May 24, 2024
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 33-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 33–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 28.05.2024 година (вторник) , со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 32-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за измени и дополнувања на Буџет на ЕЛС Дебрца за 2024 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2024 до 31.03.2024 година
- Предлог – Програма за уредување на градежно емјиште во Општина Дебрца за 2024 година
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Никола Короскоски
May 22, 2024
Денес, на Светскиот ден на биолошката разновидност, во Општина Дебрца беше одбележан 22 мај – Меѓународниот ден на биолошката разновидност . Настанот беше во организација на Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016”, во кој заедно со вработени во Општина Дебрца и локални жители реализираа низа активности.

Притоа беше изведено теренско набљудување и регистрирање видови од растителниот и животинскиот свет на неколку локалитети – Сини Вир меѓу Ново Село и Белчишта, како и изворите Горно Поле кај с. Велмеј. Исто така беше организирана и обука за запознавање и собирање лековити и ароматични билки и плодови од природата со кои изобилува Дебрца. Слични активности се планираат во наредниот период за пошироката јавност.

Активностите се поддржани од US Forest Service и тековните проекти кои Ектоуризам 2016 го спроведува со општина Дебрца, а се со цел истражување на природните богатства и нивно одржливо искористување за развој на општината.
May 20, 2024
Денес започнаа активности за уредување на речното корито во с.Белчишта во должина од 150 метри, со уредувањето се предвидува расчистување на теренот од вегетација поставување на сепариран дробен камен, поставување на арматурна мрежа, бетонирање на дното на каналот и санирање на оштетени делови од постоечкото корито.

Средства за уредување на речното корито се обезбедени од буџет на општина Дебрца.
Општината во наредниот период започнува со проекти на повеќе локации во општината и тоа:
-Реконструкција на поранешна продавница во село Ботун;
-Реконструкција на Административната зграда на општината со целосна реконструкција на големата сала за состаноци во општината;
-Набавка на нова пумпа за пумпната станица во село Мешеишта и санација на резервар за вода;
– Реконструкција на кровна конструкција на задружен дом во село Годивје;
– Поставување на улично осветлување до манастирот св.Богородица село Ботун;
May 17, 2024
Општина Дебрца, ЈКП ,Дебрца” и ООУ ,,Дебрца” успешно ја спроведоа акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, за собирање и чистење на отпад Во организација на “МЕН EНД МАУНТЕН.
Aкција се одржа во Училишниот двор на ООУ,, Дебрца”- село Мешеишта, група составена од Учениците на ООУ,, Дебрца” Наставниците техничкиот пероснал на ООУ,,Дебрца” и Дел од Аминистрацијата на Општина Дебрца заеднички пристапија на чистење на главната улица од влезот на село Мешеишта, полигонот за спорт, училишниот двор како и паркот пред училишниот двор на ООУ ,, Дебрца”.

Учениците соодветно го собираа одпадот со што воедно се запознаа и со можностите за негова селекција.

Собраниот одпад е соодветно складиран и истиот ќе биде подигнат од страна на ЈКП ,, Дебрца “ и соодветно депониран.

Општината и понаката ќе ги подржува ваквите акции бидеќи Грижата за животната средина е наша обврска !!!.
May 17, 2024
Врз основа на член 84 став 1 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија” број 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15, 27/16 ,119/16, 21/18, 113/18, 124/19 и 103/21 ) и Годишната програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2024 година, број 01-1341/5 , од 13.11.2023 година, Градоначалникот на општина Дебрца, распишува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
За работно ангажирање на невработени лица по Годишната програма за јавни работи за 2024 година
1.Општина Дебрца има потреба од работно ангажирање на 1 општ работниk ( ракувачи со моторна пила, тример, косачка за трева ), за времетраење до 31.12.2024 година, за извршување на јавни работи и тоа –Одржување на јавната инфраструктура ( одржување-чистење на крајпатната вегетација на општинските патишта и улици, санација од помали размери на општинските патишта и улици, одржување на насипи, канали, водоводни и канализациони мрежи и други објекти од општ интерес, подобрување на условите за живеење и други работи), Одржување и заштита за животната средина и природата ( чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита, канали, одводи, јавни површини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалските игралишта, монтажа и одржување на опремата во парковите и јавните детски игралишта, развој на селските подрачја и други работи).
2. Право да се пријават имаат долгорочно eвидентирани невработени лица, ниско квалификувани невработени лица, повозрасни невработени лица ( над 55 години ) и други лица од евиденција на невработени.
Невработеното лице ќе биде ангажирано согласно член 83, 84 и 85 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.
За време на ангажирањето на лицето ќе му се обезбеди финансиска поддршка, односно месечен нето паричен надоместок во износ од 900 денари дневно, со платен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.
На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општината и невработените лица.
3.Заинтересираните кандидати потребно е да достават:
-Пријава и
-Потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени.
4.Огласот трае од денот на објавувањето на веб страницата на општина Дебрца, www.debrca.gov.mk , до 23.05.2024 година.
5.Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Дебрца, секој работен ден од 07.30-15.30 часот.
Пријава
ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Зоран Ногачески