Select Page
Честитка по повод 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Честитка по повод 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Денес, 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба е потсетник на првата семакедонска организација и нејзината најголема цел да го обедини македонскиот народ и да ја исполни вековната желба за слободна татковина.

На овој ден се потсетуваме на истрајноста и пожртвуваноста на нашите претци, но и одлучноста и нескршливата волја за слобода и независност.

Македонската револуционерна организација е олицетворение на македонскиот непокор преку кој ќе се води бoрбата на сите генерации кои ќе следат до конечно остварување на најголемиот сон за слободна и независна држава.

Честит празник и нека е вечна Македонија !!

 

Свечено отворен Изложбениот центар за Белчишко Блато / Природнонаучна и етнолошка збирка – Општина Дебрца

Свечено отворен Изложбениот центар за Белчишко Блато / Природнонаучна и етнолошка збирка – Општина Дебрца

Денес во село Белчишта свечено беше отворен Изложбениот центар за Белчишко Блато / Природнонаучна и етнолошка збирка.  Изложбениот центар е дел од проектот “Подобрување на конзервацијата  на приоритетните растенија во прекуграничната област”,conse-pp, проект кој општина Дебрца го имплементираше со своите партнери од Македонија и Грција,со средства обезбедени од ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција и во чии рамки беше реконструиран и опремен стариот објект во центарот на село Белчишта,каде е сместен Изложбениот центар.

Во Центарот преку текстови, фотографии и примероци од растенија и животни прикажани се многу сегменти од флората и фауната, со кој располага Белчишкото Блато, најголемото блато, сочувано во неговата оригинерна  форма

Градоначалникот Зоран Ногачески изрази  голема благодарност до Делегацијата на ЕУ во Македонија,која финансиски ја помогна реконструкцијата и опремување на објектот, во кој е сместен Изложбениот центар како и US FOREST Service.

Градоначалникот Зоран Ногачески изрази  благодарност и до Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016”, Охрид,кое заедно со општината годиниве работеше на повеќе проекти за Белчишкото Блато, од кои најзначајни се тие за изготвување на целокупната документација за оправданоста за прогласување на Белчишкото Блато за заштитено подрачје,во категорија “Парк на природата”,постапка која е во тек. Тимот на “Екотуризам 2016”, на чело со Ѓоко Зороски и општинскиот тим се погрижија  за креирање на сите содржини внесени во центарот.

Со отворањето на Центарот општина Дебрца добива уште еден атрактивен простор,преку кој се репрезентира дел од природното богатство на Дебрца,кое е дел од светското природно наследство.

Крајно, нашата заложба е Изложбениот центар да биде дел од промовирањето на Белчишкото Блато до сите засегнати чинители /туристи,посетители,ученици,стручна јавност/, а Белчишкото Блато да го добие заштитениот статус и по националната регулатива и како идно европско заштитено подрачје, во рамките на Натура 2000. Наша обврска останува да се обезбеди негово одржливо управување,зачувување на неговиот заштитен статус,но и негово искористување како атрактивна туристичка дестинација.

Изложбениот простор ќе може да се посети секој работен ден од 8:00 часот до 14:00 часот  со предходна најава во општина Дебрца на телефон 046/286-855

 

Активности на општинската механизација во село Лешани

Активности на општинската механизација во село Лешани

Деновиве со општинската механизација се изврши ископ и затрпување на ров за поставување на црево за водоснабдување и кабел за електрична енергија до црквата “Св.Недела”, како и порамнување на стрмниот дел од патот до црквата “Св.Атанасије”,во село Лешани.

Покана за Свечено отворање на Природнонаучната и етнолошка збирка, Изложбен центар за Белчишко Блато – Општина Дебрца

Покана за Свечено отворање на Природнонаучната и етнолошка збирка, Изложбен центар за Белчишко Блато – Општина Дебрца

Општина Дебрца и Екотуризам 2016 Охрид работеа долги години на истражување и валоризација на Белчишкото Блато. После долги години труд и посветено работење, чест и задоволство ни е да Ви го испрезентираме сработеното.

По тој повод, Ве покануваме на свечено отворање на Изложбениот центар за Белчишко Блато.

Отворањето ќе се одржи на 17.10.2024 г. (четврток) во 12 часот наспроти зградата на Општина Дебрца во село Белчишта.

Креираме вредности кои ќе ги поттикнат младите и локалното население да земат активна улога во заштитување на овој прекрасен предел и да придонесат кон подобрување на своите заедници.

Прилог:

Покана

38-та седница на Советот на општината Дебрца

38-та седница на Советот на општината Дебрца

 

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 38-та седница на Советот на општината Дебрца

 

Ја свикувам 38-та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден  18.10.2024 година (петок) , со почеток во 10.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                        Д Н Е В Е Н     Р Е Д                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                

  1. Усвојување на записник од 37-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Предлог – Одлука за измени и дополнувања на Буџет на ЕЛС Дебрца за 2024 година
  3. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Дебрца за 2024 година
  4. Предлог – Одлука за поништување на Одлуката за долгорочно домашно задолжување на Општина Дебрца во рамки на Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП)
  5. Предлог – Одлука за определување надоместок на надворешен член во комисија
  6. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на цени за собирање, транспортирање и депонирање на конунален отпад од индивидуални корисници – домаќинства и правни лица
  7. Предлог – Одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште

 

Советнички прашања

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседавач,

                                                                                        Крсте Јорданоски