Select Page

Градоначалникот Ногачески имаше можност да оствари неколкучасовна посета на фирмата Hess Gmbh-Vulkan, која се наоѓа во селото Schwenningen, 23 км од Хановер и да се сретнесо Извршниот директор, Г-динот Ралф Лидке, Ralf Liedke.
Вулкан е фирма со стогодишна традиција ( основана во 1898 година ) и е еден од најстарите брендови во индустријата за осветлување .
Вулкан нуди на градови, општини и снабдувачи со енергија технички софистицирани производи кои обезбедуваат осветлување на патиштата,улици, опасните точки, пешачките зони и јавните објекти во согласност со стандардите.
Вулканските светилки се дизајнирани за висока техничка функционалност и максимална енергетска ефикасност, со употреба на високософистицирана LED технологија и високо ниво на експертиза во областа на техничката имплементација.

  • Компанијата е дел од компаниите NORDEON GROUP, со седиште во Ајндховен, Холандија, кои нудат производи за осветлување со ултра ефикасна LED технологија и произведени по највисоки стандарди за квалитет – “Made in Europe”.
    Она што посебно за нас е значајно е тоа што од месец Февруари 2019 година фирмата дел од производниот процес ќе го пренесе и ќе започне да работи во производни погони во Охрид и Струга, со тенденција во блиска иднина целото производство да го пренесе во Македонија, а зошто да не и во Дебрца.
    Извршниот директор, Г-динот Ралф Лидке го запознав со можностите за инвестирање во Дебрца (урбанизираните локации за отворање на производен погон, ослободувањето од комунални и други давачки и др.) и поканив да ја посети нашата општина, а кое со задоволство го прифати.