Select Page
26 то издание на Турнирот во мал фудбал “Богородица Куп 2024” Волино

26 то издание на Турнирот во мал фудбал “Богородица Куп 2024” Волино

Најзначајната спортска манифестација која во моментов се оддржува во општина Дебрца е 26 то издание на Турнирот во мал фудбал “Богородица Куп 2024” Волино.

Општина Дебрца и оваа година е генерален покровител на турнирот и истиот го помогна со 60.000 денари.

Општината ги помогна и следните спортски манифестации:

Турнир “Св.Никола” Требеништа, со 60.000 денари

Турнир “Петровден “Мешеишта,со 60.000 денари,

Меморијален турнир “Кире Николоски Камачо”,Лешани,со 30.000 денари,

Турнир “Илинден 2024”,Оровник,со 60.000 денари,

Средба на генерации на ФК.”Дебрца”,Белчишта,со 15.000 денари

Меморијален турнир “Михаел Мирчески”, Слатино,со 30.000 денари.

Фк “Сатеска” Волино и ФК “Славеј” Мешеишта,кои ќе настапуваат во регионалната лига ќе добијат финансиска поддршка од по 100.000 денари,а фудбалските клубови кои ќе се натпреваруваат во општинската лига по 30.000 денари.

Како општина определени сме и во иднина да даваме поддршка на спортот и младите.

Со ревијален натпревар и сечење на лента пуштен во употреба новиот мултифункционален спортски полигон во село Злести

Со ревијален натпревар и сечење на лента пуштен во употреба новиот мултифункционален спортски полигон во село Злести

Во село Злести, со пригодна свеченост, во организација на гостопримливите злестовци,со ревијален натпревар и сечење на лента се пушти во употреба новиот мултифункционален спортски полигон,изграден во центарот на селото на местото од руината на дел од селскиот дом.

Вкупната вредност на работите изнесуваше 3.998.672 денари,од кои 2.500.000 ги обезбеди Бирото за регионален развој,Програма за развој на подрачја со специфични развојни потреби, а 1.498.672 денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2024 година.

 

Нека е аирлија и со здравје да се користи,исполнет со поголем број на дечиња и секако за рекреација и на повозрасните.

 

 

Заврши  проектот уредување  на дел од централното селско подрачје во Злести

Заврши проектот уредување на дел од централното селско подрачје во Злести

Во село Злести завршен е проектот за уредување на дел од централното селско подрачје.

На местото од руината на дел од селскиот дом изграден е модерен мултифункционален спортски полигон.

Извршена е санација на споменикот во центарот на селото.

Вкупната вредност на работите изнесуваше 3.998.672 денари,од кои 2.500.000 ги обезбеди Бирото за регионален развој,Програма за развој на подрачја со специфични развојни потреби, а 1.498.672 денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2024 година.

 

Започна реконструкцијата на спортскиот полигон во село Оровник

Започна реконструкцијата на спортскиот полигон во село Оровник

Во село Оровник започнаа работите за реконструкција на спортскиот полигон.

Ќе се изврши санација на заштитните огради,ново рефлекторско осветлување,како и набавка на кошаркарски табли и обрачи.

Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.

 

Листа на проекти кои се отпочнати или треба да започнат со изградба во населените места во Општина Дебрца

Листа на проекти кои се отпочнати или треба да започнат со изградба во населените места во Општина Дебрца

Продолжуваме или започнуваме со годинешните планирани проекти,кои поради изборните правила беа во мирување или не можеа да започнат.

Деновиве продолживме или ќе започнеме со проектите,за кои се завршени постапките за јавни набавки.

Дел од нив се:

  1. Изградба на спортско игралиште и уредување на просторот кај споменикот во село Злести /проектот е во завршна фаза,
  2. Реконструкција на општинската зграда во село Белчишта /реконструкција на големата сала,административните простории,надворешна фасада и др.
  3. Реконструкција на објект-поранешна продавница во село Ботун/ проектот е во тек
  4. Реконструкција на кровната конструкција на Домот во село Годивје,
  5. Регулирање на канал за наводнување-одводнување во село Злести
  6. Заградување на училишниот двор во село Ботун
  7. Реконструкција на спортско игралиште во село Оровник
  8. Уредување на просторот кај чешмата во село Оровник
  9. Изградба на три канализациони краци во село Мешеишта,
  10. Набавка на нова пумпа и реновирање на стариот резервоар за водоснабдување во село Мешеишта
  11. Тампонирање на пат до црква Св.Димитрија во село Издеглавје,
  12. Тампонирање на пат до црква Св.Никола Талалеј во село Сошани
  13. Тампонирање на пат до црква Св.Атанасије, село Сливово
  14. Осветлување на светиот крст во црква Св Спас,село Велмеј
  15. Поставување на јавно осветлување на патниот правец село Требеништа-село Волино.
  16. Санација на рефлектори на спортските полигони

Во наредниот период,по завршување на тендерските постапки ќе започнеме и со други проекти.

 

Започна реализацијата на проектот за уредување на центарот и изградба на спортско игралиште во село Злести

Започна реализацијата на проектот за уредување на центарот и изградба на спортско игралиште во село Злести

Со проектот ќе се расчисти распаднатиот дел од селскиот дом , изгради тротоар , во должина од 66 метри, реконструкција на споменикот, изградба/асфалтирање на спортско игралиште,заградување со метална ограда,поставување столбови и рефлектори за осветлување, спортски реквизити/фудбалски стативи , кошеви, клупи,/.

Проектот се финансира со средства од Бирото за регионален развој,Програма за развој на подрачја со специфични развојни потреби за 2024 година и буџетот на општина Дебрца за 2024 година.

 

Работите ги изведува фирмата Маркоски 73 дооел Струга.