Записник од комисијата за спроведување на конкурсот за доделување на ученички и студенски стипендии
Ј А В Е Н О Г Л А С За работно ангажирање на невработени лица по Годишната програма за јавни работи
Врз основа на член 84 став 1 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија” број 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15, 27/16 и 119/16) и Годишната програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2021 година, број 01-2187/10, од 28.12.2020, Градоначалникот на општина Дебрца, распишува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
За работно ангажирање на невработени лица по Годишната програма за јавни работи
1.Општина Дебрца има потреба од работно ангажирање на 2 работници за времетраење до 12 месеци, за извршување на јавни работи и тоа –Одржување на јавната инфраструктура ( одржување-чистење на крајпатната вегетација на општинските патишта и улици, санација од помали размери на општинските патишта и улици, одржување на насипи, канали, водоводни и канализациони мрежи и други објекти од општ интерес, подобрување на условите за живеење и други работи), Одржување и заштита за животната средина и природата ( чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита, канали, одводи, јавни површини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалските игралишта, монтажа и одржување на опремата во парковите и јавните детски игралишта, развој на селските подрачја и други работи) и Сеча, утовар и транспорт на огревно дрво– кое на општина Дебрца и е донирано, согласно договорот, број, од 2020 година, склучен со Јавно претпријатие за државни патишта и тоа- едно лице ракувач со механизација ( универзален ровокопач, мини ровокопач,трактор со мулчер ) и едно лице- ракувач со моторна пила ( секач на огревно дрво ).
- 2. Право да се пријават имаат долгорочно eвидентирани невработени лица, ниско квалификувани невработени лица, повозрасни невработени лица ( над 55 години ) и други лица од евиденција на невработени.
Невработените лица ќе бидат ангажирани согласно член 83, 84 и 85 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.
За време на ангажирањето на лицата ќе им се обезбеди финансиска поддршка, односно месечен нето паричен надоместок во износ од 850 денари по ангажирано лице, дневно, со платен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.
На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општината и невработените лица.
3.Заинтересираните кандидати потребно е да достават:
-Пријава и
-Потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени.
4.Огласот трае пет работни дена од денот на објавувањето на веб страницата на општина Дебрца, www.debrca.gov.mk и огласната табла на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Центар за вработување Охрид, односно до 05.01.2021 година.
5.Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Дебрца, секој работен ден од 07.30-15.30 часот.
ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Зоран Ногачески

П Р И Ј А В А
За Јавни работи 2021 година,Општина Дебрца

Оглас
За Јавни работи 2021 година,Општина Дебрца
Успешно реализирана хуманитарна акција во Општина Дебрца
Ако бев славеј – вели римскиот филозоф Епиктет (I. в) – ќе го правев тоа што го прави славејот; ако бев лебед, ќе го правев она што го прави лебедот; но јас сум разумно создание и ми приличи да Го прославувам Бога“.
А на Бога најугодна прослава му е преку нашите добри дела, подадената рака на ближниот, милостина кон секое човечко битие кои има за тоа потреба.
Сакам да се заблагодарам од срце на сите што денес учествуваа и придонесоа за новогодишната хуманитарна акција.
Благодарам на Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески, преседателот на совет Петре Голабоски, на колегите советници, директорот на ЈК Дебрца Игор Крцоски кои што дадоа свој продонес. Но и сите останати жители на нашата општина кои што од срце учествуваа на оваа благородна акција! Продолжуваме со вакви активности и во новата година!
На крај од мое име од срце ви посакувам среќна, здрава, бериќетна и благословена да биде новата 2021 година!
Прпдолжуваме со вакво темпо и во новата година
Бог да биде со сите нас!
Со почит
М-р Катерина Пискулоска- член на советот на општина Дебрца
Советот на општина Дебрца ги усвои годишните програми за развој на општината и Буџетот на општината за 2021 година
На денешната седница Советот на општина Дебрца ги усвои годишните програми за развој на општината за 2021 година и Буџетот на општината за 2021 година
Во Годишните програми и Буџетот во целост се земени во предвид предлозите на граѓаните, месните заедници, бизнис заедницата и невладините организации, кои беа дадени во транспарентната постапка за нивно изготвување и донесување.
Буџетот за наредната година е проектиран на 121.000.000 денари , кои се очекува да се остварат од сопствените приходи, приходите од ДДВ-то, наменските и блок дотациите од централната власт и приходи од европските проекти.
Во делот на расходите акцентот го ставаме на реализацијата на капиталните проекти, социјалните програми, унапредување на комуналните услуги и целосно кратење на непродуктивните трошења.



