Select Page
Започна со реализација Годишната програма за изградба, реконструкција и рехабилитација на општински патишта и улици за 2025 година

Започна со реализација Годишната програма за изградба, реконструкција и рехабилитација на општински патишта и улици за 2025 година

Започнавме со реализација на Годишната програма за изградба, реконструкција и рехабилитација на општински патишта и улици за 2025 година.

Завршена е:

Рехабилитација /нов асфалтен слој на улица во село Оровник,улицата која поминува кај црквата “Св.Спас” и се поврзува со новиот пристапен пат до клучка Аеродром “Св.апостол Павле”,должина 420 метри,вредност 1.589.280 денари,

Рехабилитација на улица во село Мешеишта,дел од улицата до фудбалското игралиште,должина 250 метри, вредност 1.120.056 денари.

Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.

 

Се уредува просторот кај црквата “Св.Атанасије” ,село Лешани

Се уредува просторот кај црквата “Св.Атанасије” ,село Лешани

Во тек се активностите за уредување на просторот кај црквата “Св.Атанасије” ,село Лешани.

Ќе бидат поставени бекатон плочки, 330 м2,травертин 35 м2, 3 канделабри, пет клупи,садници.

Вкупната вредност на работите изнесува 1.164.170 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.

 

Донесена одлука за прифаќање на донација на половно противпожарно возило за општина Дебрца од тиролската противпожарна бригада, Република Австрија

Донесена одлука за прифаќање на донација на половно противпожарно возило за општина Дебрца од тиролската противпожарна бригада, Република Австрија

На последната седница советот на општина Дебрца донесе одлука за прифаќање на донација на половно противпожарно возило за општина Дебрца од тиролската противпожарна бригада, Република Австрија.

Оваа Одлука следува по средбата, која во месец Мај Градоначалникот Зоран Ногачески заедно со претседателот на советот на општината, Крсте Јорданоски  остварија со стручна делегација од областа на противпожарната заштита од Австрија, составена од Петер Логар, проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, Заменик командант на противпожарна бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија,а на која присуствуваа и претставници на Противпожарната единица од Охрид,со командирот Борко Јанкулоски.

На средбата беше потенцирана и потребата од активно функционирање на волонтерска служба за противпожарна заштита, односно доброволно противпожарно друштво во општина Дебрца,практика која е многу успешно применета во областа на противпожарната заштита во развиените држави.

Од страна на гостите тогаш беше потенцирано дека за да може општината да користи помош во делот на противпожарната заштита од Австрија треба да исполни неколку услови и тоа-да се основа доброволно противпожарно друштво,да обезбеди просторни услови за противпожарните возила и волонтери-пожарникари.

Во изминатиот период формирано е Доброволно противпожарно друштво “Ентузијаст Дебрца”,пополнето е со волонтери,кои допрва ќе бидат опремени и обучени и обезбедени се за почеток изнајмени просторни услови за чување на противпожарното возило.

По исполнувањето на овие услови од страна на претставниците на тиролската противпожарна бригада сме известени дека е одобрена донација на противпожарно возило за општина Дебрца,а кое потоа ќе биде ставено на користење на доброволното противпожарно друштво.

Возилото треба да пристигне во средината на месец Септември.

Градоначалникот Зоран Ногачески изразува посебна благодарност до командирот на ТППЕ Охрид,Борко Јанкулоски,кој со својот несебичен ангажман е најзаслужен за реализација на оваа донација,со што се создаваат почетни услови за остварување на противпожарната заштита во општина Дебрца на поорганизирано ниво,нешто што сите овие години наназад беше основна заложба на локалната самоуправа и воопшто на граѓаните на Дебрца.

Се надеваме дека со поддршка на ТППЕ Охрид,ДПД “Ентузијаст Охрид” и локалната самоуправа успешно ќе функционира и ДПД “Ентузијаст Дебрца”.

Градоначалникот на Општина Дебрца,инсистира на оваа активност да не се дава политичко-партиска конотација,од која однапред се оградува,бидејќи се работи за активност која претставува општо добро и интерес на сите граѓани на Дебрца.

 

Започна 27то издание на Турнирот во мал фудбал “Богородица Куп 2025” Волино

Започна 27то издание на Турнирот во мал фудбал “Богородица Куп 2025” Волино

Традиционално секој Август најзначајната спортска манифестација во општина Дебрца е 27то издание на Турнирот во мал фудбал “Богородица Куп 2025” Волино,кој оваа година има меморијален карактер и е во чест на прерано починатиот волинец и голем поддржувач на ФК “Сатеска” и “Богородица Купот”, Крсте Илинкоски.

Како генерален покровител општина Дебрца го помогна турнирот со 80.000 денари, а во чест на Крсте обезбеди и 12 пара спортска опрема ,дресови и 50 маици на кои е аплициран неговиот лик.

 

Основните заложби ни беа подобрување на инфраструктурата во и до верските објекти и создавање на услови за развој на верскиот туризам – Градоначалник Зоран Ногачески

Основните заложби ни беа подобрување на инфраструктурата во и до верските објекти и создавање на услови за развој на верскиот туризам – Градоначалник Зоран Ногачески

Во двата мои градоначалнички мандати една од основните заложби ни беше подобрување на инфраструктурата во и до верските објекти и создавање на услови за развој на верскиот туризам,за кој Дебрца е предодредена,поради големиот број на верски објекти,од кои некои се постари и со извонредно историско значење /црквата “Св.Ѓорѓија” во Врбјани,”Св.Јован”, во Слатино, “Сите Светии”, во Лешани/.

Континуирано ги помагавме активностите на црковните одбори .

Во оваа прилика ќе потенцирам дел од тие активности:

  • Aсфалтирање на патот до и пред црква “Св.Никола”, село Белчишта,
  • Aсфалтирање на патот и поставување на бекатон плочки кај црквата “Св.Јован”,Белчишта
  • Aсветлување и тампонирање со гребен асфалт на дворното место кај црквата “Св.Василије”,Белчишта
  • Помош со механизацијата за повеќе активности кај црквата “Св.Атанасије”,Белчишта
  • Tампонирање на пат до црква “Св.Петар и Павле”,Брежани и поставување на бекатон плочки
  • Поставување на бекатон плочки во црквата “Св.Никола”, Брежани,
  • Чистење на дворното место во црквата “Св.Никола”, село Велмеј,
  • Чистење на речното корито и заштита од поплава на црква “Св.Василије”, село Велмеј,
  • Помош со механизацијата за изградба на црквата “Св.Никола Талалеј”,Велмеј,
  • Помош со механизацијата за уредување на дворното место во црквата “Св.Спас”,Велмеј и осветлување на Крстот,
  • Помош со механизација за изградба на црквата “Св.Петка”,Лешани
  • Помош со механизација за изградба на црквата “Св.Недела”,во Лешани
  • Помош со механизација кај манастир “Сите Светии”,Лешани
  • Осветлување на патот од село Ботун до манастирската црква “Св.Богородица”
  • Асфалтирање на патот до Црквата “Св.Богородица” и гробиштата,село Ботун,
  • Помош со механизација за уредување на дворното место кај црквата “Св.Михаил”,село Ботун
  • 320 метри црево за водоснабдување на црква “Св.Кирил и Методиј”, село Песочани,
  • Тампонирање на патот до црквата “Св.Димитрија”,село Издеглавје
  • Чистење на дворното место кај црквата “Св.Никола”,Издеглавје,
  • 500 метри кабел за електрична енергија до црква “Св.Софија”,Издеглавје,
  • Тампонирање на патот до црквата “Св.Никола Талалеј”,село Сошани
  • Уредување со асфалт и бекатон плочки на влезот на црквата “Св.Јован”,Слатино,
  • Асфалтирање на 200 метри од сретсело до црква “Св.Никола”,Оздолени
  • Уредување со бекатон плочки на дел од дворно место во црква ” Св.Варвара “,село Сливово,
  • Тампонирање на патот до црквата “Св.Атанасије”,Сливово
  • Асфалтирање на дел од патот до црквата “Св.Атанасије”,Арбиново
  • Уредување со бекатон плочки на плато во двор на црква “Св.Спас”, село Годивје,
  • Уредување со бекатон плочки 950 м2 кај црква “Св.Вартоломеј”,Годивје
  • Чистење на пат и дворно место кај црква “Св.Петар и Павле”,Врбјани
  • Асфалтирање на улица до црква “Св.Ѓорѓија”,Врбјани
  • Градежен материјал ( камен ) за црква “Успение на Пресвета Богородица”, село Волино,
  • Чистење на дворно место во црква “Св.Климент”,Климештани,
  • Асфалтирање на патот од поштата до црква “Св.Недела”,Требеништа,
  • Тампонирање на пат до црква “Св.Петка”,Требеништа
  • Осветлување на пат до црква “Св.Варвара” и Крст,Требеништа,
  • Уредување на просторот кај чешмата кај црква “Св.Мартинија”,Требеништа,
  • Изградба на каптажа кај црква “Св.Никола”,Горенци,
  • Асфалтирање на пат до црква “Св.Атанасије”,Горенци,
  • Расчистување на свлечишта на пат до црква “Св.Петка:,Оровник,
  • Обезбедување на вода за пиење до манастир “Св.Недела”,Оровник

финансиска помош за тековни проекти за црковните одбори ( село Сливово, село Велмеј, село Злести, село Белчишта, село Волино,село Мешеишта, манастир “Си Свети”, село Лешани,за изградба на конаците и др.)

Продолжуваме со уште неколку проекти за кои се обезбедени средства:

  • Асфалтирање на патот село Ботун-манастирска црква “Св.Богородица”
  • Асфалтирање на патот село Злести-црква “Рождество на Пресвета Богородица”
  • Уредување на платото кај црква “Св.Атанасија “ Лешани
  • Асфалтирање на патот до чешмата кај црква “Св.Мартинија”,Требеништа

 

 

 

Завршено партерно уредување на дел од платото кај црквата “Св.апостоли Петар и Павле” Брежани

Завршено партерно уредување на дел од платото кај црквата “Св.апостоли Петар и Павле” Брежани

Успешно завршена уште една програмска активност,партерно уредување на дел од платото кај црквата “Св.апостоли Петар и Павле” Брежани.

Беа поставени 120 м2 бекатон плочки и обезбедени 5 метални клупи.

Вкупната вредност на работите изнесува 375.240 денари,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината.