Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Дебрца аплицираше со проект за надградба на локален пат од н.м. Злести до н.м. Белчишта (Секција 1 и 2), Општина Дебрца.
Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.
Документот “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” беѓе ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Дебрца (https://debrca.gov.mk/) на 24 Септември 2020.
Сите заинтересирани странки имаа можност своите коментари да ги достават во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
Градоначалникот Ногачески упати благодарност до сите присутни на состанокот, особено честитка за одличната организација до Министерството за транспорт и со поддршка од Светска Банка.