Select Page
Годишна средба на Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“

Годишна средба на Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“

Градоначалникот Ногачески денес беше гостин на годишната средба на Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“, на која беше презентиран извештајот за сработеното во минатата година, под мотото: „Предвидовме многу, направивме уште повеќе“.
Во своето обраќање до младите акцијаши посебно истакна дека Општина Дебрца останува посветена да ги поддржи сите нивни програмски активности и дека се чувствував почесен кога ми беше предадено знамето на младинската бригада од Дебрца од 1978 година која што беше на Младинската работна акција во Плачковица. Многу ми е мило што гледам многу млади, кои што продолжуваат една традиција која што ние постарите ја знаеме и бевме дел, некои повеќе, некои помалку на тие младински работни акции во поранешната заедничка држава.
Очекувам оваа година во рамките на Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“, да биде формиран клуб на млади акцијаши-волонтери од општина Дебрца.

Василица по традиција одбележана во општината Дебрца

Василица по традиција одбележана во општината Дебрца

Во чест на св. Василиј Велики или меѓу народот познат како Василица , традиционално како и секоја година во општина Дебрца се дели баничка со паричка од страна на кумот кој претходната година го пратеше најмногу среќа и берикет. Кумата Цвета Симеонова Филипоска која беше најсреќна изминатата година истакна дека паричката и донесе многу среќа, здравје и бериќет.

Според стариот обичај, од баничката секој добива по едно парче, а оној кој ќе ја добие паричката ќе има среќа и бериќет во текот на целата година. Ристо Наумоски од Одделението за правни прашања и општи работи е најсреќен во новата година од општинската администрација. Тој од колективот доби неколку подароци меѓу кој и икона со ликот на “Св. Богородица”.

Се верува дека на тој што ќе му падне паричката ќе го прати среќа во текот на целата година.

Градоначалникот Ногачески  на сите православни христијани им го честита празникот Василица и посака многу здравје, среќа и бериќет во Новата 2019 година.

Божиќна честитка од градоначалникот Ногачески

Божиќна честитка од градоначалникот Ногачески

Почитувани сограѓани кои најрадосниот христијански празник, Христовото раѓање-Божик го празнувате според Јулијанскиот календар,
Божик е празник чија симболика и универзални пораки-љубовта, простувањето и милосрдието не потсетуваат да ја обновиме и зајакнеме нашата вера, да ги подобриме меѓусебните односи и заеднички да работиме на создавање на услови за подобар и поквалитетен живот.
Нека празникот на Христовото раѓање биде водилка за сите Нас, на патот на меѓусебното почитување, толеранцијата , љубов и разбирање и да бидеме слободни во своите различности.
Со желби, радоста на Божик Ви донесе среќа и благосостојба во Вашите домови и ги огрее срцата на сите луѓе со добра волја, Ве поздравувам со радосниот поздрав :
Мир Божји – Христос се роди !

Резултати од конкурсот за доделување  на ученички и студенски стипендии

Резултати од конкурсот за доделување на ученички и студенски стипендии

Резултати од конкурсот за доделување  на ученички и студенски стипендии од  конкурсот кој го распиша градоначалникот Зоран Ногачески.

За датумот на врачување на решенијата за доделените стипендии, кандидатите ќе бидат лично известени. Добитниците на стипендии задолжително треба да достават копија од трансакциона сметка на која ќе се врши исплатата, а за малолетните лица задолжително е присуство на родител.

По разгледувањето на документацијата доставена од кандидатите до општина Дебрца, Комисијата изврши селекција на кандидатите, и за стипендисти ги избра :

Во групата стипендисти запишани во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2018/2019 година 

  1. Елена Стојче Наумоска ;
  2. Јована Славе Јоноска ;
  3. Гоце Стојче Наумоски ;
  4. Петар Игор Калески ;
  5. Моника Ѓоко Јонческа ;
  6. Александар Љупчо Ѓорески ;
  7. Магдалена Петре Голабоска ;
  8. Кристина Миле Јорданоска ;
  9. Петар Јоне Илоски ;
  10. Викторија Ристо Петрески ;
  11. Оливер Никола Бутески ;
  12. Сања Сашо Николоски ;
  13. Сара Златко Јолакоски ;
  14. Дане Веселин Кузманоски ;
  15. Марија Кирчо Паункоска.

Во групата стипендисти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2018/2019 година 

  1. Христијан Владо Кузески ;
  2. Теодора Славко Стрезоски ;
  3. Дамјан Томе Левески ;
  4. Виолета Гоце Ристеска ;
  5. Милица Диме Савеска.
Резултати од конкурсот за доделување  на ученички и студенски стипендии

Известување за неработни денови за Новогодишните и Божиќните празници

Согласно  одлуката на Министерството  за труд  и социјална  политика  и препораката на Владата на Република Македонија  за новогодишните и Божиќните  празници Општинската администрација  на Општина  Дебрца нема да работи  во деновите;

1 и 2 Јануари  2019 год.  –  Нова година

7 Јануари 2019 год.  – Рождество Христово  – Божиќ

Општина Дебрца