ЗАД СЕКОЈ НОВ ПОЧЕТОК СТОИ ОПШТИНА ШТО СЕ ГРИЖИ
Како Општина, јасно и одговорно стоиме зад семејствата, младите и секој наш сограѓанин на кого му е потребна поддршка. Затоа воведуваме конкретни мерки со директна финансиска помош:
- 100.000 денари за трето и секое наредно новородено дете;
- 6.000 денари за прво и второ новороденче;
- 30.000 денари поддршка за млади до 30 години кои првпат склучуваат брак;
- 6.000 денари поддршка за лица над 30 години при склучување брак;
- Еднократна парична помош за лекување;
- До 30.000 денари помош за семејства погодени од пожари и поплави;
- Социјални пакети со храна и средства за хигиена за социјално загрозени лица, самохрани родители и семејства во ризик;
- Мерките се наменети за жители со постојано место на живеење во Општина Дебрца и се реализираат согласно буџетските можности.
Заедно ја градиме иднината на Дебрца.
