Завршуваме со чистење на најголемата депонија во општина Дебрца, просторот во м.в.”Царo Поле”, помеѓу патниот правец село Ново Село – село Белчишта и течението на реката Сатеска, кај село Ново Село. Простор на околу 8 хектари, со години деградиран со најразличен вид на отпад ( комунален, инертен и градежен шут ).
До сите граѓани апелирам да се воздржат од активности со кои ќе продолжи загадувањето на овој и сите други простори кои ќе бидат исчистени во наредниот период.
Ќе воведеме засилен инспекциски надзор и крајно против сите прекршители ќе преземеме со закон пропишани санкции.
Дебрца мора да остане чиста и незагадена, со заштитено природно наследство.