May 9, 2020
Поради вонредната состојба предизвикана од Ковид-19 вирусот, Денес, симболично, во името на сите граѓани на општина Дебрца градоначалникот Зоран Ногачески се поклони пред Споменикот на револуцијата, победата и слободата „Кременатец“, во чест на јубилејот 75 години од победата над фашизмот и Денот на Европа.
Ние, граѓаните на Дебрца сме посебно горди на овој Ден, бидејќи Дебрца е местото каде се исковани најголемите придобивки од НОАВМ, 1941-1945 година.
Овој ден се одбележува и како Ден на Европа, бидејќи го означува пресвртниот момент во кој е дефиниран идниот изглед на Европа,а познатата Шуманова декларација, се смета за почеток на формирањето на денешната Европска унија.
9 мај треба да послужи и како потсетник дека фашизмот во Европа и во светот никогаш не е искоренет и вистински поразен и дека против него треба да се бориме и денес, секојдневно, бидејќи антифашизмот, рамноправноста и почитта меѓу луѓето, без оглед на нацијата, верата, расата, полот се цивилизациски текови и вредности кои мораат да се негуваат – напиша градоналачникот Ногачески во својот фејсбук статус.
Apr 22, 2020
Согласно мерките и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 ( корона вирус) донесени од Владата на Република Северна Македонија, Министерство за труд и социјална политика презеде конкретни мерки и активности со цел жртвите на семејно насилство да добијат соодветна помош, подршка и заштита најпрво да се јават на Националната бесплата мобилна СОС линија за жртви на семејно насилство, која обезбедува 24 часовна точна, навремена и доверлива информација за заштита на жртвите, достапни услуги и телефонско советување на жртвите на родово бизарно насилство и семејно насилство. Во случаи кога постои сознание за загрозување на животот и здравјето на граѓаните, како последица на семејно насилство, да се пријави до најблиската Полициска станица или надлежниот Центар за социјална работа, независно дали е полициски час.
Исто така Ве известуваме дека за општините Меѓуопштинскиот центар за социјална работа има формирано специализирани тимови кои може да ги контактирате на следните телефонски броеви и e-mail адреси :
- Центар за жени жртви на родово бизарно/семејно насилство.
- Советувалиште за жени жртви на родово бизарно/семејно насилство.
- Контакт : ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Охрид
- Телефон: +389; 72 232 076, 70 267 831, 71 231 032
- E-mail: jumcsrOhrid@mtsp.gov.mk
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
ОПШТИНСКИ КРИЗЕН ШТАБ ДЕБРЦА