Select Page
ЈАВЕН ПОВИК За пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во Надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта

ЈАВЕН ПОВИК За пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во Надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта

Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“, број 5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр. 202/24), член 26 и 26-а од Законот за Јавните претпријатија („Службен весник на РМ“ број 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на РСМ“ бр. 275/19, 89/22, 274/22, 208/24 и 193/25), како и Правилникот за формата и содржината на Јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на Управен и Надзорен одбор на Јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците з пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на РСМ“ бр. 213/2024) и  член 21 од Статутот на општината Дебрца („Службен гласник на општината Дебрца“, број 3/2005), а по предлог на Градоначалникот, Советот на општината Дебрца, објавува :

 

ЈАВЕН ПОВИК

За пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во Надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта

 

  1. Предмет на Јавниот повик

 

Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на членови на Надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта.

Постапката ќе се спроведе согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на Управен и надзорен одбор на Јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на РСМ“ број 213/2024)

 

  1. Право на учество

 

            Право на учество имаат сите лица кои ќе пројават интерес за пријавување на кандидати кои ги исполнуваат условите во Јавниот повик.

Јавниот повик со сите услови се објавува на веб страната на Општина Дебрца www.debrca.gov.mk и на веб страната на ЈПКД „Дебрца“.

 

  1. Услови кои треба да се исполнат согласно Законот за Јавни претпријатија

 

За член на Надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта може да биде лице кое ги исполнува следните услови :

– е државјанин на Република Северна Македонија ;

– има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование од областа на парвните науки, економските науки или од областа на дејноста на јавното претпријатие ;

– во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност, должност.

 

Членовите на Надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта, треба да имаат најмалку 5 години работно искуство, и тоа :

– еден член на надзорниот одбор, треба да има најмалку пет години работно искуство;

– еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење и ;

– еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи.

 

  1. Начин на пријавување на Јавниот повик

 

            Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација :

– Образец за пријавување ;

– Кратка биографија ;

– Уверение за државјанство ;

– Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование ;

– Доказ дека во моментот на именување со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност ;

– Доказ дека има најмалку пет години работно искуство од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на РСМ ;

– Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон.

Документите треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на општина Дебрца с.Белчишта, со назнака : За Јавен повик за пројавување интерес на кандидати за избор на членови на Надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта.

 

  1. Рок на пријавување

 

            Јавниот повик се објавува на ден 16.03.2026 година и трае 5 (пет) дена, односно најдоцна до 20.03.2026 година.

Непополнетата пријава како и некомплетна докуентација и документација доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Прилог:Одлука за конкурс за надзорен

 

 

                                                                                                                                                 СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

 Број 08-318/10                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                    ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТ НА ОПШТИНА

13.03.2026 година                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                           Иван Стрезоски  с.р.

с.Белчишта              

Известување до жителите на Подмоље

Известување до жителите на Подмоље

ЈКП Дебрца ги известува жителите на Подмоље дека поради настанат дефект на главната водоводна мрежа  на цевка со профил ф315  има прекин во водоснабдувањето.
Екипите се веќе на терен и работат на отстранување на дефектот и се очекува во текот на денот нормализирање на водоснабдувањето.
Ги замолуваме граѓаните за разбирање и трпение.
ЈКП Дебрца
Донација на град Виена за Општина Дебрца- Возило за собирање на комунален одпад

Донација на град Виена за Општина Дебрца- Возило за собирање на комунален одпад

Денес, во Виена градоначалникот на општина Дебрца ја подигна донацијата вредна 30.000 евра, камион MAN за собирање смет, кој ќе го користи ЈКП Дебрца.
Ова е само првиот чекор на нашата соработка со Општина Виена. Дебрца денес има уште еден голем пријател!
Градоначалникот на општина Дебрца Златко Сиљаноски искажа Благодарност до градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг и неговата администрација за оваа вредна донација. Ова возило ќе направи голем напредок во одржувањето на чистотата во нашите села.
Воедно искажа и  Благодарност  до општинската администрација која аплицираше за ова возило во 2024 година.
 Ова е само почеток на многу нови проекти и соработка помеѓу нашите општини.
Се одржа првата работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион

Се одржа првата работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион

Денес во Битола се одржа првата работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) за Пелагонискиот и Југозападниот регион, со што започна оперативната фаза и исполнувањето на обврските од регионалниот систем за управување со отпад.
На седницата, на која учествуваа сите 18 градоначалници од двата региони во својство на членови на Одборот, како и претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање  и меѓународните партнери, беа разгледани клучните активности што ќе го одбележат периодот што следи и ќе го насочат понатамошниот развој на регионалниот систем.
На состанокот беше истакнато дека воспоставувањето на МОУО е резултат на повеќегодишна координирана работа на општините од двата региона, институциите и меѓународните партнери, и претставува важен чекор кон создавање модерен, ефикасен и одржлив систем за управување со отпад.
Во рамки на седницата беше презентирана и новата веб-платформа „Регион без отпад“, која е во изработка, а која ќе служи како централно место за информации, координација и транспарентна комуникација со јавноста, како и за следење на работата на МОУО и напредокот на регионалниот систем.
Посебен акцент беше ставен на планираните активности за првата половина на 2026 година, меѓу кои се изградбата на претоварни станици и набавка на возила и опрема, изработката на новиот Регионален план за управување со отпад, формирање на регионалното комунално претпријатие, зајакнување на комуникацијата со граѓаните, собирање и управување со податоци за отпадот, како и јасно дефинирање на обврските на општините во процесите.
Членовите на Одборот истакнаа дека наредниот период ќе биде клучен за поставување стабилни основи за функционален систем кој ќе обезбеди подобри и поефикасни услуги за граѓаните, поголема заштита на животната средина и зголемена институционална одговорност.
Со оваа седница, МОУО ја потврди својата улога како клучно тело за координација, планирање и надзор на реформите во управувањето со отпад во двата региони, со јасна заложба за транспарентност, соработка и вклучување на јавноста во процесите што следуваат.
Работата на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад е поддржана од проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“, финансиран од Шведска и имплементиран од SALAR International, во соработка со општините и националните институции.
Целосно пробиени сите патни правци во општина Дебрца

Целосно пробиени сите патни правци во општина Дебрца

Почитувани сограѓани на Општина Дебрца, сакам да Ве известам дека општината е целосно исчистена од снежната покривка што нè затекна изминатата ноќ.
 Уште од 3 часот наутро екипите беа на терен – подготвени, организирани и на нозе, како што доликува.
 На осојничавите и критични места е фрлена сол и ризла, за поголема безбедност на патиштата.
 Сепак, поради ниските температури, апелирам до сите граѓани да користат зимски гуми и да возат со прилагодена брзина.
 Да се чуваме еден со друг – со малку внимание, зимата полесно се минува!
Општина Дебрца воспоставува дежурство 24/7 поради проблемите со обилните врнежи

Општина Дебрца воспоставува дежурство 24/7 поради проблемите со обилните врнежи

Поради обилните врнежи од дожд, денес повторно се интервенираше на критични места каде што имаше излевање на неколку речни корита.
Од денес воспоставуваме дежурство 24/7 со целокупната механизација со која располагаме, со цел навремено да го заштитиме имотот и безбедноста на граѓаните од поплави и слични појави.
 Секаде каде што ќе се појави опасност, граѓаните да нѐ контактираат веднаш.
 Контакт телефони:
 078 822 122 – Златко Сиљаноски
 071 334 801 – Иван Стрезоски