Select Page

Денес во општина Дебрца и преку платформата Zoom, во организација на Здружението “Екотуризам 2016” и општина Дебрца како домаќин, по повод 2 Февруари – Светскиот ден на водните живеалишта се одржа настанот „КОН ПОДОБРО УПРАВУВАЊЕ СО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, СТУДЕНЧИШКО БЛАТО И БЕЛЧИШКО БЛАТО“.

На настанот поздравни обраќања имаа и заменик министерот за животна средина Христина Оџаклиеска и градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков и градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески, а беа презентирани и студиите за валоризација на овие важни екосистеми и промотивно прикажан едукативно-документарниот филм „Белчишко Блато – синиот бисер од Дебрца“.

Градоначалникот Ногачески  во своето обраќање посебно потенцира дека водните живеалишта имаат голема важност не само за растителниот и животинскиот свет во нив, туку и за здравјето и благосостојбата на луѓето.

Водните живеалишта се идентитетска карактеристика на Охридскиот регион и затоа сите тие заслужуваат посебна заштита.

Во тој контекст посебно значење има и Белчишкото Блато, како најголемо во оригинерна форма сочувано водно живеалиште.

Преку проект кој го имплементира Здружението “Екотуризам 2016” изработена е Студија за валоризација на блатото и добивање на заштитен статус според националното законодавство.

Настанот се одржа во просториите на идниот музеј на Белчишко Блато, кој беше реконструиран во рамките на проектот кој општина Дебрца го спроведува преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција, а за што уште еднаш изразувам благодарност до Делегацијата на ЕУ, која го поддржа овој проект.