Select Page
Од денес започна националната кампања ” Ги запознаваме ретките болести 2021″, која ќе трае до 28 Февруари – Светскиот ден на ретки болести, годишен настан за подигнување на јавната свест во однос на ретките болести и влијанието кое тие го имаат на квалитетот на животот на пациентите, како и нивните права и потреби.
Во знак на подршка на пациентите со ретки болести и нивните семејства , но и за подигнување на јавната свест ,особена чест ни е и општина Дебрца да се приклучи на кампањата.
За таа цел, финансиски ќе ги помогнеме активностите на Здружението на граѓани за ретки болести „РЕТКО Е ДА СИ РЕДОК”, од Охрид и со учениците и наставниците од ООУ “Дебрца” активно ќе се вклучиме во кампањата и одбележувањето на 28 Февруари-Светскиот ден на ретки болести.
Секогаш имајте на ум, реткоста е предност, а не недостаток‼