Jan 13, 2025
Известување за достапност на документ Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за проектот „Рехабилитација на локална улица во н.м. Волино во општина Дебрца“ во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Дебрца аплицираше со проект за „Рехабилитација на локална улица во н.м. Волино во општина Дебрца“. Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот. Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 13.01.2025 година официјалните веб страници на:
• Општина Дебрца: https://debrca.gov.mk/
• ЕИП: www.wbprojects-mtc.mk или
• МТ: http://mtc.gov.mk/
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на Интернет страницата.
Прилог:
ESMP CHL VOLINO_APPROVED BY PIU_MK
ФОРМУЛАР ЗА КОМЕНТАРИ ОПШТИНA ДЕБРЦА
Jan 13, 2025
Екипите на Општина Дебрца и ЈПКД-Дебрца и дополнително ангажираната механизација уште во текот на вчерашниот ден се на терен, од раните утрински часови за чистење на снегот на територијата на Општина Дебрца.
Првенствено се чистат главните патни правци до населените места.
Поради обилните врнежи и наноси некои патни правци ,особено оние кон планинските села се чистат по неколку пати.
Чистењето на патните правци,вклучително и на улици во селата каде што има потреба ќе продолжи се до обезбедување на нивна проодност.

Апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да се придржуваат до препораките за безбедност во зимски услови
Благодариме на разбирањето и соработката на сите жители на општина Дебрца.
Jan 9, 2025
Пред крајот на 2024 година заврши уште еден проект-реконструкција на објектот на месната заедница село Климештани.

Се изврши реконструкција на кровот,замена на прозорци и врати ,обработка на внатрешни ѕидови,тавани со кнауф,надворешна фасада со абрип,бетонски тротоари.
Вкупната вредност на работите изнесува: 1.003.000 денари,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината.
Dec 31, 2024
Во село Оровник завршено е монтирањето на централно топловодно греење во училишната зграда.
Монтирана е топлинска пумпа 34 kW и 21 челични панелни радијатори.
Вкупната вредност на работите изнесува 793.123 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година, Програма за основно образование, средства од сметката на ООУ Дебрца.
Dec 3, 2024
Денес се одбележува 3 Декември-Светскиот ден на лицата со посебни потреби.
И не само денес, туку секој ден треба да им го посветуваме на овие лица и да обезбедиме нивна целосна инклузија во општеството.
Како општина и во изминатиот период и во иднина ќе преземаме повеќе мерки за подобрување на нивната општествена положба ( финансиска поддршка на програмските активности на нивните здруженија, олеснет пристап до јавните институции и други активности на кои сме обврзани и со националното законодавство и со меѓународните договори ).
Nov 28, 2024
На Вчерашната седница на советот на општина Дебрца беа усвоени дополнувањата на Правилникот за доделување на еднократна парична помош, со што се создаде можност на предлог на Комисијата за финансирање и буџет градоначалникот на општината да донесе решение за доделување на еднократна парична помош, во износ од 30.000 денари, за лекувањето на малата Теодора Петреска.
Посакуваме Теодора да се излекува и да биде како сите други дечиња, да има среќно и безгрижно детство.