Select Page
Општина Дебрца достави предлог проекти до Центарот на Југозападниот плански регион за 2021 година

Општина Дебрца достави предлог проекти до Центарот на Југозападниот плански регион за 2021 година

Општина Дебрца ги достави предлог проектните концепти до Советот на Југозападниот плански регион. Во повикот 9- те општини имаат можност да искористат средства за развој во висина од 41 милион денари од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година. Може да се аплицира проекти за искористување средства од две области. Првата област е од заштита на животна средина и намалување на загадувањето на животната средина, а втората за подбрување на економскиот развој, туризмот и културата и подобрување на патната инфрастуктура. Општина Дебрца аплицира проект за втора фаза за енергетска ефикасност на Задружниот дом во село Требеништа, информира градоначалникот Зоран Ногачески.

„Со завршувaње на втората  фаза на објектот ќе е ставен во функција според намената која ја дефиниравме. Долниот спрат би се користел како деловен простор и дел за потребите на Месната заедница од село Требеништа. Горниот дел она што го најавивме и ни беше почетна идеа, отворање на Археолошки изложбен центар Требеништа во кој ќе бидат изложени сите артефакти и археолошки вредности кои се најдени во позната Требенишка Некропола и од цела територија на Дебрца“.

Градоначалникот Ногачески вели, како општина имаат и други проекти, но од одобрените средства во висина од 41 миолини денари од буџетот на државата за Југозападниот плански регион мора да се избалансираат и поделат средствата за проекти за сите 9 општини. Проектите повторно треба да се разгледаат на форуми каде што ќе учествуваат бизнис секторот и невладините организации, вели Ногачески.

„Потоа како конечен предлог треба да дојдат пред Советот на Југозападниот плански регион на кој ќе треба да се усвојат до 15 декември и Центарот за Југозападен плански регион за сите наши пот проекти треба да аплицира до Бирото за регионален рамномерен развој. Ќе одлучува и Националната Комисија на Рамномерниот регионален развој. Се надеваме дека проектите ќе поминат и од на пролет ќе продолжиме како општина Дебрца со втората фаза за реконструкција на ЗД Требеништа“.

 

Во Црвена Вода одбежежан јубилејот 77-години од издавањето на Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ и патронен празник на општина Дебрца

Во Црвена Вода одбежежан јубилејот 77-години од издавањето на Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ и патронен празник на општина Дебрца

Денес, во историското село Црвена Вода, славна Дебрца го одбележавме јубилејот- 77 години од издавањето на Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ, на 03 Октомври 1943 година, ден кој е патронен празник на општина Дебрца.

Манифестот на АСНОМ по своето историско значење е еднаков на Крушевскиот манифест, бидејќи сите подоцнежни асномски одлуки се инспирирани од него, со што слободно можеме да констираме дека извориштето на современата македонска држава е во Дебрца.

Во Дебрца се испишани најсветлите страници од македонската историја.

И не само тука, во Црвена Вода, на денешен ден, туку и на Славеј Планина, каде што пред 75 години беше формирана првата регуларна воена единица, баталјонот “Мирче Ацев, во Сливово беше формирана Првата Македонска-Косовска ударна бригада, Дебрца беше првата слободна територија во НОБ, а во селото Издеглавје, во 1944 година беше возобновена Македонската Православна Црква, во ликот на Охридската Архиепископија.

Дебарца долго време беше на маргините, поради што луѓето си заминуваа, селата ни се празнеа. Но, тоа не значи дека духот на нашите предци е исчезнат. Тој живее во сите нас и во нашата визија за Дебрца.

Таа визија е да го промовираме еко капацитетот на Дебрца, да го унапредиме овој крај, да ја вратиме душата на Дебрца.

Дебрца да остане чиста и незагадена и секогаш да пружа одмор, мир, чистота и револуционерност, не само на нас, туку и на сите добронамерници кои ќе ја посетат.

Затоа и во наредниот период упорно и посветено ќе работиме да се сочува интегритетот на Дебрца, нејзината епска димензија и еколошка иднина.