
Проектна ретроспектива за 2020 година






























https://www.facebook.com/nogaceskizoran/videos/197857208622600/
Општина Дебрца ги достави предлог проектните концепти до Советот на Југозападниот плански регион. Во повикот 9- те општини имаат можност да искористат средства за развој во висина од 41 милион денари од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година. Може да се аплицира проекти за искористување средства од две области. Првата област е од заштита на животна средина и намалување на загадувањето на животната средина, а втората за подбрување на економскиот развој, туризмот и културата и подобрување на патната инфрастуктура. Општина Дебрца аплицира проект за втора фаза за енергетска ефикасност на Задружниот дом во село Требеништа, информира градоначалникот Зоран Ногачески.
„Со завршувaње на втората фаза на објектот ќе е ставен во функција според намената која ја дефиниравме. Долниот спрат би се користел како деловен простор и дел за потребите на Месната заедница од село Требеништа. Горниот дел она што го најавивме и ни беше почетна идеа, отворање на Археолошки изложбен центар Требеништа во кој ќе бидат изложени сите артефакти и археолошки вредности кои се најдени во позната Требенишка Некропола и од цела територија на Дебрца“.
Градоначалникот Ногачески вели, како општина имаат и други проекти, но од одобрените средства во висина од 41 миолини денари од буџетот на државата за Југозападниот плански регион мора да се избалансираат и поделат средствата за проекти за сите 9 општини. Проектите повторно треба да се разгледаат на форуми каде што ќе учествуваат бизнис секторот и невладините организации, вели Ногачески.
„Потоа како конечен предлог треба да дојдат пред Советот на Југозападниот плански регион на кој ќе треба да се усвојат до 15 декември и Центарот за Југозападен плански регион за сите наши пот проекти треба да аплицира до Бирото за регионален рамномерен развој. Ќе одлучува и Националната Комисија на Рамномерниот регионален развој. Се надеваме дека проектите ќе поминат и од на пролет ќе продолжиме како општина Дебрца со втората фаза за реконструкција на ЗД Требеништа“.
Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Дебрца за субвенционирање на физички лица за купен велосипед во 2020 година, број 01-1086/1, од 17.06.2020 година и Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2020 година ( „Службен гласник на општина Дебрца”, број 01/20 и 07/20 ) се објавува следниот :
За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2020 година
1.1. Општина Дебрца, со цел да ги стимулира жителите на општината за користење на велосипеди и поттикне рекреативниот спорт, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во 2020 година ќе им надомести дел од трошоците направени за купување на велосипед ( во понатамошниот текст: субвенција ).
1.2. Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2020 година, мерка “Живеј здраво – вози точак”, поддршка на рекреативниот спорт, обезбедени се средства за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипед, во вкупен износ од 180.000 денари.
1.3. На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени за купување на велосипед, во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари и вклучен персонален данок на доход .
1.4. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.
2.1.Право на субвенција имаат физички лица, жители на општина Дебрца, кои ќе купат нов велосипед во 2020 година и кои ги исполнуваат условите од јавниот повик.
3.Услови за користење на субвенцијата
3.1.Барателот треба да ги исполнува следните услови:
-да е жител на општина Дебрца,
-да нема добиено субвенција за купување на велосипед на друг јавен повик, од било кој друг извор,
– велосипедот да го купил во било кој продажен салон во државата , во 2020 година, од 01.01.2020 година до денот на завршување на јавниот повик, односно до искористувањето на финансиските средства обезбедени по овој основ, а најдоцна до 31.12.2020 година.
4.Начин на пријавување на Јавниот повик
4.1. Барателот е должен да ја поднесе следната документација за исполнување на услови за добивање субвенција:
-барање за субвенција, кое може да се подигне во архивата на општината или електронски на веб страницата на општина Дебрца (www.debrca.gov.mk),
-копија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на општина Дебрца,
-копија од трансакциска сметка,
-доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од 01.01.2020 година до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на искористување на средствата по овој основ,а најдоцна до 31.12.2020 година,
– изјава дека нема искористено право на субвенција за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој друг извор во Република С. Македонија.
4.2. Едно физичко лице / барател може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за еден велосипед.
На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците на физички лица за купување велосипед”.
4.5. Архивата на општината примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување ( датум, час и минута ), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
5.Начин на спроведување на Јавниот повик
5.1. Некомплетните барања комисијата ќе ги отфрли и истите нема да бидат предмет на понатамошна постапка.
5.2.Градоначалникот на општината, на предлогот на Комисијата донесува решение за одобрување на барањето, за барателите кои ги исполниле условите од јавниот повик.
5.3.Градоначалникот на општината, на предлог на Комисијата донесува решение за одбивање на барањето,за барателите кои не ги исполниле условите од јавниот повик.
5.4.Исплатата на средствата на барателите за чии барања е донесено решение за одобрување ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати и одобрени барања, во рок од најдоцна 30 дена од денот на донесувањето на решението за одобрување.
5.5.Општината, во зависност од динамиката на поднесени барања, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 31.12.2020 година.
5.6.Доколку бидат искористени предвидените финансиски средства, општината на својата веб страница ќе го објави завршувањето на јавниот повик.
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Комисија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипеди во 2020 година
1.Ана Аврамоска -претседател
2.Димитар Велјаноски – член
3.Билјана Суклоска-Милошеска – член
Континуирано ги помагаме активностите на црковните одбори .
Во оваа прилика ќе потенцирам неколку такви активности кои со општинската механизација или на друг начин сме ги помогнале од почетокот на оваа година :
✅изградбата на црквата “Св.Јован”, во село Белчишта,
✅осветлување на црквата “Св.Василије”, село Белчишта,
✅чистење на дворното место во црквата “Св.Никола”, село Велмеј,
✅чистење на патот и дворното место на црквата “Св.Никола”, село Издеглавје,
✅чистење на речното корито и заштита од поплава на црква “Св.Василије”, село Велмеј,
✅доуредување на дворното место во црква “Св.Варвара”, село Сливово,
✅помош со механизацијата за почетокот на изградбата на црквата “Св.Петка”, село Лешани,
✅ 320 метри црево за водоснабдување на црква “Св.Кирил и Методиј”, село Песочани,
✅вода за пиење на манастир “Св.Недела”, село Оровник,
Во изминатите две години помогнавме или реализиравме :
✅асфалтирање на патот до и пред црква “Св.Никола”, село Белчишта,
✅асфалтирање на пат до црква “Св.Атанасије”, село Арбиново,
✅асфалтирање на улица до црква “Св.Ѓорѓија”, село Врбјани,
✅асфалтирање на паркинг пред црква “Успение на Пресвета Богородица”, село Волино,
✅тампонирање на пат до црква “Св.Петар и Павле”, село Брежани,
✅уредување со бекатон плочки на плато во двор на црка Св.Спас, село Годивје,
✅уредување со бекатон плочки на влез во манастир “Св.Јован”, село Слатино,
✅уредување со бекатон плочки на дел од дворно место во црква ” Св.Варвара “,село Сливово,
✅градежен материјал ( камен ) за црква “Успение на Пресвета Богородица”, село Волино и црква “Св.Никола”, село Горенци,
✅пробивање и чистење на пристапен пат до црква “Св.Атанасије”, село Горенци,
✅чистење на свлечиште кај црква “Св.Петка”, село Оровник,
✅чистење на пат и дворно место кај црква “Св.Петка”, село Требеништа,
✅чистење на пат и дворно место кај црква “Св.Петар и Павле”, село Врбјани,
✅чистење на дворно место во црква “Св.Климент”, село Климештани,
✅финансиска помош за тековни проекти за црковните одбори ( село Сливово, село Велмеј, село Злести, село Белчишта, село Волино, манастир “Си Свети”, село Лешани и др.)
Продолжуваме да помагаме, подадената рака кон Господ никогаш не останува празна.