: a.petkovski@moepp.gov.mk

 

3.Краток опис на предложениот проект:

Со проектот се предвидува реставрирање на природното речно корито на река Сатеска со цел пренасочување на повторуваниот протек од 15m³/s во природното корито кое се влева во Црн Дрим.Должината на потегот на кој што ќе се изведува проектот изнесува околу 8km.

 

4.Дополнителни информации можат да се добијат во Секторот за комуникација со јавноста ул. “III Македонска бригада” бр.10а тел. 02 3 215 503 и Управа за животна средина зграда на Плоштад Пресвета Богородица бр. 3 и  тел. 3 251 424 при Министерството за животна средина и просторно планирање како и на веб страницата на министерствoто, www.moepp.gov.mk