Select Page
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 1/2021 за унапредување на административен службеник во општина Дебрца

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 1/2021 за унапредување на административен службеник во општина Дебрца

Врз основа на член 48 став (4) од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18 и Сл.Весник на РСМ бр. 14/20) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на РМ“ бр. 11/15 и 35/18), општина Дебрца објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 1/2021 за унапредување на административен службеник во општина Дебрца

Општина Дебрца објавува интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административен службеник за следното работно место:

 

  1. Самостоен референт –Книговодител- УПР0101В03000, Одделение за финансиски прашања ­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­ –1 (еден) извршител

 

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија
  • активно да го користи македонски јазик
  • да е полнолетен
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови :

  • ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според

Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование.

  • -активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,

работно искуство, и тоа: најмалку три години работно искуство во струката,

-познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија

(англиски, француски, германски),

 Потреби општи работни комепетенции на основно ниво:

учење и развој;

– комуникација;

– остварување резултати;

– работење со други/тимска работа;

– ориентираност кон странки/засегнати страни и

– финансиско управување.

Распоред на работно време:

  • Работни денови:од Понеделник до Петок
  • Работни часови неделно: 40 часа
  • Работно време: од 07:30 до 15:30 часот
  • Паричен износ на основна нето плата: 16 464,00 денари

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во општина Дебрца кој ги исполнува општите и посебните услови пропишани за работното место како и:

  • да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при оценувањето за 2020 година,
  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или на работно место во рамките на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас
  • да поминал најмалку две години на тековното работно место и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка за 2020 година.

Кон пријавата можат да се приложат и други докази:

  • потврди за успешно реализирани обуки и
  • потврди за успешно реализирано менторство.

Административниот службеник се пријавува со пополнување на пријава објавена во прилог на интерниот оглас.

Пополнетата пријава со потребната документација треба да се достави до архивата на општина Дебрца и до службената електронска адреса: contact@debrca.gov.mk

Рокот за пријавување изнесува 5 (пет) дена од денот на објавување на интерниот оглас на web страната на институцијата.

Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Пријавените административни службеници ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја фаза од постапката на веб станата на општина Дебрца и тоа:

Фаза 1 – административна селекција се спроведува најдоцна 15 дена од денот на истекот на рокот за пријавување.

Фаза 2 –интервју се спроведува  во рок од 5 дена од завршување на фаза 1.

НАПОМЕНА:

Административниот службеник кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

 

Пријавата за аплицирање може да се спушти со кликање тука.

Јавен повик за пријавување на штети на земјоделски насади

Општина Дебрца ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на овошните насади предизвикани од атмосферската непогода – доцни пролетни мразеви која ја зафати територијата на општината во деновите: 15 и 16 Април 2021 година да ја пријават штетата на своите насади до Комисијата за проценка на штети на општина Дебрца.

 

  1. Барањето за пријавување на штета на земјоделските насади може да се преземе на од веб страната на www.debrca.gov.mk   и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.

 

  1. Покрај барањето секој барател треба да достави:
  • копие од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот;
  • копие од трансакциска сметка;
  • доказ за основ на користење на земјиштето за насадите ( копие од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ; копие од имотен лист; копие од договор за закуп ).
  1. Пријавувањето на штетите може да се изврши во рок од 15 дена, односно најдоцна до 26.05.2021 година.

 

За сите дополнителни информации  може да се обратите на тел. 046 286 855.

ОПШТИНА ДЕБРЦА

Комисија за проценка на штети

Бараната документација може да ја спуштите тука.

  1. Пријава
  2. Изјава

 

Совет на општина Дебрца, 47-ма седница, донесени одлуки

Совет на општина Дебрца, 47-ма седница, донесени одлуки

Советот на општина Дебрца денес ја одржа 47-ма редовна седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

  • На оваа седница Советот ги усвои Извештаите за работа на Центарот на Југозападниот плански регион во 2020 година. Во текот на 2020 година преку Центарот на Југозападниот плански регион во општина Дебрца беа имплементирани следните проекти:  Реконструкција на патен правец за село Арбиново, доизградба на патен правец село Волино/општина Дебрца-село Мороишта/општина Струга и реконструкција на Дом на култура село Требеништа/прва фаза.
  • Советот донесе одлука за проширување на средствата во Буџетот на општина Дебрца за 2021 година, со која во делот на основното образование се предвидени дополнителни 926.000 денари, обезбедени од донација преку Еразмус програмата.
  • Советот ја усвои Годишната програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести на територијата на општина Дебрца за 2021 година, со која се планираат конкретните мерки и активности за заштита од заразни болести.
  • Советот го усвои Анексот на Годишната програма за работа на ООУ Дебрца во учебната 2020/2021 година, со кој работењето на основното училиште се прилагодува кон новонастанатите услови предизвикани од ковид 19 кризата.
  • Советот ги усвои одлуките за давање согласност на кварталниот извештај за работењето на ЈП за комунална дејност Дебрца за периодот 01.10.2020-31.12.2020, завршната сметка за 2020 година, како и на годишните извештаи за спроведување на утврдените тарифи за водоснабдување и одведување на отпадни води.
  • Советот ги усвои измените на персоналниот состав на општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди. Постапувајќи по барања на загрижени земјоделци, кои претрпеа штети на овошните насади од доцните пролетни мразеви, во наредниот период комисијата ќе објави повик за пријавување на штетите.
  • Советот донесе одлука за за спроведување на постапка за јавно наддавање за издавање под закуп на деловен простор во зградата – дом с.Требеништа, со намена за отворање на откупен пункт за земјоделски производи. Со јавниот повик, кој ќе биде објавен ќе се повикаат сите заинтересирани инвеститори за отворање на откупен пункт за земјоделски производи. 

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 1/2021 за унапредување на административен службеник во општина Дебрца

Јавен повик број 02/2021 за поднесување на понуди за доделување на дозволи и субвенции за вршење на меѓуопштински линиски превоз на патници кој заеднички го организираат општина Дебрца и општина Охрид

Врз основа на член 19 и член 23 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РМ“ брoj 68/2004; 127/2006; 114/2009; 83/2010; 140/2010; 17/2011; 53/2011; 6/2012; 23/2013; 120/2013; 163/2013; 187/2013; 42/2014; 112/2014; 166/2014; 44/2015; 97/2015; 124/2015; 129/2015; 193/2015; 37/2016; 71/2016; 64/2018; 140/2018 и 163/2018),Одлуката за заедничко организирање на јавен линиски превоз на патници, донесена од советот на општина Дебрца ( “Службен гласник на општина Дебрца”, број 13/2013 ), Одлуката за заедничко организирање на јавен линиски превоз на патници, донесена од советот на општина Охрид ( “Службен гласник на општина Охрид”, број 03/2014 ), и Спогодбата за заедничко организирање на линискиот превоз на патници, број 03-3286/1, од 25.03.2014 година и број 03-1463/3, од 27.03.2014 година се објавува:

 

 

ЈАВЕН ПОВИК БРОЈ 02/2021  

ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОЗВОЛИ ЗА ВРШЕЊЕ НА МЕЃУОПШТИНСКИ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ  НА ПАТНИЦИ КОЈ ЗАЕДНИЧКИ ГО ОРГАНИЗИРААТ ОПШТИНА ДЕБРЦА И ОПШТИНА ОХРИД

 

 

  1. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

 

Предмет на Јавниот повик е доделување на дозволи за вршење на меѓуопштински линиски превоз на патници, кој заеднички го организираат општина Дебрца и општина Охрид, на линии од градот Охрид до населените места во општина Дебрца и обратно, и тоа:

 

 

ред.

број

 

 

назив

на линијата

автобуски стојалишта
1. Охрид-село Врбјани Автобуска станица Охрид, Мини маркет, Градски пазар, Даљан, село Подмолје, село Оровник, село Горенци, село Требеништа, село Мешеишта, село Ботун,село Ново Село, село Песочани,село Лактиње, село Годивје, село Арбиново, село Сливово, село Врбјани
2. Охрид-село Слатино       Автобуска станица Охрид, Мини маркет, Градски пазар, Даљан, село Подмолје, село Оровник, село Горенци, село Требеништа, село Мешеишта, село Ботун,село Ново Село, село Песочани,село Издеглавје, село Оздолени, село Слатино
3. Охрид – село Велмеј  Автобуска станица Охрид, Мини маркет, Градски пазар, Даљан, село Подмолје, село Оровник, село Горенци, село Требеништа, село Мешеишта, село Ботун,село Злести, село Белчишта, село Лешани, село Велмеј

 

Возните редови за горенаведените линии се утврдени со Спогодбата за заедничко организирање на линискиот превоз на патници и се дадени во Документацијата, која е составен дел на Јавниот повик.

Локациите на автобуските стојалишта се утврдуваат со одлуки на советите на општините и нивното оддржување е обврска на општините. Превозниците се должни да се придржуваат кон утврдените локации на автобуски стојалишта.

Овој Јавен повик е согласно и со член 22-б од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РМ“ број 174/2018) кој гласи:

„Бесплатниот превоз на ученици утврден со Законот за основното образование и Законот за средното образование на подрачјата на општините каде што има утврден возен ред се врши од страна на носителите на дозвола за општински линиски превоз, по цени и на начин утврдени од советите на општините и Советот на град Скопје“.

 

Дозволите за вршење на меѓуопштинскиот линискиот превоз на патници се доделуваат за времетраење од 5 ( пет ) години.

 

За линиите за кои се доделуваат дозволите општина Дебрца и општина Охрид може да доделуваат субвенции, по претходно донесени одлуки од страна советите на општините, согласно буџетите на општините за соодветната година.

Превозниците кои ќе добијат субвенции се должни да обезбедат бесплатен годишен превоз на инвалидизирани лица  (глуви, слепи, телесни инвалиди), лица со интелектуална попреченост и родители на деца со церебрална парализа, по доставени списоци од соодветните здруженија, потврдени од надлежните подрачни министерства/фондови.

 

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

 

2.1. Право на учество на јавниот повик имаат правни лица, под услови утврдени со документацијата за јавниот повик и тоа:

 

  1. имаат важечка лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници и важечки изводи од лиценца за секое возило;
  2. се впишани во Централен регистар на РМ и имаат регистрирано приоритетна дејност/главна приходна шифра: вршење на превоз на патници и стока во патниот сообраќај;
  3. се сопственици на најмалку две регистрирани возила по линија или да имаат договор за лизинг, за возила со најмалку 20 седишта, кои ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови за моторни возила наменети за вршење на општински линиски превоз;
  4. имаат вработено во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по возило;
  5. имаат обезбедено сертификат за професионална компетентност за управителот или за овластеното лице одговорно за превоз во правното лице;
  6. имаат добар углед;
  7. во возилата имаат вграден фискален апарат;
  8. имаат доказ дека против правното лице не се води постапка за стечај и ликвидација.

 

Заинтересираните правни лица имаат право за секоја линија да поднесат поединечни  понуди, во посебен плик, со напомена дека предмет на евалуација се понуди, почнувајќи од линија „1“. Во случај да е искористен понудениот капацитет  на превозни средства со добивање на “првата линија”, сите понуди за следните линии се сметаат како да не се поднесени.

Јавниот повик се смета за успешен и во случај ако биде доставена најмалку една понуда што ги исполнува сите услови и барања предвидени во документацијата за Јавниот повик.

 

 

  1. 3. КРИТЕРИУМИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА СПОСОБНОСТА НА ПОНУДУВАЧИТЕ

 

За да учествуваат во постапката за доделување  на дозволи, односно за да може понудите да се оценуваат/евалуираат, понудувачите треба да се квалификувани како способни, за што мора да ги исполнат критериумите за утврдување на нивната способност, кои се поблиску дадени и опишани во документацијата за јавниот повик.

 

Понудувачите треба да потпишат Изјава дека ги прифаќаат условите од документацијата за јавниот повик и моделот на договор, кој е составен дел на документацијата.

 

  1. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

 

Потребната документација е утврдена во документацијата за јавниот повик за доделување на дозволи за вршење на меѓуопштински линиски превоз на патници, кој заеднички го организираат општина Дебрца и општина Охрид. 

 

  1. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛНА ПОНУДА

 

Доделувањето на дозволите ќе се изврши по пат на евалуација на понуди со поднесување на затворени пpијави.

Пријавите се поднесуваат во затворен плик до Комисијата, а се отвораат јавно во присуство на овластени лица на подносителот.

Доставените пријави се бодуваат според следните критериуми:

  1. За просечна старост на возилата што превозникот ќе ги користи за меѓуопштинскиот линискиот превоз на патници, превозникот може да добие најмногу 30 бода, и тоа:
  • до 5 години просечна старост на возилата – 30 бода
  • од 6 години до 10 години                – 20 бода
  • повеќе од 10 години                              – 10 бода

 

  1. За број на вработени, превозникот може да добие најмногу 30 бода, и тоа:
  • до 5 вработени                                                                                 – 10 бода
  • од 6 до 10 вработени                                                                      – 20 бода
  • повеќе од 10 вработени – 30 бода

 

  1. За исполнување еколошки стандарди на возилата, за пресметан просек, превозникот може да добие најмногу 40 бода, и тоа:
  • од Еуро 2 до Еуро 3 – 10 бода
  • од Еуро 3 до Еуро 4                                                                         – 20 бода
  • од Еуро 4 до Еуро 5 – 30 бода
  • над Еуро 5                – 40 бода

 

Во случај на ист број бодови, предност има превозникот кој има прв поднесено понуда во архивата на општина Дебрца.

  1. НАЧИН И АДРЕСА НА ПОДИГНУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ЈАВЕН ПОВИК

 

6.1 Документацијата за јавниот повик ќе биде објавена на www.debrca.gov.mk    а истата може да се подигне секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот , во архивата на Општина Дебрца, со седиште во село Белчишта,  најдоцна  еден ден пред рокот утврден во точка 7.1. 

 

  1. 7. РОК, АДРЕСА И НАЧИН НА ИЗГОТВУВАЊЕ И ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

 

7.1. Краен рок на поднесување  на понудите е 31.03.2021 година до 12:00 часот по локално време.

 

7.2. Понудите се доставуваат преку пошта или директно во архивата на Општина Дебрца, 6344 село Белчишта.

 

7.3. Понудувачот го поднесува оригиналниот примерок на Пријавата ( Прилог 1 ) во запечатен внатрешен плик, кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса, со назнака „Пријава за јавен повик“ во горниот лев агол.

 

7.4. Документите за утврдување на способност на понудувачите се поднесуваат во посебен запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса, со назнака „Документи за утврдување на способноста “ во горниот лев агол.

 

7.5. Внатрешните пликови се приложуваат  во запечатен надворешен плик кој:

  • е адресиран со целосна и точна адреса на Општина Дебрца;
  • го содржи бројот на Јавниот повик; и
  • во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“.

 

7.6. Доколку сите пликови не се запечатени и обележани како што е погоре утврдено, Општина Дебрца не презема одговорност за губење или предвремено отворање на понудата.

 

  1. ЈАЗИК НА ПОНУДАТА

 

Понудата се изготвува и доставува на македонски јазик.

 

  1. ЈАВНО ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

 

9.1. Јавното отворање на понудите ќе се изврши на ден 31.03.2021 година во 12.05 часот, по локално време, во просториите на салата за седници на советот на општината, административна зграда на Општина Дебрца, 6344 село Белчишта.

 

9.2. Предмет на разгледување  се  понудите  кои се пристигнати до денот и часот утврден во точка 7.1. Понуди  пристигнати по датумот и часот утврден  во точка 7.1. ќе се сметаат како ненавремени  и  нема да бидат   предмет на разгледување.

9.3. Секој што сака да присуствува на отварањето на понудите, своето право на присуство го регулира со поднесена писмена најава најкасно 1 (еден) ден пред денот на јавното отварање.

 

10.ПОЈАСНУВАЊА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

 

10.1. Појаснувања и дополнителни информации во врска со Јавниот повик заинтересираните лица можат да побараат до Комисијата за спроведување на постапката, на телефон 046 286 855 или да постават прашања во писмена форма на следната електронска адреса : contact@debrca.gov.mk.

Краен рок за поставување прашања: 29.03.2021 година.

 

11.Постапката по Јавниот повик ќе ја спроведе Комисијата формирана од градоначалникот на Општина Дебрца и градоначалникот на Општина Охрид.

 

Комисија за спроведување на постапката, 

Даниел Паункоски – претседател

Димитар Велјаноски – член

Климент Талески – член

Документација за јавен повик – општински линиски превоз 02/2021