Јавен Оглас: За работно ангажирање на невработени лица по Годишната програма за јавни работи
Пријавата за Јавни работи 2018 година,Општина Дебрца можете да ја превземете со кликање ТУКА
Пријавата за Јавни работи 2018 година,Општина Дебрца можете да ја превземете со кликање ТУКА
| Датуми | Локација | Донатор
|
Опис на проект |
| 2015
10/ 2016 |
Општина Дебрца | Министерство за финасии на Република С. Македонија | Набавка на специјално возило за собирање на комунален отпад ,,проект за подобрување на општинските услуги MSIP-NCB-065-16,,. |
| 05/2018 – 09/2020 | Општина Дебрца | Здружение за екологија и туризам ЕКОТУРИЗАМ-2016, Охрид
|
Севкупно управување со проекти, вклучувајќи: Следење и проценка на клучните видови / живеалишта / птици во Белчишко Блато во врска со Директивата за птици и живеалишта; Подготвен извештај за екосистемските услуги и план за спроведување на приоритетните мерки; Подготовка и организација на модул за обука за одржлив развој на туризмот и рекреацијата во мочуриштето во Белчишта; Подготовка и организација на модул за обука за општински службеници / локални чинители; Развој на мала инфраструктура за поддршка на одржлив туризам; и спроведување на кампања за комуникација, едукација и јавна свест |
| 09/2014 – 12/2017
|
Општина Дебрца | РЕЦ Будимпешта, канцеларија во Скопје Контакт лице:
Милена Манова Илиќ, MManovaIlikj@rec.org |
,,Белчишко блато во нашите срца,,
1) ангажирање на локална заедница во мапирање на екосистемите на мочуриштето и на локалитетите за културното наследство 2) подигнување на свеста на локалната заедница за важноста на употреба на Белчишкото блато и негово назначување како Мапа на Натура 2000 (памфлети и информативни панели за мочуриштето) 3) изготвување на план за зачувување на Белчишко Блато во Заедницата како иднина на сајтот NATURA 2000 |
| 10/2017-
12/2018 Износ – 260.000,00€ |
Општина Дебрца | Министерство за Финасии на Република С. Македонија | Набавка на четири комунални возила и реконструкција на две локални улици во Општина Дебрца
Проект за подобрување на општинските услуги (MSIP) MSIP-IPA-NCB-022-18 |
| 12/2016 –
12.2019 Износ – 240.621,00€ |
Општина Дебрца | Прекугранична соработка С.Македонија – Грција, Министерство за локална самуправа | Подобрување на заштитата на приоритетните растенија во прекуграничната област под акроним ,, Conse-pp.
|
| 03/2016-
09/2017 |
Општина Дебрца | Министерство за локална самуправа Биро за регионален развој | Проект за санација и реконструкција на културен дом Село Лешани |
| 02/2015-
2016 |
Општина Дебрца | Ценатр за Југозападен плански регион | Проект за санација и реконструкција на школо село Оровник |
| 2017 | Општина Дебрца | Центар за југозападен плански регион | Проект за санација и реконструкција на школо село Ботун |
| 2015-2016 | Општина Дебрца | Министерство за транспорт и врски – Европска инвестициона банка | Изградба на регионален колектор за одведување на отпадни води од село Мешеишта до регионален колектор на Охридско езеро |
| 05/2018
12/2018 |
Општина Дебрца | Министерство за животна средина | Изработка на техничка документација за секундарна канализација село ,мешеишта |
| 2017 | Општина Дебрца | Министерство за животна средина | Изработка на техничка документација за канализација село Ново Село |
| 2017 |
Општина Дебрца |
Министерство за локална самуправа Биро за регионален развој | Реконструкција на дом село Злести |
| 2015/2016 | Општина Дебрца | Агенција за финсиска пордшка во земјоделство и рурален развој | Реконструкција на локален пат село Злести село Лешани |
| 2015/2016 | Општина Дебрца | Агенција за финсиска пордшка во земјоделство и рурален развој | Изградба на канализациона мрежа село Горенци |
| 2015/ 2016 | Општина Дебрца | Агенција за финансиска подршка во земјоделство и рурален развој | Реконструкција на улици во должина од 1.км во село Ботун |
| 2014/2015 | Општина Дебрца | Агенција за финансиска подршка во земјоделство и рурален развој | Изградба на канализациона мрежа село Мешеишта |
| 2016 | Општина Дебрца | Министерство за транспорт и врски – Европска инвестициона банка | Реконструкција на водоводна мрежа село Требеништа |
| 2016 | Општина Дебрца | Биро за регионален развој | Изградба на резервоар во село Требеништа |
( Тековни Проекти ):
| Датуми | Локација |
Компанија/Министерство
|
Опис на проект |
| 10/2017-
12/2018 |
Општина Дебрца | Министерство за Финасии на Република Македонија | Набавка на четири комунални возила и реконструкција на две локални улици во Општина Дебрца
Проект за подобрување на општинските услуги (MSIP) MSIP-IPA-NCB-022-18 |
| 12/2016 –
12.2019 |
Општина Дебрца | Прекугранична соработка Македонија – Грција – Носител Општина Дебрца од Република Македонија | Подобрување на заштитата на приоритетните растенија во прекуграничната област под акроним ,, Conse-pp.
|
| 05/2018
12/2018 |
Општина Дебрца | Министерство за животна средина | Изработка на техничка документација за секундарна канализација село ,мешеишта |
| 11.09/2018
2019 |
Општина Дебрца | UNDP | а) подготовка на интегриран и вклучен план за локален развој и
б) приоретизирање и спроведување на еден приоритетен проект вреден 26.000 евра |
| 08/2018
30.10.2018 |
Општина Дебрца | Биро за регионален развој/ Центар за Развој на Југозападен плански регион | Реконструкција на Стара училишна зграда со пренамена во центар на заедницата село Волино |
| 01.10/2018
30.11.2018 |
Општина Дебрца | Буџет на општина Дебрца | Санација и реконструкција на Објект на месна Заедница село Горенци |
| 05/2018 – 09/2020 | Општина Дебрца | Здружение за екологија и туризам ЕКОТУРИЗАМ-2016, Охрид
|
Севкупно управување со проекти, вклучувајќи: Следење и проценка на клучните видови / живеалишта / птици во Белчишко Блато во врска со Директивата за птици и живеалишта; Подготвен извештај за екосистемските услуги и план за спроведување на приоритетните мерки; Подготовка и организација на модул за обука за одржлив развој на туризмот и рекреацијата во мочуриштето во Белчишта; Подготовка и организација на модул за обука за општински службеници / локални чинители; Развој на мала инфраструктура за поддршка на одржлив туризам; и спроведување на кампања за комуникација, едукација и јавна свест |
| 20.09.2018 до
20.10.2018 |
Општина Дебрца | Буџет на општина Дебрца | Партерно уредување на Школо во село Оровник |
| 11.12.2018/
31.08.2019 |
Општина Дебрца | ИПА 2 Повик ПЛРК (локална и регионална конкурентност) во фаза на разгледување | Подобрување на условите за развој на руралниот туризам на локалитет сини вирој (Белчишко Блато) |
| Општина Дебрца | Агенција за финансиска подршка и рурален развој во фаза на разгледување | Реконструкција на Пат во село Белчишта село Злести | |
| Општина Дебрца | Агенција за финансиска подршка и рурален развој во фаза на разгледување | Изградба на канализација село Волино | |
| 2013/2019 | Општина Дебрца | Агенција за финансиска подршка и рурален развој | Урбанизација на населени места во општина Дебрца |
| Општина Дебрца | Агенција за финансиска подршка и рурален развој во фаза на разгледување | Реконструкција на локален пат село Арбиново | |
| 2019/ | Општина Дебрца | Прекугранична соработка Македонија – Албанија – ЕУ ИПА CBC |
„Нови Можности за Безбеден Зимски Авантуристички Туризам“, |
КАКО ДО ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ?
ЗА ДА ДОБИТЕ ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ НАЈПРВИН ТРЕБА ДА ГИ ИЗВАДИТЕ СЛЕДНИТЕ ДОКУМЕНТИ:
ИЗВОД ОД УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН
ПО ПОТРЕБА УСВОЕН АРХИТЕКТОНСКО УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ
***************************************************************************************************************
I. ИЗВОД ОД УРБАНИСИТЧКО – ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
* Изводот е основа за изработување основен проект за градба ;
II. ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА
За да добиете ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА доставете ги следните документи:
1. Пополнето Барање за Одобрение за градба;
2. Доставете правно дело за уредување на меѓусебните права и обврски склучен помеѓу инвеститорите за изградба на градбата , (доколку станува збор за повеќе инвеститори меѓу кои има и физички лица заверено кај Нотар) .
3. Архитектонско – урбанистички проект заверен од надлежен орган доколку со урбанистичкиот план или локалната урбанистичка планска документација е предвидена изработка на овој проект,
4. Основен проект во три примерока,
5. Писмен извештај и согласност за нострификација ( доколку проектот е изработен во странство
6. Ревизија на основен проект во три примерока ( но не и за градби наменети за индивидуално домување со бруто површина до 300 м2 ),
7. Доказ за право на градење (имотен лист со запишано право на сопственост или право на долготраен закуп, или право на службеност на градежно земјиште или договор за пренесување на правото на градење на предметното градежно земјиште или договор за концесија на Владата на РМ со која државен орган, агенција или фонд основачи од Владата на РМ или единица на локална самоуправа се стекнала со право на градење или договор со заедницата на сопственици на делови на објектот или писмена согласност од мнозинството на сопственици на посебните делови од половина од вкупната површина на објектот со имотни листови за посебните делови на објектот доколку се работи за доградба и надградба на згради во етажна сопственост или имотен лист со запишано право на сопственост на РМ или конечно рашение за експропријација доколку се работи за изградба на линиски инфраструктурни градби ),
8. Геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште,
9. Решение за трајна измена на режим на сообраќај од надлежен орган доколку се бара одобрение за придружно услужни објекти на општински патишта,
10. Овластување за изградба на градби за производство на електрична и топлинска енергија од надлежен орган доколку се бара одобрение за градби за производство на електрична енергија,
11. Нотификација за пренос на електронски податоци издадена од Агенцијата за електронски комуникации доколку се бара одобрение за електронски и комуникациски мрежи и средства,
12. Решение со кое се одобрува основање на депонија издадено од надлежен орган доколку се бара одобрение за депонии за интерен отпад
13. Доказ за извршена уплата на административна такса за издавање на одобрение за градење во износ од 3050ден. согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за административни такси.
У П А Т С Т В О
за добивање на одобрение за градење за објекти кои во рамките на ИПАРД програма се градат на градежно земјиште за кое е донесена урбанистичко – планска документација
-Потребна документација
За добивање на одобрение за градење, инвеститорот поднесувал писмено барање (образецот на барање е утврден со Правилникот за формата и содржината на барањето за одобрение и формата и содржината на одобрението за градење објавен во Службен весник на Република Македонија бр.24/11) до општината на чие подрачје треба да се гради објектот.
Кон барањето се доставува следната документација:
1. извод од планска документација (детален урбанистички план или урбанистичи план за вон населено место или урбанистички план за село или локална урбанистичка планска документација)
2. архитектонско – урбанистички проект заверен од надлежен орган доколку со урбанистичкиот план или локалната урбанистичка планска документација е предвидена изработка на овој проект
3. основен проект во три примероци со извештај за ревизија на основниот проект или писмен извештај со согласност за нострификација на основниот проект доколку истиот е изработен во странство
4. доказ за право на градење (имотен лист со запишано право на сопственост или право на долготраен закуп односно право на службеност на градежното земјиште на барателот или договор за пренесување на правото на градење на предметно градежно земјиште)
5. геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште
Забелешка: Основниот проект содржи студија за оцена на влијанието на проектот врз животната средина односно елаборат за заштита на животната средина одобрение од надлежен орган, доколку со прописите од областа на животната средина е предвидено изработка на студија односно елаборат за овие градби.
-Постапка за издавање на одобрение за градење
Општината е должна во рок од 15 дена од приемот на барањето да ја разгледа доставената документација и да утврди дали истата е комплетна, дали основниот проект е изработен во согласност со законските прописи и планската документација и дали барателот е единствен носител на правото на градење. Доколку доставената документација е комплетна, надлежниот орган е должен да ги извести субјектите надлежни за електроенергетската водоводна и канализација инфраструктура како и другите надлежни субјекти утврдени со Закон за градење, кои се должни да извршат увид во проектот и да се произнесат на записникот дали имаат забелешки.
Доколку основниот проект е изработен во согласност со законските прописи и планска документација, субјектите надлежни за електроенергетска, водоводна и канализациона ифраструктура односно другите надлешни субјекти немаат забелешки и барателот единствен носител на правото на градење, надлежниот орган е должен да го завери основниот проект и да достави до барателот известување со пресметка за плаќање на надоместокот за утврдување на градежноро земјиште (комуналии).
Инвеститорот е должен да го плати надоместокот за уредување на градежното земјиште или со општината да склучи договор за плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште на рати или да склучи договор со кој е утврдено дека инвеститорот ќе го уреди земјиштето на сопствен трошок или да достави банкарска гаранција за плаќање на надоместокот или да востанови хипотека во корист на општината, а општината може да донесе и акт со кој инвеститорот ќе го ослободи од плаќање на надоместокот.
Одобрението за градење се издава во рок од пет работни дена од доставување на доказ за регулиран надоместок за уредување на градежно земјиште (комуналии).
-Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци
Доколку доставената документација не е комплетна и/или основниот проект не е изработен во согласност со законските прописи и планска документација, субјектите надлежни за електроенергетска водоводна и канализациона инфраструктура како и другите надлежни субјекти имаат забелешки и/или барателот не е единствен носител на правото на градење, општината е должна да донесе заклучок за прекинување на постапката и да го задолжи барателот да ги отстрани констатираните недостатоци и да го дополни барањето во рок од 15 дена од денот на приемот на заклучокот.
Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето, надлежиот орган е должен да донесе решение за одбивање на барањето за одобрение за градење во рок од седум дена од истекот на рокот за дополнување, а доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и го дополни барањето, надлежниот орган е должен да достави до барателот известување со пресметка за плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште (комуналии), во рок од два дена од компетирањето на документацијата.