Почитувани сограѓани,
На крајот сме на 2017 година. Во годината што изминува секој од нас, граѓаните на општина Дебрца доживеал и убави и помалку убави моменти.
Посакувам убавите да ги помниме, а помалку убавите да посакаме да не ни се повторат во наредната 2018 година .
Пред два месеци ја добив Вашата доверба да бидам градоначалник на општина Дебрца, да бидам првиот меѓу Вас, еднаквите. Привилегија е да се работи за доброто на секој жител на општината, но и голема обврска довербата да се оправда.
Секој граѓанин заслужува подостоинствен живот, заслужува да биде разбран, почитуван, спокоен, радосен, бидејќи во сето тоа е смислата на нашето живеење.
Очекувам во наредната 2018 година да останеме фокусирани на нашата визија и сите заедно посветено да работиме на остварување на нашата заедничка цел, подобра и понадежна општина Дебрца.
Не попусто е кажано дека секој е ковач на сопствената среќа. Ако е така, ајде сите заедно да ја исковаме нашата колективна среќа, како виза за помирна, поспокојна и поубава иднина .
Драги сограѓани,
Ви посакувам , многу здравје, среќа, бериќет и успех во Новата 2018 година.
Да сме здрави и живи.