Mar 25, 2024
Во изминатите години водоснабдувањето беше во фокусот на интерес на општината, а со цел да се обезбеди квалитетно снабдување со вода за пиење на населените места.
На тој план, реализирани се повеќе проекти, но и покрај тоа има уште проблеми за решавање.
Еден од проблемите на кој во наредниов период ќе посветиме внимание е водоснабдителниот систем во село Мешеишта,кој јавното претпријатие го презеде во септември 2022 година.
Водоснабдителниот систем во Мешеишта,кој се презеде со долг за неплатени сметки за електрична енергија,во износ од околу 500.000 денари има и други аномалии.
Се работи за стар систем,граден во 70-те години на минатиот век,со големи загуби на вода,поради оштетувања на резервоарот и уличната мрежа,со пумпна станица со пумпи со застарена технологија, што има за последица поголема потрошувачка на електрична енергија.
Поради тоа, акцентот го ставаме на неколку активности:
- Деновиве ќе биде објавен тендерот за набавка на нова пумпа и замена на електричниот орман, како и за санација на постојниот/стариот резервоар,
- Во подготовка е техничка документација за оправданост од инсталирање на фотонапонска централа кај пумпната станица,
- Општината има изготвено техничка документација за реконструкција на уличната мрежа и бидејќи се работи за поголема инвестиција, за која општината сама не може да ги обезбеди потребните средства ,
Проектот на прв објавен повик ќе биде аплициран за обезбедување грант средства од домашните или меѓународните инвестициски фондови.
Mar 24, 2024
По спроведената постапка за јавна набавка на вертикална сообраќајна сигнализација општина Дебрца ќе врши набавка на сообраќајни огледала, кои ќе бидат поставени на места каде што нема или има мала видливост при приклучување во сообраќајот,со што се загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Од страна на општинските служби детектирани се повеќе такви критични места,каде ќе се постават сообраќајни огледала.
Ве повикуваме, доколку имате детектирано вакви места да доставите и Ваши предлози,каде што има потреба од поставување на ваква сообраќајна опрема на контакт телефон 046/286-855 или на mail: contact@debrca.gov.mk
Вашите предлози ќе бидат земени во предвид и доколку се оправдани ќе биде соодветно постапено, а во интерес на безбедно одвивање на локалниот сообраќај.
Mar 20, 2024
Денес се одржа работилница за изработка на првиот Интегриран локален развоен план (ИЛРП) на Општина Дебрца. На работилницата е утврдено дека општина Дебрца е специфична општина, со 30 населени рурални места, со огромен потенцијал за развој на (еко) туризам.
На работилницата, покрај претставниците од Локалниот развоен тим од Општина Дебрца, учествуваа претставници од локалните училишта, жители од повеќе населени места во општината, земјоделци, пчелари, преработувачи. Заедно, се обидуваа да дадат насоки за успешен, одржлив развој на општината.
Во наредниод период од странa на преставниците SEG Holding ќе се изработи SWOT анализа каде ќе бидат вметнати сите предложени мислења на присутните.
Оваа активност се спроведува во рамки на програмата „Зајакнување на општинските совети“, финансирана од Швајцарската влада преку Embassy of Switzerland in North Macedonia и Министерство за локална самоуправа а ја кофинансира и спроведува UNDP MK во соработка со национални и локални партнери.
Mar 14, 2024
Со проектот ќе се расчисти распаднатиот дел од селскиот дом , изгради тротоар , во должина од 66 метри, реконструкција на споменикот, изградба/асфалтирање на спортско игралиште,заградување со метална ограда,поставување столбови и рефлектори за осветлување, спортски реквизити/фудбалски стативи , кошеви, клупи,/.
Проектот се финансира со средства од Бирото за регионален развој,Програма за развој на подрачја со специфични развојни потреби за 2024 година и буџетот на општина Дебрца за 2024 година.
Работите ги изведува фирмата Маркоски 73 дооел Струга.
Feb 22, 2024
Почеток на развој на првиот интегриран локален развоен план (ИЛРП), за период 2024 – 2027 година, беше означен во Општина Дебрца каде претставниците на SEG Holding пред градоначалникот на општината ја презентираа методологијата на изработка на мета-планот за развој на целата општина.
Положбата на Општина Дебрца дава голема можност за туристичко-рекреативни активности, притоа, водејќи сметка за зачувување на природата. ИЛРП ќе ги дефинира сите начини за одржливост на природните ресурси, обезбедување на услови за раст на бројот на туристите и задржување на луѓето во општината.
Оваа активност се спроведува во рамки на програмата „Зајакнување на општинските совети“, финансирана од Швајцарската влада преку Embassy of Switzerland in North Macedonia и Министерство за локална самоуправа а ја кофинансира и спроведува UNDP MK во соработка со национални и локални партнери.
#ЗајакнувањеНаОпштинскитеСовети #ГраѓанитеНаПрвоМесто #CHinMK #SDGs
Изработката на интегрираниот локален развоен план за општина Дебрца е прв стратешки документ кој се базира на инклузивен – партиципативен пристап на локалната лидерска група и трите носечки столба на локалниот економски развој- : приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор. Четири годишната визија за развој на општина Дебрца се формира преку метод на анализа за конкретните проблеми, потреби и можности кај релевантните општествени чинители во општината. Така, преку прибирање на информации со методологија се формира база на потенцијални проекти од кои се формираат мерки и приоритети кои се групираат во стратешки цели чија реализација ќе претставува остварување на визијата за изгледот на општина Дебрца по истекот на 4 години.
Примарната цел на овој стратешки документ е разложување на визијата за просперитетна и економски силна општина на ниво на проекти, со што би се имал сеопфатен документ за презентација и промоција пред инвеститорите. Исто така, овој документ ќе послужи како база на проекти со кои би се аплицирало за грантови и донации пред домашни и странски институции и фондации. Оваа намена на интегрираниот локален развоен план е посебно важна за руралните и релативно финансиски слаби општини како општина Дебрца, кои повеќе од 90% од своите проекти ги реализираат преку грантови од надворешни донатори.
Feb 17, 2024
Деновиве општинскиот тим за јавни работи изврши чистење на крајпатната вегетација на општинските патни правци за селата Мраморец, Турје и Годивје.
Во наредниод период продолжуваме и во наредните населени места.