Член 43
Градоначалникот се избира на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање во согласност со закон за период од 4 (четири) години.
Градоначалникот својата функција ја извршува професионално.
Член 44
Градоначалникот во рамките на своите надлежности:
- ја претставува и застапува Општината;
- ја контролира законитоста на прописите на Советот;
- ги објавува прописите на Советот во службено гласило на Општината;
- го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот;
- го обезбедува извршувањето на работите кои што со Закон и се делегирани на Општината;
- иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на Советот;
- го предлага годишниот Буџет и Годешната сметка на Буџетот на Општината;
- го извршува Буџетот на Општината;
- избира директори на јавните служби кои ги основала Општината, врз основа на јавен конкурс;
- редовно го известува Советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со Статутот;
- решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со Закон;
- донесува Правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;
- раководи со општинската администрација;
- одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со Закон;
- обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста во согласност со Закон и Статутот и
- врши и други работи утврдени со закон и со овој Статут.
Градоначалникот може да овласти раководен службеник на Општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти.
Член 45
Градоначалникот со заклучок ги прогласува и ги објавува прописите на Советот во “Службен гласник на Општина Дебрца”.
Градоначалникот го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот.
Член 46
Ако Градоначалникот смета дека прописот на Советот не е во согласност со Уставот и законите, должен е во рок од 7 дена од денот на доставувањето со Решение да го запре неговото објавување со кое ќе ги образложи причините за запирањето.
Советот е должен, во рок од 15 ( петнаесет ) дена од денот на објавувањето на решението да го разгледа и да одлучи по него.
Ако Советот го потврди прописот или не расправа во рокот од ставот 3 од овој член, градоначалникот е должен да го објави прописот и истовремено да поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставност и законитост на оспорениот пропис пред Уставниот суд на Република Македонија.
За иницијативатаод став 3 на овој член Градоначалникот е должен да го информира Министерството надлежно за вршење на работите што се однесуваат на локалната самоуправа.
Член 47
За извршување на своите надлежности Градоначалникот го информира Советот по потреба, а најмалку 2 (два) пати во годината.
Член 48
Ново избраниот Градоначалник ја презема должноста од претходниот Градоначалник во рок од 7 дена од денот на изборот.
Градоначалникот ја врши професионално својата функција.
За време на вршењето на функцијата Градоначалникот неможе да врши друга професионална дејнсот.
Градоначалникот неможе да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење во Советот.
Градоначалникот определува кој од членовите на Советот ќе го земнува во случаи на спреченост или отсуство.
Во рок од 60 (шеесет) дена од денот на преземањето на функцијата градоначалникот е должен со Решение да го определи членот на Советот кој ќе го заменува.
Решението од став 6 на овој член се објавува во Службен гласник на општината.
За денот на настапувањето на спреченоста или отсуството градоначалникот го информира претседателот на Советот.
На членот на Советот му мирува функцијата член на Советот за времето кога го земнува Градоначалникот.
Претседателот на Советот не може да го земенува Градоначалникот.
Платата и надоместоците на Градоначалникот, како и надоместокот за членот на Советот кој го замнува Градоначалоникот, се уредвуаат со Закон.
Член 49
Градоначалникот не може да биде именуван за член во надзорни, управни и контролни органи на трговски друштва и јавни служби.
Градоначалникот не може да учествува во процесот на одлучување за прашања во кои тој или неговиот брачен другар, деца или роднина до втор степен странична линија има финансиски или други личен интерес.
Градоначалникот е должен да го информира Советот за интересот од ставот 2 на овој член.
Во случаите од ставот 2 на овој член одлучува еден од членовите на Советот избран на начин на кој се избира претседателот на Советот.
Член 50
На Градоначалникот му престанува мандатот по сила на Закон:
- ако поднесе оставка;
- во случај на смрт;
- ако е осуден со правосилна пресуда за кривично дело на казна затвор во траење над 6 месеци;
- ако со правосилно решение биде лишен од деловна способност;
- ако настапи случај на неспојливост за вршење на функцијата согласно со Законот за локални избори;
- во случај на неоправдано отсуство подолго од 6 месеци и ако престане да биде жител на Општината.
За оправданоста на отсуството од ставот 1, алинеја 6 на овој член одлучува Советот со двотретинско мнозинство од вкупниот број на членови на Советот.
Членот на Советот кој го заменува Градоначалникот во рок од 15 дена од денот на настапувањето на еден од случаите од ставот 1 на овој член е должен за тоа да го извести Министерството надлежно за работите што се однесуваат на локалната самоуправа.
Министерството надлежно за вршење на работите што се однесуваат на локалната самоуправа, во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето од ставот 3 на овој член ја известува Владата на Република Македонија, која во рок од 1 месец од денот на приемот на известувањето, констатира дека настапил еден од случаите од ставот 1 на овој член и истовремено иницира постапка за распишување нови избори за Градоначалник, во согласност со Закон.
Советот, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Одлуката на Владата од ставот 4 на овој член, ќе избере еден од членовите на Советот кој ќе ја врши должноста на Градоначалникот за периодот до изборот на нов Градоначалник, на начин на кој се избира претседателот на Советот.
На членот на Советот му мирува функцијата член на Советот за времето на вршењето на должноста Градоначалник во согласност со ставот 5 на овој член.
Изборите од ставот 4 на овој член нема да се спроведат доколку до новиот изборен период има помалку од 6 месеци.