Mar 18, 2025
Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ број 5/02) и Правилникот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република С.Македонија, број 01-400/1, од 18.03.2025 година, Градоначалникот на општина Дебрца, објавува :
КОНКУРС
за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2024/2025 година
I.ВОВЕД
Општина Дебрца за студиската 2024/2025 година ќе додели стипендии на редовни студенти од општина Дебрца, запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија .
- УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат кандидатите кои студираат на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:
- да се редовни студенти од I година, кои во текот на средното образование постигнале континуиран одличен успех;
- да се редовни студенти на повисоките години кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа: за студенти запишани на студиски програми од информатика, природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки да имаат постигнато просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,50 , а за студентите на факултетите од општествените науки, на факултетите од уметностите и на другите студиски програми да имаат постигнато најмалку 8,00 просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година;
- да не повторувале година во текот на студирањето;
- да не се корисници на стипендија од други установи, институции или фирми;
- да се државјани на Република С.Македонија и жители на општина Дебрца.
Критериум за доделување на стипендиите се:
-Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2024/2025 година за сите студиски програми.
-Студентите кои немаат положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено најмалку 80 % од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само два испита помалку од вкупно предвидениот број на испити.
III.НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Студентите кои се пријавуваат по конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.debrca.gov.mk.
Со Пријавата потребно е да се достават следните документи:
- Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2024/2025 година ( оригинал );
- Уверение за положени испити од претходните години ( студентите од I година доставуваат фотокопие од свидетелства од I-IV година средно образование);
- Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија;
- Изјавана кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во пријавата;
- Изјаваза користење и обработка на личните податоци на кандидатот , со која се согласува општина Дебрца по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка;
- Фотокопија од индексот;
- Копија од трансакциска сметка на студентот.
МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Пријавата со потребните документи, кандидатите треба да ги достават во рок од 15 работни дена, а најдоцна до 08.04.2025 година, на адреса: Општина Дебрца, 6344 село Белчишта , во затворен плик, со назнака: „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички и студентски стипендии“.
- ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА
Висината на стипендијата ќе изнесува 3.000,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.
VI.ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Пријавите нема да бидат разгледувани ако доставената документација е:
-некомплетна и/или
-ненавремено доставена.
Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен најдоцна до 15.04.2025 година на интернет страницата на Општина Дебрца.
Студентите кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со општина Дебрца со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски.
ПРИЛОГ:П Р И Ј А В А- ИЗЈАВИ – студенти
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Градоначалник
Зоран Ногачески
Mar 18, 2025
Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ број 5/02) и Правилникот за доделување стипендии на одлични ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република С.Македонија ,број 01-401/1 од 18.03.2025 година, Градоначалникот на општина Дебрца, објавува :
КОНКУРС
за доделување стипендии на одлични ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2024/2025 година
I.ВОВЕД
Општина Дебрца за учебната 2024/2025 година ќе додели стипендии на одлични ученици од општина Дебрца, запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Македонија.
- II. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:
- да се редовни ученици од I година, кои во текот на основното образование постигнале континуиран одличен успех;
- да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале континуиран одличен успех;
- да не повторувале година во текот на образованието;
- да имаат континуирано примерно поведение;
- да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
- да се државјани на Република С.Македонија и жители на општина Дебрца.
Критериум за доделување на стипендиите се:
-остварениот успех,
-освоени награди на меѓународни/државни натпревари освоени во текот на претходните две учебни години за учениците од прва година, односно во текот на претходната учебна година за учениците од II, III и IV година.
III.НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.debrca.gov.mk.
Со Пријавата потребно е да се достават следните документи:
- Извод на родени на ученикот ( копија );
- Копија од трансакциска сметка на ученикот (доколку има) или на еден од родителите;
- Потврда дека е редовен ученик во учебната 2024/2025 година;
- Фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение);
- Фотокопии од дипломи за освоени награди на државни и/или меѓународни натпревари;
- Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија;
- Изјавапотпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во пријавата;
- Изјава потпишана од родител-старател за користење и обработка на личните податоци на кандидатот , со која се сложува Општина Дебрца по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка.
- IV. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Пријавата со потребните документи, учениците треба да ги достават во рок од 15 работни дена, а најдоцна до 08.04.2025 година, на адреса: Општина Дебрца, 6344 село Белчишта , во затворен плик, со назнака: „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички и студентски стипендии“.
- ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА
Висината на стипендијата ќе изнесува 2.500,00 денари месечно, за девет месеци во текот на учебната година.
VI.ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Пријавите нема да бидат разгледувани ако доставената документација е:
-некомплетна и/или
-ненавремено доставена.
Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен најдоцна до 15.04.2025 година на интернет страницата на Општина Дебрца.
Учениците кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со општина Дебрца со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски.
ПРИЛОГ:
ПРИЈАВА – ИЗЈАВИ – ученици
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Градоначалник
Зоран Ногачески
Feb 28, 2025
Деновиве во едукативна посета на Белчишко Блато и центарот за посетители на Белчишкото Блато во село Белчишта, посетители ни беа гостите од од Турција во рамките на Еразмус програмата каде им беа презентирани дел од етнолошкото и природното богатство на општина Дебрца.Посетата беше организирана од страна на здружението ,,Екотуризам “ од Охрид во соработка со Младински Центар Охрид.

Воедно се одржа и Едукативна посета на Белчишко Блато и центарот за посетители, со учениците од ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид и РЦСОО “Ванчо Питошески”- Охрид, со цел јакнење на свеста на младите за значењето на блатните екосистеми и биолошката разновидност во нашето опкружување. Борбата против климатските промени е прашање на нашиот опстанок, а Зелената агенда е начин да се спроведе и да се приспособиме на променетите климатски услови. Зелената агенда за Западен Балкан се состои од 5 столба: 1) Декарбонизација: климатска акција, зелена енергија и одржлив транспорт 2) Циркуларна економија 3) Борба против загадувањето 4) Одржливо производство на храна и одржливи рурални средини и 5) Биодиверзитет: Заштита и реставрација на природата и екосистемите.

Посетата се одржа во рамки на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената Агенда за Западен Балкан на локално ниво“, имплементиран од Центар за климатски промени и партнерските организации Eco-Green Movement, Berovo, Регионално географско друштво „ГЕОСФЕРА“ – Битола, Екотуризам Охрид / Ecotourism Ohrid Младинска организација Креактив, Foundation for Local and IT Development- Gevgelija, National Roma Centrum и Eco Action Tetovo, а е финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas
Jan 27, 2025
Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина на дланка“, иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинските веб-страници.
Кампањата е подготвена од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка со Министерството за локална самоуправа. Нашата општина активно соработува со овој проект со цел:
- Подобрување на управувањето со општинските јавни финансии;
- Поефикасно планирање и извршување на буџетот;
- Зголемување на фискалната транспарентност и отчетност;
- Унапредување на прибирањето приходи од сопствени извори;
- Поголем пристап до надворешни извори на финансирање;
- Создавање услови за вклучување на приватниот сектор.
Целта на кампањата „Општина на дланка“ е да ги информира граѓаните и бизнисите за нивните права и обврски, како и да им обезбеди полесен пристап до општинските услуги.
Во рамките на кампањата, редовно ќе ги ажурираме нашите комуникациски канали со нови информации во надлежност на општината кои ќе ги поттикнат граѓаните да учествуваат во процесите на одлучување и да бидат активно информирани за функционирањето на општината.
Ги покануваме сите граѓани и заинтересирани страни да се приклучат на оваа иницијатива и да ја поддржат кампањата, која ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа.
Посетете ја веб-страницата на општината, пребарајте и добијте ги потребните информации.
Вклучете се во креирање на транспарентна општина.
Дознајте повеќе за:
Општина на дланка (мк)

Jan 23, 2025
По изминувањето на три години од вториот градоначалнички мандат даваме преглед-потсетување на поголемиот дел од реализираните инфраструктурни проекти и активности, во периодот од 04.11.2021 до 31.12.2024 година
- Реконструкција ( замена на метални цевки со нови полиетиленски фи 300 ) на дел од водоснабдителен систем “Св.Еразмо”, во должина 180 метри, вредност 3.782.826 денари.
- ОРОВНИК
- Реконструкција и адаптација на влезниот дел од училишната зграда, вредност 587.300 денари,
- Асфалтирање на три улици, во должина од 900 метри,
- Поставување на топловодно греење со топлинска пумпа во училиштето,вредност 793.123 денари,
- Санација на спортското игралиште во училишниот двор и поставување на рефлектори, вредност 508.344 денари
- Уредување на просторот кај селската чешма,прва фаза / завршена/ и втора фаза/при крај/.
- ГОРЕНЦИ
- Изградба на тротоар на главната влезна улица во селото,во должина од 529 метри, вредност 2.615.598 денари
- Асфалтирање на три улици и патот до црква “Св.Атанасије”, во должина од 700 метри
- ТРЕБЕНИШТА
- Реконструкција на задружниот дом / 2 фаза, вредност 3.799.000 денари
- Изградба на детско игралиште, вредност 2.605.212 денари
- Асфалтирање на улица , во должина од 152 метри, вредност 599.754 денари
- Асфалтирање на патот од поштата до црквата “Св.”Недела”,во должина од 200 метри
- Тампонирање на полски пат, во должина од 700 метри, вредност 999.391 денари
- Осветлување на дел од патот Требеништа- Волино,во должина од 700 метри,вредност 560.300 денари
- ВОЛИНО
- Реконструкција на улици, во должина од 1394 метри / во тек/ , вредност околу 34 милиони денари
- Изградба на пумпна станица број 3 од канализационен систем, вредност 2.831.604 денари
- Асфалтирање на улица во должина од 280 метри,вредност 1.246 474 денари
- тампонирање на пристапен пат,во должина од околу 750 метри, во местноста “Аџица”,
- Тампонирање на полски пат од местноста “Врпче” до местноста “Ѓорамидница”, во должина од 1,1 км.
- Поставување на рефлектори на спортскиот полигон.
- МЕШЕИШТА
- Реконструкција на фудбалско игралиште и соблекувална, вредност 1.359.537 денари
- Асфалтирање на две улици, во должина од 452 метри, вредност 1.730.364 денари
- Изградба на 13 секундарни канализациони краци,во вкупна должина од 1.340 метри и 41 ревизиона шахта,вредноста 6.802.682 денари или околу 110.000 евра,
- Во функција ставена е новата вертикална центрифугална пумпа и командна табла во пумпната станица за водоснабдување на селото, вредност 771.040 денари.
- КЛИМЕШТАНИ
- Реконструкција на објект на месна заедница, вредност 1.003.000 денари
- БОТУН
- Реконструкција на улица, во должина од 182,5 метри, вредност 878.047 денари
- Реконструкција на објект на месна заедница/поранешна селска продавница, вредност 2.022.225 денари
- Заградување на училишниот двор и уредување на мини детско игралиште,вредност 335.710 денари,
- Поставување на јавно осветлување до манастирската црква Св.Богородица-900 метри кабел и 18 сијалични места/вандерми,
- БЕЛЧИШТА
- завршување со реконструкцијата на старата касарна, проект consse-pp, прегугранична соработка Македонија-Грција
- Реконструкција на административна зграда на општината / 1 фаза, вредност 4.461.007 денари
- Реконструкција на административната зграда на општината /2 фаза,вредност 5,5 милиони денари
- Асфалтирање на пат до црква “Св.Јован”, во должина од 93 метри, вредност 423.721 денари и уличка, во должина од 26 метри, вредност 98.463 денари
- Уредување/бетонирање на речното корито во центарот на селото,во должина од 150 метри,вредност 764.050 денари
- ЗЛЕСТИ
- Се изгради модерен мултифункционален спортски полигон и санација на споменикот во центарот на селото, вредност 3.998.872 денари
- Регулација на каналот за наводнување, во должина од околу 360 метри, вредност 1.056.000 денари
- ЛЕШАНИ
- Изградба на фекална канализација/ 1 фаза, вредност 15.682.500 денари
- БРЕЖАНИ
- Завршување со реконструкција на стара училишна зграда и пренамена во планинска куќа, проект прегугранична соработка Македонија-Албанија, вредност 7.903.133 денари
- ЦРВЕНА ВОДА
- Асфалтирање на пат до “Бела Каса”, во должина од 174 метри, вредност 691.520 денари
- СЛИВОВСКИ АНОВИ
- Санација на Спомен чешма и уредување на просторот, вредност 235.762 денари
- СЛИВОВО
- Реконструкција на каптажа и нов водоводен крак, во должина од 400 метри, вредност 468.608 денари,
- Тампонирање на патот до црквата Св.Атанасије,во должина од 550 метри
- ВРБЈАНИ
- Санација на кровна конструкција на Селски дом, вредност денари 432.470 денари
- Тампонирање на две улички,во должина од 120 метри
- ГОДИВЈЕ
- Асфалтирање на улица , во должина од 144 метри, вредност 561.786 денари
- Санација на кровната конструкција на Селскиот дом,вредност 751.778 денари
- Уредување со бекатон плочки на просторот кај црквата Св.Вартоломеј,површина 950 м2,вредност 1.391.220 денари
- ЛАКТИЊЕ
- Регулација на главен канал за наводнување, во должина од 132 метри, вредност 313.054 денари
- Асфалтирање на селскиот плоштад и дел кај мостот на патот кон село Годивје,вредност 1.658.549 денари,
- АРБИНОВО
- Изградба на водоводен крак, во должина од 300 метри и водоводен крак, во должина од 900 метри , вредност 300.000 денари
- Набавка на нова пумпа за водоснабдување
- ПЕСОЧАНИ
- Асфалтирање на главната улица,во должина од 1,1 км,вредност 3.463.123 денари
- ОЗДОЛЕНИ
- Асфалтирање на улица од центарот на селото до црква Св.Никола,во должина од 200 метри,вредност 794.904 денари,
- СЛАТИНО
- Асфалтирање на две улички,во должина од 130 метри,
- ВЕЛМЕЈ
- Асфалтирање улица во должина од 110 метри и рехабилитација/повторно асфалтирање на спортското/одбојкарското игралиште пред селскиот дом,вредност 679.722 денари
- Осветлување на Светиот Крст, во црквата “Св.Спас “.
- ИЗДЕГЛАВЈЕ
- Со гребен асфалт тампониран е патот до црквата “Св.Димитрија”, во должина од 1 км.
- СОШАНИ
- Тампонирање на патот од село Сошани до црквите “Св.Ѓорѓија” и “Св.Никола Талалеј “, во должина од 1 км
- ГРКО ПОЛЕ
- Тампониран е патот во местноста “Средно Поле”, КО-Лешани,на потегот од асфалтираниот пат за село Грко Поле до поранешната воденица, во должина од околу 570 метри.
- НОВО СЕЛО
- Пробивање, чистење од околните дрвја,порамнување, валирање на подлото и тампонирање на патот од црквата Св.Богородица до изворите на блатото, во должина од околу 1 км.
- ИЗВРШЕНО Е
- Крпење на ударни дупки на асфалтните коловози на пат село Издеглавје-село Слатино, село Сливово-село Мраморец, пат за село Црвена Вода и улица во село Волино, вредност 255.446 денари
- Тампонирање со гребен асфалт на банкини на пат село Мешеишта-село Волино и дворно место на црква “Св.Василиј”, село Белчишта
- Поставување на настрешници на автобуски стојалишта во село Велмеј, село Лешани и село Злести, преку проект за прекугранична соработка Македонија-Албанија
- Набавка на 323 канти за комунален отпад, 240 литри, програма за рамномерен регионален развој и 78 канти од 12о литри преку Министерството за животна средина
- Редовно и навремено зимско одржување ( чистење на снег ) на општинските патишта и улици, одржување на јавното осветлување , косење на крајпатната вегетација и одржување на јавните површини
- Чистење на диви депонии ( во м.в.”Селиште” и м.в.”Чифлиска Краста”-село Белчишта, кај фудбалско игралиште село Лешани, на влез село Годивје, кај брана на река Сатеска, село Волино, кај мост на патот село Волино-село Требеништа и др. )
- И ВО ИЗМИНАТИТЕ 3 ГОДИНИ НАВРЕМЕНО И КОНТИНУИРАНО
- Доделувавме ученички и студентски стипендии
- Награди првенец и ученици на генерација во основното училиште
- Еднократна финансиска поддршка за талентираните ученици и спортисти
- Воведовме еднократна финансиска поддршка од по 5.000 денари за секое запишано прваче и за секој полуматурант
- Субвенции за купување нов велосипед
- Еднократна финансиска поддршка за склучен брак и за новороденче, доделивме 100.000 денари на родителите на трите новороденчиња-близначиња
- Еднократна финансиска поддршка за лекување,претрпена материјална штета и за лица изложени на социјален ризик,
- Финансиска поддршка за спортските клубови, спортски манифестации ,верските манифестации и здруженија на граѓани
- Организиран превоз за спортските екипи и екскурзии на учениците
- Субвенции за општински линиски превоз на патници
- Преземен е долгот на ЈПКД “Дебрца” за електрична енергија, во износ од 19.350.511 денари и истиот редовно се сервисира од општината
- Општината го презеде плаќањето на тековните сметки за електрична енергија за сите пумпни станици за водоснабдување и редовно ги плаќа,со што обезбедуваме стабилност во водоснабдувањето
- Исплатен е долгот на општината за изработка и донесување на урбанистички планови за 11 села, во износ од 16 милиони денари
- Со проектните активности на Здружението за екологија и туризам “Еко-туризам 2016” подготвена е и поднесена до Министерството за животна средина потребната документација за прогласување на Белчишкото Блато “Сини Вирој” за заштитено подрачје, а Владата донесе одлука за потребата од прогласување на Белчишкото Блато за заштитено подрачје, Парк на природата
- Отворен е Изложбениот центар на Белчишко Блато / природонаучна и етнолошка збирка,
- На минимум ги сведовме непродуктивните трошоци / и во изминатите три години трошоците за репрезентација и службени патувања на градоначалникот изнесуваат нула денари.
- И пред се и над се, финансиската 2024 година ја завршивме без долгови и со историски највисоко позитивно салдо, што претставува приближно едногодишен буџет на општината остварен од изворните приходи.
Во 2025 година продолжуваме со нови проекти.
Dec 31, 2024
Во село Оровник завршено е монтирањето на централно топловодно греење во училишната зграда.
Монтирана е топлинска пумпа 34 kW и 21 челични панелни радијатори.
Вкупната вредност на работите изнесува 793.123 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година, Програма за основно образование, средства од сметката на ООУ Дебрца.