Select Page
Јавен Повик За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2024 година, мерка “Живеј здраво – вози точак”

Јавен Повик За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2024 година, мерка “Живеј здраво – вози точак”

Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Дебрца за субвенционирање на физички лица за купен велосипед во 2024 година, број 01-363/1, од 21.03.2024 година и Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2024 година ( „Службен гласник на општина Дебрца”, број 12/23 ) се објавува следниот : 

ЈАВЕН ПОВИК

За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2024 година

  1. Опис на јавниот повик

1.1. Општина Дебрца, со цел да ги стимулира жителите на општината за користење на велосипеди и поттикне рекреативниот спорт, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во 2024 година ќе им надомести дел од трошоците направени за купување на велосипед ( во понатамошниот текст: субвенција ).

1.2. Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2024 година, мерка “Живеј здраво – вози точак”, поддршка на рекреативниот спорт, обезбедени се средства за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипед, во вкупен износ од 200.000 денари.

1.3. На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени за купување  на велосипед, во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари и вклучен персонален данок на доход .

1.4. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот  „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учество на Јавниот повик

2.1.Право на субвенција имаат физички лица, жители на општина Дебрца, кои ќе купат нов велосипед во 2024 година и кои ги исполнуваат условите од јавниот повик.

     3.Услови за користење на субвенцијата

3.1.Барателот треба да ги исполнува следните услови:

-да е жител на општина Дебрца,

-да нема добиено субвенција за купување на велосипед на друг јавен повик, од било кој друг извор,

– велосипедот да го купил во било кој продажен салон во државата , во 2024 година, од 01.01.2024 година до денот на завршување на јавниот повик, односно до искористувањето на финансиските средства обезбедени по овој основ, а најдоцна до 31.12.2024 година.

   4.Начин на пријавување на Јавниот повик

4.1. Барателот е должен да ја поднесе следната документација за исполнување на услови за добивање субвенција:

-барање за субвенција, кое  може да се подигне во архивата на општината или електронски на веб страницата на општина Дебрца (www.debrca.gov.mk),

-копија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на општина Дебрца,

-копија од трансакциска сметка,

-доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од 01.01.2024 година до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на искористување на средствата по овој основ,а најдоцна до 31.12.2024 година,

– изјава дека нема искористено право на субвенција за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој друг извор во Република С. Македонија.

4.2. Едно физичко лице / барател  може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за еден велосипед.

4.3.Барањата за  користење на субвенција можат да се поднесуваат од  денот на објавувањето на јавниот повик до денот на искористувањето на финансиските средства обезбедени по овој основ, а најдоцна до 31.12.2024 година.

4.4. Барањата, со потребната документација се поднесуваат до Комисијата за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипеди во 2024 година, со адреса:  општина Дебрца, 6344 село Белчишта, по пошта или лично во архивата на општината, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците на физички лица за купување велосипед”.

4.5. Архивата на општината примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување ( датум, час и минута ), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

5.Начин на спроведување на Јавниот повик

5.1. Некомплетните барања комисијата ќе ги отфрли и истите нема да бидат предмет на понатамошна постапка.

5.2.Градоначалникот на општината, на предлогот на Комисијата донесува решение за одобрување на барањето, за барателите кои ги исполниле условите од јавниот повик.

5.3.Градоначалникот на општината, на предлог на Комисијата донесува решение за одбивање на барањето,за барателите кои не ги исполниле условите од  јавниот повик.

5.4.Исплатата на средствата на барателите за чии барања е донесено решение за одобрување ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати и одобрени барања, во рок од најдоцна 30 дена од денот на донесувањето на решението за одобрување.

5.5.Општината, во зависност од динамиката на поднесени барања, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 31.12.2024 година.

5.6.Доколку бидат искористени предвидените финансиски средства, општината на својата веб страница ќе го објави завршувањето на јавниот повик.

Прилог барање:

Барање

ОПШТИНА ДЕБРЦА

Комисија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипеди во 2024 година

1.Даниел Паункоски -претседател

2.Даниела Мицева – член

3.Билјана Суклоска-Милошеска – член

Се одржа работилница за изработка на првиот Интегриран локален развоен план (ИЛРП)

Се одржа работилница за изработка на првиот Интегриран локален развоен план (ИЛРП)

Денес се одржа работилница за изработка на првиот Интегриран локален развоен план (ИЛРП) на Општина Дебрца. На работилницата е утврдено дека општина Дебрца е специфична општина, со 30 населени рурални места, со огромен потенцијал за развој на (еко) туризам.

На работилницата, покрај претставниците од Локалниот развоен тим од Општина Дебрца, учествуваа претставници од локалните училишта, жители од повеќе населени места во општината, земјоделци, пчелари, преработувачи. Заедно, се обидуваа да дадат насоки за успешен, одржлив развој на општината.

Во наредниод период од странa на преставниците SEG Holding ќе се изработи SWOT анализа каде ќе бидат вметнати сите предложени мислења на присутните.

Оваа активност се спроведува во рамки на програмата „Зајакнување на општинските совети“, финансирана од Швајцарската влада преку Embassy of Switzerland in North Macedonia и Министерство за локална самоуправа а ја кофинансира и спроведува UNDP MK во соработка со национални и локални партнери.

Резултати од конкурсот за доделување на стипендии на одличните ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебна 2023/2024

Резултати од конкурсот за доделување на стипендии на одличните ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебна 2023/2024

Комисијата составена од: Билјана Суклоска како претседател-вработена во општина Дебрца, Даниел Паункоски како член-вработен во општина Дебрца и Никола Короскоски советник при советот на општина Дебрца, формирана со Решение бр.  09-110/1 од 05.02.2024 година, изврши увид на поднесените документи од страна на кандидатите и согласно  конкурсот за доделување стипендии на  одлични ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Репулика Македонија за учебната 2023/2024 година.

утврди дека ги исполнуваат условите следните кандидати:

1. Мирческа Зоран Ивана

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

2. Нелоски Симе Лео

– комплетна документација согласно објавениот конку

3.  Андоноски Гоце Еразмо

-комплетна документација согласно објавениот конкурс

4. Андоноска Гоце Марија

-комплетна документација согласно објавениот конкурс

5.  Целакоска Илија Емилија

-комплетна документација согласно објавениот конкурс

6 . Жилеска Панче Марија

-комплетна документација согласно објавениот конкурс

7. Нелоска Игор Анабела

-комплетна документација согласно објавениот конкурс

8. Дуклески Драган Александар

-комплетна документација согласно објавениот конкурс

9. Бујароска Сашо Климентина

-комплетна документација согласно објавениот конкурс

10. Жилеска Панче Вера

-комплетна документација согласно објавениот конкурс

11. Каланоски Павел Славица

-комплетна документација согласно објавениот конкурс

12. Донески Гоце Филип

-комплетна документација согласно објавениот конкурс

13. Гегоски Влатко Антонио

-комплетна документација согласно објавениот конкурс

14. Печоска Ромео Викторија

-комплетна документација согласно објавениот конкурс

15. Велјановски Стојмир Михаил

-комплетна документација согласно објавениот конкурс

 16. Силјаноска Александар Јана

-комплетна документација согласно објавениот конкурс

17. Маркоска Даниел Ана Марија

-комплетна документација согласно објавениот конкурс

18. Дуклеска Владо Јана

-комплетна документација согласно објавениот конкурс

Резултати од конкурсот за доделување на стипендии редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватни универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиска 2023/2024

Комисијата составена од: Билјана Суклоска како претседател-вработена во општина Дебрца, Даниел Паункоски како член-вработен во општина Дебрца и Никола Короскоски советник при советот на општина Дебрца, формирана со Решение бр.  09-110/1 од 05.02.2024 година, изврши увид на поднесените документи од страна на кандидатите и согласно  конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2023-2024 година, утврди дека ги исполнуваат условите следните кандидати:

  1. Митреска Зоран Зорица

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1. Блажески Дончо Мери

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1.  Велјановски Стојмир Кристијан

-комплетна документација согласно објавениот конкурс

4.  Јосифоска Страшо Марија

-комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1.  Силјаноски Александар Алекс

-комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1.  Наумоски Јонче Петар

-комплетна документација согласно објавениот конкурс

Потсетување до граѓаните и правните лица за подмирување на своите обврски по основ на данок на имот и комунална такса

Потсетување до граѓаните и правните лица за подмирување на своите обврски по основ на данок на имот и комунална такса

Ги потсетуваме граѓаните и правните лица дека се должни да ги измират своите обврски по основ на данок на имот и комунална такса.

Во наредниот период, општинската даночна администрација до сите даночни обврзници-должници по основ на данок на имот и комунална такса ќе достави последни опомени со дополнителен примерен рок за плаќање на заостанатите обврски,кои ги имаат заклучно со 31.12.2023 година.

Со оглед на тоа да во изминатиот период не сме користеле присилна наплата апелираме до даночните должници да постапат по опомените и да ги измираат своите обврски во примерниот рок, како не би се изложиле на дополнителни трошоци за присилна наплата, мерка на која сме обврзани согласно законот за даноците на имот.

За сите дополнителни информации можете да се обратите до општинската даночна администрација.