Nov 17, 2022
Општина Дебрца, објавува Јавен повик за пријавување на интерес за изнајмување и менаџирање со “Планинска Куќа Брежани”.
Сите заинтересирани правни и физички лица (агенции, тур оператори, туристички водичи и др.) можат да се обратат во општина Дебрца, секој работен ден од 8:00 – 15:00 часот за подетални информации во врска со јавниот повик заклучно 17.12.2022 година.
Лице за контакт:
Ангел Секулоски
Планинската куќа е лоцирана во планинското село Брежани, сместено во пазувите на Илинска планина, во општина Дебрца, на триесет километри одалеченост од градовите Охрид, Струга и Кичево. Располага со дваесет легла , современи бањи и кујна, греење, ладење.
Реконструкцијата на старата училишна зграда во селото Брежани и нејзина адаптација во Планинска куќа беше реализирана во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од Европската Унија преку програмата за прекугранична соработка со Албанија.
Фотографии во прилог:

Nov 10, 2022
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 14-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 14-та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 14.11.2022 година (понеделник), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на записник од 13-та седница на Советот на општина Дебрца
2. Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2022 до 30.09.2022 година
3. Предлог – Одлука за измени и дополнувања на Буџет на ЕЛС Дебрца за 2022 година
4. Предлог – Годишна Програма за развој на локалната инфраструктура и комуналните услуги во општина Дебрца за 2023 година
5. Предлог – Годишна Програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Дебрца за 2023 година
6. Предлог – Годишна програма за реконструкција, модернизација, користење и одржување на јавното осветлување во општина Дебрца за 2023 година
7. Предлог – Годишна програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2023 година
8. Предлог – Годишна програма за активностите на општина Дебрца во областа на социјалната заштита во 2023 година
9. Предлог – Годишна програма за развој на образованието во општина Дебрца за 2023 година
10. Предлог – Годишна програма за развој на културата во општина Дебрца за 2023 година
11. Предлог – Годишна програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2023 година
12. Предлог – Годишна програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2023 година
13. Предлог – Одлука за отпочнување постапка за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на општина Дебрца од сите ризици и опасности
14. Предлог – Одлука за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со класа на намена Е.1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани – градби за производство на електрична енергија од обновливи извори (фотонапонски шанели кои се градат на земјиште) со моќност од 150 kW, на КП 1556/1 и КП1556/2, КО Оздолени, Општина Дебрца
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Илчо Алексоски
Nov 9, 2022
Денес во рамките на одблележувањето на 77 -от роденден на Организацијата на Обединетите Нации, градоначалникот на општина Дебрца г-дин Ногачески, заедно со градоначалниците на Струга и Охрид, г-дин Рамиз Мерки и д-р Кирил Пецаков, јавни институции, граѓанскиот сектор и приватниот сектор, учесвуваа на промотивен настан – Изложба на слики на тема “Подигање на еколошката свест” по повод Денот на ООН во просториите на Домот на културата – Браќа Миладиновици во Струга. На настанот покрај градоначалникот на општина Струга, г-дин Рамиз Мерко, свое поздравно обраќање имаа н.е евро-амбасадорот Дејвид Гир и постојаниот координатор на ООН во Македонија – Росана Дуџак.
По завршување на настанот следуваше работен ручек, на кој градоначалниците со преставниците од ЕУ И ОН имаа можност да ги споделаат своите видувања и активности во насока на зачувување на животната средина и подигнување на еколошката свест во своите општини, како и досега спроведените активностите по насока на препораките од УНЕСКО.
Nov 8, 2022
Предлог Буџетот на Општина Дебрца за 2023 година ги содржи планираните приходи на Буџетот за 2023 година и планираните проекти за реализација од Буџетот во 2023 година.

Општина Дебрца – Предлог Буџет за 2023 година
Имајќи предвид дека буџетирањето е двонасочен процес (за и од граѓаните), применет е партиципативниот принцип на буџетирање при поставување на приоритетите на локалната заедница.
Предлози и сугестии може да се поднесуваат на контакт инфо:
Oct 26, 2022
На денешниот завршен, свечен настан беа презентирани сработените активности од проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“ .
Проектот во изминатите три години го реализираше Црвен крст Охрид, во партнерство со општините Дебрца и Грамш од Албанија и Алпинистичкиот клуб Патагонија Охрид, а е финансиран од Европската Унија, Програма за прекугранична соработка Македонија-Албанија и Министерството за локална самоуправа.
Општина Дебрца беше еден од партнерите во проектот со кој доби современ, планинарски дом со 20 легла, опрема за делување во зимски услови и сигурност на посетителите со формирањето на Планинската спасителна служба за регионот.
Градоначалникот Ногачески во свето пригодно обраќање уште еднаш потенцира дека проектот е значаен од аспект на тоа што е во целосна корелација со визијата Дебрца да прерасне во извонредна туристичка природна дестинација, затоа што Дебрца со своето природно богатство, која е дел од светското природно наследство, со сите планински масиви кои ги поседува е природно предодредена за развој на зимскиот авантуристички туризам. Токму затоа сите реализирани активности во рамките на проектот беа во таа насока.
Кога зборуваме за развој на зимскиот авантуристичкиот туризам, треба да се има услови за развој и на безбеден туризам. Во наредниот период сите ние општините од овој регион треба да ги поддржиме сите активности на ПСС и тој Меморандум за соработка кој го потпишавме не треба да остане само на хартија, туку треба да го преточиме во практика.
👉а нас проектот покрај конкретни бенефити, индирекно придонесе и за јакнење на нашите капацитети во процесот од апликација до реализација на проектите од прекуграничната соработка.
Уште еднаш ја изразив големата благодарност до Делегацијата на ЕУ и Министерството за локална самоуправа кои ги обезбедија финансиските средства за имплементација на проектот, како и до сите партнери со кои заедно ги реализиравме проектните активности.