Apr 22, 2025
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 45-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 45–та седница на Советот на општината Дебрца.
Седницата ќе се одржи на ден 24.04.2025 година (четврток), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 44-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2024 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Завршни сметки за 2024 година за Центарот за развој на Југозападен плански регион
- Предлог – Одлука за прогласување на природна непогода на дел од територијата на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за субвенцонирање на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – Белчишта
- Извештај за работењето на ЈПКД „Дебрца“ од 01.09.2024 – 31.03.2025 година
- Предлог – Одлука за одобрување финансиска помош за семејства на починатите и повредените лица во пожарот во Кочани
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Крсте Јорданоски
Apr 22, 2025
Деновиве во село Оровник заврши изградбата на детското игралиште/катче кај селската чешма, на изградбата и предходеше поставување на гумена подлога, поставување на детски реквизити, обложување на влезни скали со камени плочки и поставување на корпи за одпадоци.
Средствата за изградбата се обезбедени од Буџетот на Општина Дебрца.
Apr 20, 2025
Почитувани сограѓани – православни христијани,
Христовото Воскресение, како најторжествен христијански празник, кога ја славиме победата на животот над смртта, нека Ви донесе радост, среќа, спокој и благосостојба во Вашите домови, како и здравје, достоинствен живот и хармонија во Вашите семејства.
Упатувајќи срдечни честитки, на сите верници Ви посакувам среќни и благословени празнични денови, исполнети со радост, среќа и благодат.
Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник Велигден !
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
Apr 16, 2025
ЈПКД ДЕБРЦА ги известува сите жители дека поради неработните денови петок 18.04.2025 година и понеделник 21.04.2025 година, нема да се врши собирање смет од домовите.
Собирањето се пролонгира за еден ден и ќе се изврши согласно следниот распоред:
– Рутата која беше планирана Петок 18.04.2025 ќе се собира ден порано и тоа Четврток 17.04.2025 година.
– Рутата која беше планирана за Понеделник 21.04.2025, ќе се собира ден подоцна во Вторник, 22.04.2025 година.
Причината за оваа промена е неработните денови по повод Велигденаките Празници.
Ви благодариме за разбирањето.
Со почит
ЈПКД-Дебрца
Apr 16, 2025
Јавното претпријатие за комунални дејности (ЈПКД) „Дебрца“, во соработка со Општина Дебца, изврши косење во село Волино
Со помош на Општина Дебрца и безрезервна подршка во целиот период , ЈПКД Дебрца постигна договор со изведувачот на автопатот Охрид – Кичево, „Синохидро“, за изведба на водовод на 4 траси (локации):
- Клучка Подмоље
- Горенци – Требеништа
- Влез Требеништа (рушење на мостот и поставување инсталација под мостот и трајно решение за водоснабдувањето во Село Волино)
- Ново Село
Вредноста на договорот изнесува 1.000.104 денари (со ДДВ).
Ова е прв договор од ваков обем за нашето претпријатие, кој ќе придонесе за нормализирање и поуспешно и поефикасно функционирање.
Јавното претпријатие за комунални дејности (ЈПКД) „Дебрца“, во соработка со Општина Дебца, изврши косење на игралиштето во село Лешани
Јавното претпријатие за комунални дејности (ЈПКД) „Дебрца“, во соработка со Општина Дебца, изврши косење во село Белчишта.
Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, заврши со реализација на поставување и промена водоводен крак во должина од 60 метри во село Лешани кој постојано се појавуваја дефеци поради дотраеност на водоводна инсталација. Сега е заменета во целост со нова.
Јавното претпријатие за комунални дејности (ЈПКД) „Дебрца“, во соработка со Општина Дебца, изврши косење во село Мешеишта кај полигонот и играчките и продолжува и во наредните дена странично косење.
Apr 14, 2025
Стотина вљубеници на планинскиот велосипедизам, од цела Македонија ја одржаа Четвртата велосипедска тура во Дебрца, која годинава во организација на Здружението за планински велосипедизам Rupicapra MTB Adventure team се вози од село Лактиње до Славеј Планина.
Градоначалникот Зоран Ногачески Поздравувајќи ги учесниците на планинска велосипедска тура, посебно истакна дека општина Дебрца располага со доста неоткриени природни убавини, кои што се привлечни за љубителите на природата, екологисти, планинари, а во поново време и љубители на планински велосипедизам.

На учесниците им посака успешен настан, посебно да ја почуствуваат недопрената природа и притоа да се напојуваат од слободарскиот дух на овој крај.
Посебна благодарност изрази до Амбасадата на СРГерманија во Македонија,која преку програмата за мали проекти го поддржа проектот „Патеки на откривање“.
Проектот ,,Патеки на откривање” е имплементиран од страна на здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ Струга,а со кој се маркираа шест велосипедски патеки,со вкупна должина од 210км, на планините Стогово,Караорман,Илинска и Славеј Планина.
Општина Дебрца во целост го поддржува овој спортско-рекреативен настан, бидејќи преку истиот се промовираат здравиот начин на живот, природните убавини, историското и културното наследство на општината.