Select Page

Официјално започнавме со реализацијата на уште еден значаен инфраструктурен проект, со што исполнуваме уште едно дадено ветување -изградба на резервоар за водоснабдување на село Издеглавје и село Слатински Чифлик.

Проект кој дваесет години наназад беше само неисполнето ветување‼️

Вкупната вредност на проектот изнесува 5.072.301 денари, од кои 3.902.260,00 денари се обезбедени од Министерството за транспорт и врски, преку проектот “Водоснабдување и одведување на отпадни води” , финансиран согласно Договорот за заем од Европската Инвестициона банка, а 1.170.041,00 денари ќе се обезбедат од Буџетот на општина Дебрца.

Со реализацијата на проектот се обезбедува квалитетно водоснабдување на село Издеглавје, а со завршената изградба на доводниот цевковод минатата година до село Слатински Чифлик, за кој се инвестираа 3.491.010 денари, обезбедени од Бирото за регионален развој, Програмата за финансирање на проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби за 2019 година, вода за пиење ќе добие и ова село.

Големина на Фонт
Контраст