Nov 5, 2021
Денес од страна на Општинската изборна комисија Дебрца, градоначалникот Зоран Ногачески го доби Уверението за избран градоначалник на општина Дебрца, со што фицијално го започна новиот втор мандат 2021-2025, а врз основа на изборната волја на граѓаните изразена на локалните избори.
Големата поддршка од Вас, граѓаните за мене е уште поголема обврска и одговорност.
Подавам рака и ги повикувам сите граѓани да ни се придружат заедно да продолжиме да го градиме нашиот заеднички дом, нашата Дебрца.
Убеден сум дека на тој пат ќе имаме добра соработка и со новоизбраните членови на советот на општината, на кои им го честитам изборот.
Продолжуваме! Заедно за Дебрца! – изјави градоначалникот по повод добивањето на новиот мандат.
Oct 3, 2021
Денес, во историското село Црвена Вода, славна Дебрца го одбележавме јубилејот- 78 години од издавањето на Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ, на 03 Октомври 1943 година, ден кој е патронен празник на општина Дебрца.
Манифестот на АСНОМ по своето историско значење е еднаков на Крушевскиот манифест, бидејќи сите подоцнежни асномски одлуки се инспирирани од него, со што слободно можеме да констираме дека извориштето на современата македонска држава е во Дебрца.
Во Дебрца се испишани најсветлите страници од македонската историја.
И не само тука, во Црвена Вода, на денешен ден, туку и на Славеј Планина, каде што пред 78 години беше формирана првата регуларна воена единица, баталјонот “Мирче Ацев, во Сливово беше формирана Првата Македонска-Косовска ударна бригада, Дебрца беше првата слободна територија во НОБ, а во селото Издеглавје, во 1944 година беше возобновена Македонската Православна Црква, во ликот на Охридската Архиепископија.
Дебарца долго време беше на маргините, поради што луѓето си заминуваа, селата ни се празнеа. Но, тоа не значи дека духот на нашите предци е исчезнат. Тој живее во сите нас и во нашата визија за Дебрца.
Таа визија е да го промовираме еко капацитетот на Дебрца, да го унапредиме овој крај, да ја вратиме душата на Дебрца.
Дебрца да остане чиста и незагадена и секогаш да пружа одмор, мир, чистота и револуционерност, не само на нас, туку и на сите добронамерници кои ќе ја посетат.
Затоа и во наредниот период упорно и посветено ќе работиме да се сочува интегритетот на Дебрца, нејзината епска димензија и еколошка иднина.
Oct 1, 2021
Во недела, 3 октомври, пред Спомен домот, местото и објектот каде, во 1943 година, Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, го објавија Манифестот до македонскиот народ за целите на анти-фашистичката војна, воедно и патронат на Општина Дебрца, во селото Црвена Вода, со почеток во 10 часот, предвидено е положување на свежо цвеќе од страна на преставници на Општина Дебрца, Сојузот на борци и граѓани продолжувачи на традицијата на Охрид и Дебарца, АРМ и МЗ Црвена Вода.
Поради состојбата со Covid 19 – и оваа година настанот се одбележува со помал број на присутни делегации почитувајќи ги здравствените протоколи.
Sep 22, 2021
Утрово бев во посета на свињарската фарма Папу, која е лоцирана на влезот од селото Белчишта.
Во придружба на домаќинот на фармата, имав можност од блиску да ги видам новите производствени капацитети кои се изградени по најсовремени стандарди, со кои сега оваа свинарска фарма го проширува производствениот капацитет на 72 мајки.


Базата за успехот и профитабилноста на оваа свињарска фарма лежи во одгледувањето на товенци со висок генетски потенцијал каде се запазани сите стандарди на GGP-GP.
Ваквиот тип на инвестиции се од особено значење за Локално -Економски развој на општина Дебрца.
Sep 9, 2021
Во име на Општина Дебрца и во мое име, сакам да изразам искрено
сочувство до семејствата и роднините на жртвите кои несреќно ги загубија животите во страшната несреќа која се случи синоќа во Тетово.Во овој тажен момент, нашите мисли се со сите нив. На сите повредени во несреќата им посакуваме брзо закрепнување.