Select Page
Известување до граѓаните на село Волино

Известување до граѓаните на село Волино

Се известуваат граѓаните на село Волино дека поради изведување на градежни работи на коловозната лента (бетонирање, тампонирање и подготовка за асфалтирање ) на главната влезна улица во селото, од центарот до мостот на каналот на река Сатеска, во правец на село Требеништа, улицата целосно ќе биде затворена за сообраќај и тоа:

Среда, 15.11.2023 година, во временскиот период од 07.00-07.00 часот наредниот ден;

Четврток, 16.11.2023 година, во временскиот период од 07.00-17.00 часот ;

Петок, 17.11.2023 година, во временскиот период од 07.00-17.00 часот .

Се молат граѓаните да го почитуваат новиот режим на сообраќај и за излез и влез во Волино да ги користат алтернативните патишта за Мешеишта, Корошишта и Мороишта, во зависност од релацијата кон која имаат намера да се движат.

Советот на општина Дебрца  ја одржа редовната 26-та седница

Советот на општина Дебрца ја одржа редовната 26-та седница

Советот на општина Дебрца денес ја одржа редовната 26-та седница.

Советот ја констатира оставката на претседателот Илчо Алексоски, кој од лични причини поднесе оставка на функцијата претседател на советот на општина Дебрца.

За нов претседател на советот со 6 гласа “за” и 5 гласа “воздржан” избран е Никола Короскоски, советник од советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Советот на денешната седница ги усвои измените и дополнувањата на Буџетот на општината за 2023 година, кварталниот извештај за остварувањето на Буџетот на општината за периодот од 01.01.- 30.09.2023 година, како и 12 годишни програми за 2024 година од негова надлежност.

Со низа свечености одбележан јубилејот- 80 години од формирањето на Првата Македонска-косовска ударна бригада , на 11 Ноември 1943 година  и Патронен празник на ООУ Дебрца – Белчишта

Со низа свечености одбележан јубилејот- 80 години од формирањето на Првата Македонска-косовска ударна бригада , на 11 Ноември 1943 година и Патронен празник на ООУ Дебрца – Белчишта

Со полагање свежо цвеќе, историски час и посета на Спомен собата, денес во село Сливово се одбележа јубилејот- 80 години од формирањето на Првата Македонска-косовска ударна бригада , на 11 Ноември 1943 година.

Македонија е држава која е родена на придобивките на НОБ,олицетворени преку историските одлуки на АСНОМ, во 1944 година ,кои практично претставуваат остварување на вековните идеали на македонскиот народ за создавање на своја државност и самостојност.

Тие придобивки во голема мера се исковани во Дебрца, првата слободна територија во НОБ, која жестоко се спротивставила на фашизмот.

Затоа, наша и на идните генерации света должност е тие придобивки да ги чуваме и негуваме, бидејќи на тој начин си ја чуваме државата истакна градоначалникот Ногачески.

Денешниот ден е и Патронен празник на ООУ Дебрца – Белчишта,а учениците и наставниците по тој повод со пригодна свеченост под мотото “Ние сме деца на иднината”го одбележаа патрониот празник.

 

 

Во тек е доизградба на последната фаза од  канализациониот систем во село Волино изградба на пумпната станица број 3

Во тек е доизградба на последната фаза од канализациониот систем во село Волино изградба на пумпната станица број 3

Во село Волино во тек е последната фаза од доизградба на канализациониот систем /изградба на пумпната станица број 3 /,со што целосно ќе биде завршена изградбата на овој систем.

Вкупната вредност на работите од оваа фаза изнесува 2.831.604 денари од кои од Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмата за инвестирање во животната средина за 2023 година, обезбедени се 2.000.000 денари, а 831.604 денари се обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.

Во село Лешани привршува првата фаза од изградбата на уличната канализациона мрежа. Вкупната вредност на работите од оваа фаза изнесува 15.682.500 денари, а средствата се обезбедени од концесијата на ТАВ, кои Владата ги пренамени за инфраструктурни проекти во општините.

Со одлука на Владата за распределба на средства за проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Македонија на општина Дебрца се одобрени вкупно 537.644 евра неповратни / грант средства за изградба канализациона мрежа во село Требеништа,а која ќе започне во првите месеци на 2024 година.

Согласно одлуките на советот на општината до Министерството за животна средина аплицирани се и проектите- за изградба на канализациона мрежа во село Велмеј,со пречистителна станица во село Грко Поле и за доизградба на канализационата мрежа во село Мешеишта.