Select Page

Денес, регионалното Здружение на ветерани од одбраната и безбедноста за општините Охрид, Дебрца, Дебар, Маврово Ростуше и Ресен, ја заокружи првата и влезе во втората деценија од своето постоење, како едно од најактивните и најмасовните во републичката организација. Како почесен гостин на прославата во просториите на здружението присуствуваше и градоначалникот Зоран Ногачески.

– Со особено задоволство, ја нагласувам секојдневна и сеопфатна соработката со Здружението на борците и поддржувачи , особено на планот на негувањето и афирмацфијата на револуционерните и борбени традиции. Во општина Дебрца, оспособивме 4 спомен објекти, како наш придонес за одбележување на настаните од НОВ: Спомен соба на НОВ во Дебрца (Белчишта), Спомен дом на Првата македонско косовска борбена бригада во Сливово, Спомен дом на ГШ на НОВ и ПОМ во Црвена Вода и Спомен соба на Шестата бригада и баталјонот „Мирче Ацев“ во селото Годивје, рече Добре Вељаноски – претседатек на здружението.

На денешниот собир во Охрид, градоначалникот на општина Дебрца, Ногачески нагласи дека ветераните секогаш ќе добиваат поддршка за проекти кои ја интензивираат прекуграничната и регионалната соработка и отвораат можност за заеднички настап со проекти пред европските фондови. Со тоа, рече Ногачески, ветераните ги унапредуваат соработката и разбирањето на народите од соседните пријателски земји во реализацијата на плановите и активностите на општините, ги промовираат, а сето тоа за добробит на нашите граѓани.

Присутните во преполнетата сала, пред почетокот на состанокот со едноминутно молчење му одадоа почит на прерано починатиот градоначалник на Охрид д-р Јован Стојаноски, кој им беше близок соработник, почитувач и содејник.