Денеска ми претставуваше особена чест и задоволство во работна посета на Општина Дебрца да ги пречекам министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Горан Патчев.

На остварената средба разговаравме за огромниот културен и туристички потенцијал што го поседува нашиот регион.

Посебен акцент ставивме на проектот за изградба на културно-изложбен центар во с. Требеништа, кој значително ќе придонесе за промоција на локалното наследство и развојот на туризмот.

Заедно со гостите го посетивме и Изложбениот центар за Белчишко Блато во Белчишта, простор кој на уникатен начин ги претставува богатствата на флората, фауната и нашето природното наследство.

Работната посета ја продолживме со посета на Интернационалната ликовна колонија „Дебрца“ во Белчишта, која минатата година одбележа 40-годишен јубилеј и е една од најстарите и најзначајните ликовни колонии во Македонија.

Горди сме на оваа културна манифестација која со децении го збогатува уметничкото наследство на Дебрца, а соработката и поддршката од овие институции ни е од огромно значење.

Инвестициите во културата и туризмот се вистински инвестиции во иднината!
Post Views:
94