Select Page
Еколошка акција за чистење на плажата „Дебрца“- Село Оровник

Еколошка акција за чистење на плажата „Дебрца“- Село Оровник

На брегот на Охридското Езеро кај селото Оровник започнавме историска еколошка акција за чистење на плажата „Дебрца“.
🤝 Заедно со нашите партнери, ја покажавме силата на заедништвото: Општина Дебрца, АКВАТЕК Охрид, Воден Свет Преспа Охрид и СОС Балкан Медиа Охрид – обединети со една цел – зачувување на нашето езеро.
🌱 Оваа акција е резултат на силна лична заложба и јасна визија – екологијата да не биде само збор, туку конкретна акција со долгорочно влијание.
🗑️ Сликата која ја затекнавме беше загрижувачка – пластика, гуми, текстил и разновиден отпад распослан долж целиот брег, дел и во самото езеро, како директна закана за биодиверзитетот.
🚛 Само во првиот ден успеавме да собереме над 12 кубни метри отпад – јасен доказ дека кога се работи заедно, резултатите се видливи.
🌍 Охридското Езеро е светско природно наследство на УНЕСКО и наша должност е да го заштитиме и сочуваме за идните генерации.
🤿 Утре продолжуваме со уште поважен чекор – за прв пат во историјата на Општина Дебрца ќе се реализира подводно чистење на дното на езерото кај оваа плажа.
📍 Плажата „Дебрца“ кај Оровник има огромен потенцијал – природна убавина, мирна околина и уникатен поглед кон аеродромот „Свети Апостол Павле“ – простор кој заслужува да стане нова туристичка атракција.
💬 „Охридското Езеро е природно наследство на целото човештво. Наша должност е да го предадеме почисто отколку што го добивме.“
🚀 Ова не е еднократна акција – ова е почеток на нова ера за плажата „Дебрца“ и за нашата општина.
🙏 Благодарност до сите вклучени – ова е пример како се гради иднината!
Уредување на патот до споменикот во Српница – село Лешани

Уредување на патот до споменикот во Српница – село Лешани

Со тешка механизација работевме на уредување на патот до споменикот во Српница.
 Извршивме чистење на крајпатната вегетација.
 Опфатен е дел во должина од 6 километри.
 Продолжуваме со активности за подобрување на инфраструктурата во општина Дебрца.
Известување до населени места Ботун, Злести, Ново Село и Песочан за распоред за подигање на комунален отпад поради неработен ден Петок 20.03.2026 година

Известување до населени места Ботун, Злести, Ново Село и Песочан за распоред за подигање на комунален отпад поради неработен ден Петок 20.03.2026 година

ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места Ботун, Злести, Ново Село и Песочан дека поради неработниот ден 20.03.2026г Петок (државен празник Рамазан Бајрам), комуналниот отпад ќе се подигне во Понеделник на 23.03.2026г.

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општинa Дебрца, Ве поканува да присуствувате на јавна расправа по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општинa Дебрца, Ве поканува да присуствувате на јавна расправа по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општинa Дебрца, Ве поканува да присуствувате на јавна расправа по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа.

Јавната расправа ќе биде организирана на 07 Април 2026  (вторник), со почеток во 11:00 – 13:15  часот во сала на сотаноци во општина Дебрца.

Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk).

Коментари/мислења/сугестии по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа може да доставите писмено до Министерство за животна средина и просторно планирање на следнaва поштенска адреса: Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје како и на следнава емаил адреса infoeko@moepp.gov.mk,  најкасно 10 дена по одржување на јавната расправа.

Ве молиме Вашето учество на јавната расправа да го потврдите на следната електронска адреса: skj.mzspp@gmail.com или кај Дијана Соколовска на: +389 76 233 020.

http://https://www.moepp.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/pokana-za-javna-rasprava-po-nacrt-na-zakon-za-proglasuvanje-na-belcisko-blato-za-zastiteno-podracje-vo-kategorija-iv-park-na-priroda

 

ЈАВЕН ПОВИК  за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на  Управен одбор на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта

ЈАВЕН ПОВИК за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на  Управен одбор на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта

Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“, број 5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр. 202/24), член 17-а став 2 од Законот за Јавните претпријатија („Службен весник на РМ“ број 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на РСМ“ бр. 275/19, 89/22, 274/22, 208/24 и 193/25), како и Правилникот за формата и содржината на Јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на Управен и Надзорен одбор на Јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците з пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на РСМ“ бр. 213/2024) и  член 21 од Статутот на општината Дебрца („Службен гласник на општината Дебрца“, број 3/2005), а по предлог на Градоначалникот, Советот на општината Дебрца, објавува :

 

ЈАВЕН ПОВИК

за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на  Управен одбор на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта

 

  1. Предмет на Јавниот повик

 

Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на членови на Управен одбор на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта.

Постапката ќе се спроведе согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на Управен и надзорен одбор на Јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на РСМ“ број 213/2024)

 

  1. Право на учество

 

            Право на учество имаат сите лица кои ќе пројават интерес за пријавување на кандидати кои ги исполнуваат условите во Јавниот повик.

Јавниот повик со сите услови се објавува на веб страната на Општина Дебрца www.debrca.gov.mk и на веб страната на ЈПКД „Дебрца“.

 

  1. Услови кои треба да се исполнат согласно Законот за Јавни претпријатија

 

За члено на Управен одбор на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта може да биде лице кое ги исполнува следните услови :

– е државјанин на Република Северна Македонија ;

– има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование ;

– во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност, должност.

 

Членовите на Управниот одбор на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта, треба да имаат најмалку 5 години работно искуство, и тоа :

– најмалку еден член на Управниот одбор со работно искуство од областа на финансиско работење и

– најмалку еден член на Управниот одбор со работно искуство од областа на правните работи.

 

  1. Начин на пријавување на Јавниот повик

 

            Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација :

– Образец за пријавување ;

– Кратка биографија ;

– Уверение за државјанство ;

– Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование ;

– Доказ дека во моментот на именување со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност ;

– Доказ дека има најмалку пет години работно искуство од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на РСМ ;

– Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон.

Документите треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на општина Дебрца с.Белчишта, со назнака : За Јавен повик за пројавување интерес на кандидати за избор на членови на Управен одбор на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта.

 

  1. Рок на пријавување

 

            Јавниот повик се објавува на ден 16.03.2026 година и трае 5 (пет) дена, односно најдоцна до 20.03.2026 година.

Непополнетата пријава како и некомплетна докуентација и документација доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Прилог:Одлука за Јавен повик за управен одбор

 

 

                                                                                                                                                 СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

 

Број 08-318/7                                                                                                                 ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТ НА ОПШТИНА

13.03.2026 година                                                                                                                               Иван Стрезоски 

с.Белчишта