Select Page
Заврши реконструкцијата-поставување на нов асфалтен слој во центарот на селото  Лактиње

Заврши реконструкцијата-поставување на нов асфалтен слој во центарот на селото Лактиње

Во село Лактиње завршена е реконструкцијата-поставување на нов асфалтен слој во центарот на селото, во површина од околу 1140 м2.

На активностите му предходеше отсранување на стариот оштетен асфалтен слој, поставување и припрема на теренот со нанесување на тампон  набивање и валирање на теренот и поставување на асфалтен слој.

Исто така извршена е санација со асфалтен слој на мостот на патот за село Годивје,во површина од околу 120 м2.

Продолжуваме во село Велмеј, каде ќе се асфалтира една улица,во должина од 110 метри и реконструкција/поставување на нов асфалтен слој на спортското игралиште пред селскиот дом.

 

Завршено е тампонирањето на повеќе пристапни и полски патишта и улички во општина Дебрца

Завршено е тампонирањето на повеќе пристапни и полски патишта и улички во општина Дебрца

Во изминатиот период завршено е тампонирањето на повеќе пристапни и полски патишта и улички во општина Дебрца и тоа:

Во село Врбјани тампонирани се две улички, во должина од околу 120 метри.

Тампониран е патот во местноста “Средно Поле”, КО-Лешани,на потегот од асфалтираниот пат за село Грко Поле до поранешната воденица, во должина од околу 570 метри.

Во село Ново Село извршено е пробивање, чистење од околните дрвја,порамнување, валирање на подлото и тампонирање на патот од црквата Св.Богородица до изворите на блатото, во должина од околу 1 км.

Во село Волино тампониран е пристапен пат,

во должина од околу 750 метри, во местноста “Аџица”,со што се поврзуваат двете долномаалски улици во селото, односно патот во правец на село Ливада со патот во правец на село Мороишта.

Тампониран е патот од село Сошани до црквите “Св.Ѓорѓија” и “Св.Никола Талалеј “, во должина од 1 км

Тампониран е патот до црквата “Св.Атанасије”,село Сливово,во должина од околу 550 метри.

Во село Издеглавје со гребен асфалт тампониран е патот до црквата “Св.Димитрија”, во должина од 1 км.

Тампониран е полски пат од местноста “Врпче” до местноста “Ѓорамидница”, КО Волино, во должина од 1,1 км.

Со овие активности се обезбедува полесен пристап до верските објекти, земјоделското земјиште и Белчишкото Блато.

Вкупната вредност на работите изнесува 3.540.000 денари,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.

Работите ги изведе фирмата БИС дооел Охрид.

И во наредниот период ќе продолжиме со вакви активности,согласно потребите на граѓаните.

 

 

Интензивно се  работи на реконструкцијата на административната зграда на општина Дебрца, во село Белчишта

Интензивно се работи на реконструкцијата на административната зграда на општина Дебрца, во село Белчишта

Се интензивираат работите на реконструкцијата на административната зграда на општина Дебрца, во село Белчишта/ 2 фаза.

Во оваа фаза се реконструира големата сала,која ќе се преуреди во мултифункционален простор за одржување на собири,трибини,свечености други настани.

Се реконструираат долниот спрат и санитарните чвори,се поставуваат нови врати и молерисување на административните простории,ИТ инсталацијата, како и фасадата од северната и западната страна и други активности.

Вредноста на работите изнесува околу 5,5 милиони денари, а средствата се обезбедени преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион,Програма за рамномерен регионален развој за 2024 година.

 

Монтиранa  нова вертикална центрифугална пумпа за водоснабдување на село Мешеишта

Монтиранa нова вертикална центрифугална пумпа за водоснабдување на село Мешеишта

Деновиве се извршени зафати во пумпната станица за водоснабдување на село Мешеишта,чија цел е да се обезбеди поекономично водоснабдување и помали трошоци за електрична енергија.

Монтирани се нова вертикална центрифугална пумпа и командна табла,кои по извршено тестирање се очекува  да бидат ставени во функција.

 

Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.

 

 

Мапирани велосипедски патеки во Општина Дебрца со проектот ,,Патеки на Откривање”

Мапирани велосипедски патеки во Општина Дебрца со проектот ,,Патеки на Откривање”

Со проектот ,,Патеки на откривање” кој го спроведува здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ со поддршка на општина Дебрца,а  целосно финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија деновиве се изврши мапирање на велосипедски патеки во Општина Дебрца, со кој се овозможува на  љубителите на планинскиот велосипедизам и љубители на планинарење по падините на планините во општина Дебрца олеснет пристап за нивно откривање, како и безбедно започнување и пристигнување по обележана велоспиедска патека.

Во прилог Линк од велосипедските патеки како и QR-кодови за полесен пристап до самите апликаци (мапи).

Link – MTB Trail Slavej Planina:
Link – MTB Trail Slavej Plania Pesochani:
Link – MTB Trail Karaorman:
Link – MTB Trail Orli Vrv:
Link – MTB Trail Ilinska Planina:
Link – MTB Trail Babin Srt:
Изградба на доводен крак за водоснабдување во село Сливово

Изградба на доводен крак за водоснабдување во село Сливово

Во село Сливово по санацијата на каптажата извршена е изведба на доводен крак за водоснабдување, во должина од 400 метри за потребите на жителите на село Сливово.

Средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца.