Aug 20, 2024
Најзначајната спортска манифестација која во моментов се оддржува во општина Дебрца е 26 то издание на Турнирот во мал фудбал “Богородица Куп 2024” Волино.
Општина Дебрца и оваа година е генерален покровител на турнирот и истиот го помогна со 60.000 денари.
Општината ги помогна и следните спортски манифестации:
Турнир “Св.Никола” Требеништа, со 60.000 денари
Турнир “Петровден “Мешеишта,со 60.000 денари,
Меморијален турнир “Кире Николоски Камачо”,Лешани,со 30.000 денари,
Турнир “Илинден 2024”,Оровник,со 60.000 денари,
Средба на генерации на ФК.”Дебрца”,Белчишта,со 15.000 денари
Меморијален турнир “Михаел Мирчески”, Слатино,со 30.000 денари.
Фк “Сатеска” Волино и ФК “Славеј” Мешеишта,кои ќе настапуваат во регионалната лига ќе добијат финансиска поддршка од по 100.000 денари,а фудбалските клубови кои ќе се натпреваруваат во општинската лига по 30.000 денари.
Како општина определени сме и во иднина да даваме поддршка на спортот и младите.
Aug 10, 2024
Во село Злести, со пригодна свеченост, во организација на гостопримливите злестовци,со ревијален натпревар и сечење на лента се пушти во употреба новиот мултифункционален спортски полигон,изграден во центарот на селото на местото од руината на дел од селскиот дом.
Вкупната вредност на работите изнесуваше 3.998.672 денари,од кои 2.500.000 ги обезбеди Бирото за регионален развој,Програма за развој на подрачја со специфични развојни потреби, а 1.498.672 денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2024 година.
Нека е аирлија и со здравје да се користи,исполнет со поголем број на дечиња и секако за рекреација и на повозрасните.
Jul 2, 2024
Во село Злести завршен е проектот за уредување на дел од централното селско подрачје.
На местото од руината на дел од селскиот дом изграден е модерен мултифункционален спортски полигон.
Извршена е санација на споменикот во центарот на селото.
Вкупната вредност на работите изнесуваше 3.998.672 денари,од кои 2.500.000 ги обезбеди Бирото за регионален развој,Програма за развој на подрачја со специфични развојни потреби, а 1.498.672 денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2024 година.
Jun 25, 2024
Во село Оровник започнаа работите за реконструкција на спортскиот полигон.
Ќе се изврши санација на заштитните огради,ново рефлекторско осветлување,како и набавка на кошаркарски табли и обрачи.
Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.
Jun 7, 2024
Продолжуваме или започнуваме со годинешните планирани проекти,кои поради изборните правила беа во мирување или не можеа да започнат.
Деновиве продолживме или ќе започнеме со проектите,за кои се завршени постапките за јавни набавки.
Дел од нив се:
- Изградба на спортско игралиште и уредување на просторот кај споменикот во село Злести /проектот е во завршна фаза,
- Реконструкција на општинската зграда во село Белчишта /реконструкција на големата сала,административните простории,надворешна фасада и др.
- Реконструкција на објект-поранешна продавница во село Ботун/ проектот е во тек
- Реконструкција на кровната конструкција на Домот во село Годивје,
- Регулирање на канал за наводнување-одводнување во село Злести
- Заградување на училишниот двор во село Ботун
- Реконструкција на спортско игралиште во село Оровник
- Уредување на просторот кај чешмата во село Оровник
- Изградба на три канализациони краци во село Мешеишта,
- Набавка на нова пумпа и реновирање на стариот резервоар за водоснабдување во село Мешеишта
- Тампонирање на пат до црква Св.Димитрија во село Издеглавје,
- Тампонирање на пат до црква Св.Никола Талалеј во село Сошани
- Тампонирање на пат до црква Св.Атанасије, село Сливово
- Осветлување на светиот крст во црква Св Спас,село Велмеј
- Поставување на јавно осветлување на патниот правец село Требеништа-село Волино.
- Санација на рефлектори на спортските полигони
Во наредниот период,по завршување на тендерските постапки ќе започнеме и со други проекти.
Mar 14, 2024
Со проектот ќе се расчисти распаднатиот дел од селскиот дом , изгради тротоар , во должина од 66 метри, реконструкција на споменикот, изградба/асфалтирање на спортско игралиште,заградување со метална ограда,поставување столбови и рефлектори за осветлување, спортски реквизити/фудбалски стативи , кошеви, клупи,/.
Проектот се финансира со средства од Бирото за регионален развој,Програма за развој на подрачја со специфични развојни потреби за 2024 година и буџетот на општина Дебрца за 2024 година.
Работите ги изведува фирмата Маркоски 73 дооел Струга.