Покана за свечен настан по повод завршувањето на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“
Почитувани,
Со особена чест и задоволство, Ве покануваме да присуствувате на свечен настан по повод завршувањето на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од ЕУ, Програма за прекугранична соработка со Република Албанија и Министерството за Локална самоуправа на Република Северна Македонија.
Проектот е реализиран од страна на Црвен крст Охрид, во партнерство со општините Дебрца, РСМ и Грамш, Албанија и Алпинистичкиот клуб ПАТАГОНИЈА Охрид. Во текот на три годишната имплементација се реализираа бројни инфраструктурни активности за развој на авантуристичкиот туризам, како и активности за подобрување на капацитетите на тимовите за спасување во прекуграничниот регион. Настанот ќе се одржи во просториите на Оперативниот Центар на Планинската спасителна служба во Охрид, ул. Кленоец бр 2А, со почеток од 12:00 ч, на 26 Октомври, 2022 година.
Поради подобра организација на настанот, Ве молиме да го потврдите Вашето присуство и бројот на претставници од Вашата организација/институција, најдоцна до 15:00 часот, во петок 21.10.2022 година, на e-mail: ohrid.ipa2cbc@gmail.com Во очекување на Вашето ценето присуство,
АГЕНДА
Време
11:30 – 12:00 Пристигнување
Поздравни говори
12:00 Г-дин Сашо Точков, Претседател на Црвен крст Охрид
12:05 Г-ѓа Мариа Канелопулу, Прв Советник, Раководител на сектор за
економски прашања, градење институции, прекугранична соработка
12:15 Претставник од Министерството за локална самоуправа на РСМ
12:20 Претставник од Државната агенција за стратешко планирање и
придружна координација од Албанија
12:25 Г-дин Кирил Пецаков, Градоначалник на Општина Охрид, РСМ
12:30 Г-дин Зоран Ногачески, Градоначалник на општина Дебрца, РСМ
12:35 Г-дин Клодијан Таче, Градоначалник на општина Грамш, Албанија
Изјави за медиуми
12:50 – 13:20 Презентација на проектните резултати
Антонио Додевски, Раководител на проект
13:30 Коктел
Со почит,
Проектен тим
Општинските советници дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“
Општина Дебрца заедно со уште девет други општини е вклучена во втората фаза на програмата „Зајакнување на општинските совети“, откако беа избрани преку јавен повик за учество на кој аплицираа 30-ина единици на локалната самоуправа од државата.
Програмата е дел од проектот на Швајцарската агенција за развој и соработка “Зајакнување на општинските совети” , кој што се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ,во соработка со национални и локални партнери.
Во наредните 18 месеци, околу 150 советници од овие општини ќе имаат можност да учествуваат во Програмата за развој на капацитетите на општинските советници која вклучува обуки на вкупно 11 теми поврзани со јавен финансиски менаџмент, просторно и урбано планирање, добро управување и борба против корупција, меѓуопштинска соработка, родова рамноправност, животна средина и справување со кризи на локално ниво.
1Првата обука се одржува денес и утре во Струмица и на истата присуствуваат и членови на советот на општина Дебрца.
Истовремено, секоја од десетте општини ќе има можност да искористи грант во висина од 40.000 до 60.000 долари за проекти кои ќе бидат избрани низ директна консултација со граѓаните преку Форуми на граѓаните.
Дополнително, секоја од овие општини ќе добие финансиска поддршка во висина од 10,000 до 12,000 долари наменети за воведување иновативни алатки за подобрување на отчетноста, транспарентноста и учеството на граѓаните во работата на општинските совети.
Градоначалникот Ногачески упати честитка по повод “11 Октомври”
Денес , 11-ти Октомври, Македонија го слави Денот на востанието, симбол на македонската вековна борба за слобода.
Во таа чест, сите заедно, сплотени, да им ја оддадеме заслужената почит и благодарност на сите храбри борци и учесници во антифашистичкото и народно-ослободителното востание, кои со својата борба и положени животи се вградија во темелите на македонската државност, остварувајќи го вековниот стремеж на македонскиот народ за основање своја самостојна држава.
Нека ни е честит и вековит 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ.
Исплатени субвенциите за купен нов велосипед
Денес на трансакциските сметки на 15 баратели за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипед им се исплатени по 3.000 денари или вкупно 45.000 денари, а согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2022 година, мерка „Живеј здраво – вози точак”, поддршка на рекреативниот спорт и објавениот Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купување велосипед во 2022 година.
Мерката продолжува до 31 Декември 2022 година.
