Вчера, во Тушемиште, Поградец, Република Албанија градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески присуствуваше на билатералниот состанок за ажурирање/ре-формирање на билатералното тело за управување од регионот на Охридското Езеро- УНЕСКО Светско Наследство помеѓу Македонија и Албанија.
На состанокот присуствуваа министрите за култура и животна средина од двете земји, градоначалниците на четирите општини ( Охрид, Струга, Дебрца и Поградец ) и експерти кои директно работат во процесот на заштита на природното и културното наследство на Охридскиот регион-УНЕСКО Светско Наследство.
Главната работа која произлезе од состанокот е договор од двете страни да се формализира членството на Заедничкиот комитет за управување со Охридскиот регион-УНЕСКО Светско Наследство на министерско, односно на градоначалничко ниво, со што се исполнуваат обрските од последната одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (Фужу, Кина, јули 2021).