Select Page
Остварена работна средба за проектот на УСАИД  зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка помеѓу општините и приватниот сектор

Остварена работна средба за проектот на УСАИД зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка помеѓу општините и приватниот сектор

 

Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески и преставници на општинската администрација остварија работна средба со преставник од УСАИД во врска со проектот  за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка помеѓу општините и приватниот сектор.

На работната средба се разгледуваа можностите за зајакнување на капацитетите на општината за проширување на соработката со приватниот сектор, можностите за инвестирање на територија на општина Дебрца како и разгледување на можноста за формирање на локален економски совет  и надоградување на стратешкиот план за интегриран локален економски развој .

Покана за втора форумска сесија од проектот ” Зајакнување на општинските совети“

Покана за втора форумска сесија од проектот ” Зајакнување на општинските совети“

Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП,  Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, започна со реализација на  Проектни форуми во заедницата.

Ви благодариме за присуството и активното учество во првата форумска сесија.

Втората форумска сесија ќе се одржи на 15.03.2023 (среда) со почеток во 10:00 часот, во просториите на ООУ „Дебрца“ с. Белчишта.

Вашето присуство на втората форумска сесија е многу значајно за успешноста на форумот, бидејќи на втората сесија ќе се дискутираат концептите на проектите во кои се содржани решенијата на идентификуваните проблеми од првата форумска сесија.

Прилог: Дневен ред

                         Со почит:

Градоначалник на Општина Дебрца

Зоран Ногачески

Покана за прва форумска сесија во рамки на проектот “Зајакнување на општинските капацитети”

Покана за прва форумска сесија во рамки на проектот “Зајакнување на општинските капацитети”

Општина Дебрца во рамките на проектот ” Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП,  Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, почнува со реализација на  Проектни форуми во заедницата.

Ни претставува посебна чест и задоволство да ве поканиме да учествувате на првата форумска сесија која ќе се одржи на 01.03.2023 година (среда)  со почеток од 10:00 часот, во Школото на ОУ,,Дебрцасело Белчишта.

На првата форумска сесија учесниците ќе се запознаат со форумскиот процес и ќе дискутираат за приоритетните проблеми поврзани со стратешките области за развој со кои се соочува општина Дебрца од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти.

Вашето присуство и активно учество ќе биде од особено значење и ќе придонесе за успешна реализација на  форумски процес во заедницата и подобрување на животот во Општината.

Прилог: Дневен ред

Прилог: Покана

                 Со почит: 

Градоначалник на Општина Дебрца

Зоран Ногачески

IPA CBC MK-AL: Свечено отворање на Планинската куќа во с.Брежани

IPA CBC MK-AL: Свечено отворање на Планинската куќа во с.Брежани

Почитувани,

Со особена чест и задоволство Ве покануваме на отворањето на Планинската куќа Брежани, реконструирана во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од ЕУ, Програма за прекугранична соработка со Република Албанија и Министерството за Локална самоуправа на Република Северна Македонија. Настанот ќе се одржи во село Брежани, општина Дебрца, на 30.09.2022 год., со почеток од 11:30 ч.

Покана и агенда во прилог.

Покана и агенда за настанот

Oфицијално отворен новиот Изложбен центар на Белчишкото блато

Oфицијално отворен новиот Изложбен центар на Белчишкото блато

Денес во Белчишта со пригодна свеченост и официјално беше отворен новиот Изложбен центар на Белчишкото блато.  Новата зграда беше реконстуирана со грант во рамките на пограничниот проект помеѓу Грција и Македонија под работен наслов „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓуграничната област – CONSE PP“.
Пред свеченоста градоначалникот Ногачески имаше свое поздравно обраќање каде уште еднаш ја потенцираше важноста и значењето на ваквите погранични проекти, особено ја нагласи благодарноста до Европската унија што овој проект го препозна како еден од најуспешните проекти и даде можност за афирмација на еден од најзачуваните блатни системи во Македонија – Белчишкото блато.
Во овој Проект општина Дебрца е партнер заедно со Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменската област “Јасен” и Шумарскиот факултет, од македонска  страна и општина Терми и националната организација за земјоделски науки “Деметер” Солун,од грчка страна.
Проектот е финансиран од Европската Комисија, Interreg IPA-Cross Border Cooperation Programme MK GR ( 85 % ) и Министерството за локална самоуправа на РМ ( 15 % ).
Целта на Проектот беше да се обезбеди одржливо управување со заштитените области, екосистемите и биодиверзитетот.
-Со Проектот за општина Дебрца обезбеди вкупно 219.555,79 ЕУР, кои се искористија за повеќе проектни активности, како што се:
-подготовка на оригинални слики и видеа од локална флора во Белчишкото Блато, развој на мобилна андроид апликација и реконструкција на објект во село Белчишта и негова адаптација во изложбен објект / музеј за флората на Белчишкото Блато.
Во својот говор градоначалникот Ногачески посебно го истакна задоволството што и општина Дебрца е партнер во овој проект и дека истиот е во функција на заложбите Дебрца ( во случајов Белчишкото Блато “Сини Вирој” ) да прерасне во атрактивна еко туристичка дестинација.
Ова е прв проект од прекугранична соработка во кој учествува општина Дебрца и преку кој се стекна со нови искуства во процесот на аплицирањето и имплементација на ваков тип на европски проекти.
Во Волино се одржа Јавната расправи по Студијата за проектот: “Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно

Во Волино се одржа Јавната расправи по Студијата за проектот: “Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно

Вчера (петок) во просториите на Центарот на Месната Заедница во Волино, се одржа Јавната расправи по Студијата  за оцена на влијание врз животната средина за проектот: “Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито“, општина Дебрца.

На состанокот преставници од Министерството за Животна средина  и проектните кординатори ја презентира Студијата и значењето на истата пред засегнати страни како и жителите на село Волино.

Присутните имаа можност од прва рака со свои забелешки и сугестии да укажат по текстот на студијата.

Со проектот се предвидува враќање на р.Сатеска во нејзиното природно корито. Вкупната должина на коритото од разделната градба до вливот во Црн Дрим е 7796m и оваа должина припаѓа во две општини, општина Дебарца и општина Струга .

Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk , и  во општина Дебрца.

Секое лице, органите на државната управа, градоначалниците на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, можат да го достават своето мислење, во писмена форма, до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина.