Sep 23, 2022
Вчера на сметките на 20 родители на деца запишани во прво оддделение во ООУ “Дебрца” се исплатени по 5000 денари финансиска поддршка во рамки на проектот „Добре дојдовте првачиња“.
Средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца, во вкупен износ од 100.000 денари.
Многу успех првачиња!
Sep 20, 2022
Почитувани,
Со особена чест и задоволство Ве покануваме на отворањето на Планинската куќа Брежани, реконструирана во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од ЕУ, Програма за прекугранична соработка со Република Албанија и Министерството за Локална самоуправа на Република Северна Македонија. Настанот ќе се одржи во село Брежани, општина Дебрца, на 30.09.2022 год., со почеток од 11:30 ч.
Покана и агенда во прилог.

Покана и агенда за настанот
Sep 14, 2022
Изминатиот период извршивме санација/реновирање на училишната зграда во с.Оровник. Средствата во износ од 587.300 илјади денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца. Продолжуваме континуирано да инвестираме во подобрување на образованиетo!
Sep 12, 2022
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 ,150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека на ден 14.09.2022 год. (среда) екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во период од 21.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување .
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 030.
Со почит,
Одделение за
епидемиолошка дејност
Охрид
12.09.2022 година
Sep 8, 2022
По повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија, градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески упати честитка до сите граѓани на Република Македонија, во која се вели:
Дозволете ми да Ви го честитам 8-ми септември, Денот на независноста, со желби за мирна и просперитетна иднина на сите граѓани.
На овој голем ден, пред точно 31 години граѓаните на Република Македонија јасно и недвосмислено ја изразија својата определба за независна, самостојна и суверена Република Македонија. Од тогаш Македонија гордо чекореше по патот на меѓународните интеграции, градејќи при тоа добри односи со соседните држави и со својот мултиетнички и мултирелигиски карактер даде значаен придонес во промовирањето на успешниот модел за соживот во регионот.
Ја користам оваа прилика уште еднаш да ги повторам моите искрени желби за мир, стабилност, економски просперитет и општа благосостојба на сите граѓани и воедно Ви посакувам пријатно празнично расположение.