Select Page
Доставена апликација согласно Јавниот повик на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти

Доставена апликација согласно Јавниот повик на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти

Во рамките на Јавниот повик на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти во општините општина Дебрца аплицираше со проектот за реконструкција на општинскиот пат село Белчишта-село Злести, во должина од 1400 метри.

Привршува доизградбата на седум фекални секундарни краци, во  село Мешеишта

Привршува доизградбата на седум фекални секундарни краци, во село Мешеишта

Во село Мешеишта привршува доизградбата на канализациониот систем, во деловите/улиците кои не беа опфатени со првичниот проект од пред неколку години.

Во оваа фаза се изградени 7 секундарни краци, во должина од 590 метри, а поставени се и 16 ревизиони шахти.

Вкупната вредност на работите изнесува 2.614.262 денари,од кои 2.500.000 се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање,Програма за животна средина за 2024 година, а 114.262 денари се од Буџетот на општината за 2024.

Општината ќе издвои дополнителни средства од Буџетот за 2024 година за доизградба на уште неколку канализациони краци.

Завршена е реконструкцијата на кровната конструкција на Селскиот дом во село Годивје

Завршена е реконструкцијата на кровната конструкција на Селскиот дом во село Годивје

Во село Годивје завршена е реконструкцијата на кровната конструкција на Селскиот дом,во површина од 360 м2.

Вкупната вредност на работите изнесуваше 751.778 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.

 

Завршена е регулацијата на каналот за наводнување во село Злести

Завршена е регулацијата на каналот за наводнување во село Злести

Во село Злести завршена е регулацијата на каналот за наводнување, во должина од околу 360 метри, со што се обезбедува поекономично наводнување, а истовремено и проширување на улицата.

Вкупната вредност на работите изнесуваше 1.056.000 денари, а средствата се обезбедени од

Буџетот на општината за 2024 година.

 

Во село Врбјани завршено тампонирањето на две улички, во должина од околу 120 метри

Во село Врбјани завршено тампонирањето на две улички, во должина од околу 120 метри

Во село Врбјани завршено е тампонирањето на две улички, во должина од околу 120 метри, предходно на теренот се изврши порамнување и прочистување на вегетација како и прочистување на одводен канал кој предизвикуваше проблеми на локалните жители.

 

Започна Рехабилитација на центарот во село Лактиње/корнење на стариот и поставување на нов асфалтен слој

Започна Рехабилитација на центарот во село Лактиње/корнење на стариот и поставување на нов асфалтен слој

Во село Лактиње започна  рехабилитација на центарот / корнење на стариот оштетен асфалтен слој и поставување на нов асфалтен слој.

 

Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2024 година