Dec 6, 2025
Денес започнавме со уредување на банкините кои со години претставуваа сериозна опасност за безбедноста во сообраќајот.

Паралелно се работи и на проширување на коловозот, со што значително ќе се подобри прегледноста и протокот на возила.

Оваа акција, која за прв пат се реализира по повеќе од 30 години, е уште еден чекор кон побезбедни и поквалитетни патишта во сите населени места.

Продолжуваме посветено – по сите населени места, со конкретни дела за подобра инфраструктура и побезбедно секојдневие за сите граѓани.
Dec 5, 2025
Почитувани граѓани,
Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2026 година.
Партиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет.
Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар во прилог на овој текст.
Посочете ги клучните проблеми и предлози за вашата месна заедница, со цел, локалната самоуправа да добие појасна претстава за потребите на граѓаните во сите месни заедници.
Во рамките на процесот ќе бидат одржани и посети по населени места каде јавноста навремено ќе биде информирана за посета на населените места и локациите за собири, ги повикуваме сите граѓани на општина Дебрца, да дадат свој предлог, идеа, мислење.
Предлозите може да се доставуваат и електронски преку пополнување на формуларот во прилог.
Секој пополнет формулар и секоја идеа ќе биде темелно прегледани од нашите вработени и предлозите за нови проекти ќе бидат земени во предвид при креирање на буџетските програми и Буџетот за 2026 година.
Dec 4, 2025
Денес спроведуваме акција за отстранување на насип од над 300 m² отпад. Ова е само една од многуте локации што ги идентификувавме и влегува во нашиот план за чистење на сите диви депонии низ општината.
Да бидеме одговорни – заедно!
Како локална самоуправа инвестираме во почиста и уредна животна средина, но успехот е можен само ако сите заедно бидеме внимателни. Апелираме до граѓаните:
• внимавајте каде го фрлате вашиот отпад и шут,
• пријавувајте несовесно однесување,
• заштитете ја природата што ни е доверена.
Нашата визија – чиста и зелена Дебрца
Целта ни е Дебрца да стане препознатлива како примерна, еколошки свесна општина, каде што грижата за околината е заедничка вредност.
Продолжуваме чекор по чекор
Активностите продолжуваат и на другите критични точки. Чекор по чекор да ја вратиме вистинската убавина на нашата општина.
Dec 2, 2025
Денеска бев на увид на градежните работи на улица во с. Мешеишта. Се поставува нов асфалт, со што значително ќе се подобри инфраструктурата и секојдневното движење на жителите.
Продолжуваме со реализација на проекти во сите населени места на Општина Дебрца.

Nov 26, 2025
Во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање е извршена достава на вкупно 480 канти за отпад со капацитет од 120 литри чија цел е унапредување на управувањето со комуналниот отпад и подобрување на животната средина.
Со испораката на новите канти, Општина Дебрца ќе го подобри системот за собирање отпад, со што ќе се придонесе кон почиста и уредена животна средина за жителите на општината.
Општина Дебрца изразува благодарност до Министерството за животна средина за континуираната поддршка и успешната соработка.
Nov 21, 2025
Градоначалникот на терен заедно со екипите на ЈКП Дебрца, и по целодневната работа и понатаму ја следи состојбата на критичните точки низ општината.
Поради обилните врнежи изминативе денови, на територијата на нашата општина се појавија повеќе критични точки и поплавени делници.
Екипите на ЈКП Дебрца, заедно со приватните компании кои активно помагаат, непрекинато и во ноќните часови работат на терен за санирање на последиците.
Сѐ што е возможно од човечки фактор, механизација и логистика е ставено во функција за заштита на населените места.
Наша обврска е да реагираме брзо, организирано и ефикасно – и тоа го правиме.
Ги и замолувам граѓаните за разбирање и внимателност при движење низ нашата општина. Воедно, голема благодарност до сите работници кои неуморно се вложуваат во овие тешки услови