Select Page

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 6-та седница на Советот на општината Дебрца

Ја свикувам 6та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден  25.12.2025 година (четврток) , со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на записник од 3-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Усвојување на записник од 4-та седница на Советот на општина Дебрца
  3. Усвојување на записник од 5-та седница на Советот на општина Дебрца
  4. Предлог – Одлука за предавање во соптвеност на движни ствари – пластични канти за комунален отпад
  5. Предлог – Одлука за користење на службено патничко моторно возило на општина Дебрца
  6. Предлог – Годишна програма за активностите на општина Дебрца во областа на социјалната и здравствената заштита во 2026 година (Т1)
  7. Предлог – Годишна програма за еднакви можности меѓу жените и мажите во општина Дебрца за 2026 година
  8. Предлог – Годишна програма за зимско одржување на општинските патишта и улици во општина Дебрца во зимската сезона 2025/2026 година
  9. Предлог – Годишна програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2026 година
  10. Предлог – Годишна програма за развој на локалната инфраструктура и комуналите услуги во општина Дебрца за 2026 година
  11. Предлог – Годишна програма за реконструкција, модернизација, користење и одржување на јавното осветлување во општина Дебрца за 2026 година
  12. Предлог – Годишна програма за развој на културата во општина Дебрца за 2026 година
  13. Предлог – Годишна програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Дебрца за 2026 година
  14. Предлог – Годишна програма за одбележување годишнини на значајни настани и личности во општина Дебрца во 2026 година
  15. Предлог – Годишна програма за развој на образованието во општина Дебрца за 2026 година
  16. Предлог – Годишна програма за активностите на општина Дебрца во областа на односите со јавноста, комуникациите и меѓународната соработка во 2026 година
  17. Предлог – Годишна програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2026 година
  18. Предлог – Буџет на ЕЛС Дебрца за 2026 година
  19. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општина Дебрца за 2026 година
  20. Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2026 година

 

  • Советнички прашања

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                 Иван Стрезоски