Денес од страна на Општинската изборна комисија Дебрца, градоначалникот Зоран Ногачески го доби Уверението за избран градоначалник на општина Дебрца, со што фицијално го започна новиот втор мандат 2021-2025, а врз основа на изборната волја на граѓаните изразена на локалните избори.
Големата поддршка од Вас, граѓаните за мене е уште поголема обврска и одговорност.
Подавам рака и ги повикувам сите граѓани да ни се придружат заедно да продолжиме да го градиме нашиот заеднички дом, нашата Дебрца.Убеден сум дека на тој пат ќе имаме добра соработка и со новоизбраните членови на советот на општината, на кои им го честитам изборот.
Продолжуваме! Заедно за Дебрца! – изјави градоначалникот по повод добивањето на новиот мандат.