Jul 27, 2021
Почитувани,
Инфо деновите за мерка 7 Диверзификација на фарми и развој на бизниси, кои започнаа во Кочани и Берово, ќе продолжат во Охрид и Вевчани.
На 28 јули 2021 година (среда), Телото за управување со ИПАРД и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе одржат информативно- едукативни настани во:
– Охрид, во салата за совет на општина Охрид во 11.00 часот.
Инфо деновите се со цел подобра информираност на заинтересираните странки во врска мерката 7 од ИПАРД Програмата 2014-2020 и поставување на прашања и добивање на одговори за сите странки кои се заинтересирани за аплицирање по оваа мерка.
Јавниот повик 01/2021 за мерката 7 е објавен на 8ми јули 2021 година и во тек е доставувањето на Барањата за користење на средствата со цел до 22 август 2021 година сите заинтересирани странки да ги достават комплетно пополнетите Барања за користење на средства и целокупната документација, која се бара во Јавниот повик, до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Приоритетни сектори по кои може да се аплицира со овој Јавен Повик се:
- Алтернативно земјоделско производство
- Производство на прехранбени производи и пијалоци и тоа за следните типови на инвестиции:
∙€€€€€€€€Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво;
∙€€€€€€€€Колачи, тестенини и пекарски производи;
∙€€€€€€€€Чај и билни екстракти;
∙€€€€€€€€Зачини и билки;
∙€€€€€€€€Слатководна риба, ракови и мекотели и
∙€€€€€€€€Други производи кои не се наведени во Листа на производи од Анекс I на Договорот за функционирањето на ЕУ.
- Производство на не-прехранбени производи
- Занаетчиски дејности, кои се во согласно со Правилникот за определување на дејности кои можат да ги вршат занаетчиите
- Обезбедување на услуги во земјоделството
- Развој на услуги за руралното население
- Промоција на руралниот туризам
Јавниот повик 01/2021 е објавен на интернет страницата на Телото за управување со ИПАРД www.ipard.gov.mk
За дополнителни информации и детали за предходната најава за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството www.agencija.gov.mk или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.
Jul 16, 2021
Во рамките на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, поддржан од Европската Унија, преку ИПА Програмата за прекугранична соработка, Македонија – Албанија, а кој општина Дебрца го имплементира со партнерите: ОО Црвен Крст Охрид и Алпинистичкото друштво “Патагонија” Охрид, од македонска страна и општина Грамш, од албанска страна во село Брежани започнаа градежните активности за реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во Планинарски Дом.
Ќе се изврши целосна реконструкција и опремување на зградата, а за што ќе бидат инвестирани околу 85.000 евра.
Дебрца со своите планински масиви, како Славеј Планина, Караорман, Стогово, Мазатар и Илинска Планина и особено селото Брежани, кое се наоѓа помеѓу Илинска Планина и Мазатар се природно предодредени за развој на зимскиот и планинскиот туризам.
Проектот е во директна корелација со нашата визија Дебрца да прерасне во високорангирана природна и културна туристичка дестинација
Jun 29, 2021
Во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска банка, Општина Дебрца аплицираше со проект за Реконструкција на локален пат с.Злести до с.Белчишта, Oпштина Дебрца и тоа Делница 1 KM 0+000 до KM 0+720.12 и Делница 2 KM 0+000 DO KM 1+401.22. Во најскоро време се очекува започнување на градежните работи на овој проект.
Единицата за имплементација на проектот (ЕИП) во рамките на Министерството за транспорт и врски согласно политиките и барањата во делот на животна средина и социјални аспекти на Светска Банка, односно Рамката за животна средина и социјални аспекти – Стандард за животна средина и социјални апскети 10, воведе Механизам за жалби и поплаки со кој ќе се обезбеди одговор на сите жалби и поплаки, особено на засегнатите и заинтересирани страни и заедницата севкупно.
Како дел од спроведувањето на проектот, Општина Дебрца пред започнување на градежните работи е обврзана да ја информира јавноста, локалното население и останатите засегнати страни дека можат да земат активно учество преку Механизам за жалби и поплаки, а со тоа и самите да се вклучат во реализацијата на проектот. Граѓаните тоа ќе можат да го сторат преку два документи и тоа: Механизам за жалби и поплаки преку примање на жалби и поплаки и нивно процесуирање и решавање и Образец за поплаки за целото спроведување на проектот во делот на неговата реализација при изведувањето на градежните работи на терен.
Во прилог се поставени двата документи кои на официјалната веб страна на Општина Дебрца ќе останат објавени сѐ до завршувањето и затворањето на проектот

Образец за-поплаки за целиот период на спроведување на проектот

Механизам за жалби и поплаки
Jun 6, 2021
Деновиве Центарот за граѓански комуникации го објави 📃Извештајот за активна транспарентност на 97 јавни институции за 2021 година.
За потсетување, според Индексот на активна транспарентност 2017 ( за период на претходната локална власт), општина Дебрца го зазеде 86-то место од вкупно 97 институции, со резултат од 16,4 % остварени позитивни показатели, со оценка “многу слаба транспарентност”.
Според Индексот на активна транспарентност 2020, општина Дебрца го зазеде 44-то место од вкупно 98 институции, со резултат од 63,8 % остварени позитивни показатели , со оценка “добра транспарентност”.

Според Индексот на активна транспарентност 2021, општина Дебрца го зазеде 38-то место од вкупно 97 институции, со резултат од 72,5 % остварени позитивни показатели , со оценка “добра транспарентност”.
Од 2017 година до 2021 година во поглед на транспарентноста општина Дебрца направила позитивен скок од 48 места!
Од сосема нетранспарентна и затворена општина стигнавме до препознатлива и отворена општина.
И во наредниот период посветено ќе работиме на концептот отворена и транспарентна општина .
Целта ни е , со примена на стандардите за е-транспарентност да стигнеме во групата на институции со многу добра транспарентност ‼️ ✅
May 17, 2021
Денес градоначалникот Зоран Ногачески оствари средба со Г-дин Елвис Али, програмски менаџер на Делегацијата на ЕУ за ИПА2 Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија.
Заедно со нашиот партнер,Црвениот крст Охрид програмскиот менаџер го запознавме со реализираните активности од Проектот: „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“.
Со овој проект, во општина Дебрца предвидена е реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во с. Брежани во планинарски дом, реконструкција на пропустите на патот од село Брежани до Илинска црква, набавка на опрема и специјално теренско возило Duster за спасување во зимски услови, како и обуки за прва помош во зимски услови, за локалното население.
Го посетивме и село Брежани каде по завршувањето на тендерската постапка, која е во тек ќе започнеме со активностите за реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во модерен планинарски дом.
И во оваа прилика изразувам голема благодарност до Делегацијата на ЕУ во Македонија, која ја поддржа имплементацијата на овој проект. – изјави градоначалникот Ногачески по средбата.