Jul 17, 2026
ЈП за комунална дејност Дебрца ги известува корисниците дека е пуштен во употреба нов систем за електронска наплата на комунални услуги преку веб-страницата на претпријатието.
Преку системот за е-наплата, корисниците можат брзо и едноставно да ги платат своите фактури online со внесување на бројот на фактурата и e-mail адреса.
Доколку корисникот не го знае бројот на фактурата, информации може да добие на телефонскиот број 046/286-887 или писмено на e-mail адресата komunalecdebrca@hotmail.com.
На веб-страницата https://jkpdebrca.mk/ се достапни детални упатства за:
користење на системот за е-наплата;
преглед и плаќање на неплатени фактури;
внесување на состојба на водомер;
пријава за електронски прием на фактури.
Со воведувањето на оваа услуга, ЈП за комунална дејност Дебрца продолжува со дигитализација на услугите и подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните, овозможувајќи побрз, поедноставен и подостапен начин за комуникација и плаќање на обврските.
Jul 8, 2026
Почитувани сограѓани, уште едно ветување станува реалност!

Денес успешно го завршивме асфалтирањето на сретселото во с. Врбјани.

Поставени се вкупно 500м2 асфалт.

Овој проект е реализиран исклучиво со средства од сопствениот буџет на општина Дебрца.

Со ова уредување значително го олеснуваме секојдневието и обезбедуваме подобри услови за сите жители.

Нашата визија е јасна – рамномерен развој и вложување во секое населено место.

Не застануваме тука, механизацијата оди понатаму.

Продолжуваме да работиме посветено, транспарентно и домаќински за нашата Дебрца!
Jul 6, 2026
Во Општина Дебрца денес официјално беше извршен прием на нов трактор и дополнителна механизација, набавени во рамки на проектот „Опремување на ЈКП Дебрца“, кој се реализира преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, со поддршка од Министерството за локална самоуправа.
На приемот присуствуваа градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, и директорот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Валон Каба, кои ја истакнаа важноста на меѓуинституционалната соработка за унапредување на комуналните услуги во општината.
Во рамки на проектот се набавени:
Трактор,
Нож за чистење снег,
Тракторска хидраулична рака со мулчер,
Пила за кастрење гранки.
Вкупната вредност на проектот изнесува 2.693.410 денари, при што од страна на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, со поддршка од Министерството за локална самоуправа се одбезбедени 1.594.000 денари и Општина Дебрца обезбеди сопствено кофинансирање во износ од 1.099.410 денари.
Со новата механизација значително ќе се подобри работата на Општина Дебрца, особено во одржувањето на локалните патишта, чистењето на снег во зимски услови, уредувањето на јавните зелени површини и кастрењето на гранките.
Општина Дебрца и Центарот за развој на Југозападниот плански регион остануваат посветени на реализација на проекти што придонесуваат за подобар квалитет на живот и поефикасни јавни услуги за сите граѓани.
Jul 6, 2026
Почитувани сограѓани, споделувам уште една убава вест за нашата Дебрца!

Набавивме целосно ново комунално возило.

Овој модерен камион од денес му служи на ЈКП „Дебрца“.

Го решаваме предизвикот за поефикасно и побрзо собирање на отпадот.

Ова е директно исполнување на нашата заложба за нова комунална механизација.

Нашите села и природата заслужуваат највисоко ниво на хигиена.

Апелирам до секој од вас – да ја чуваме заедно животната средина.

Одиме понатаму, за модерна и чиста општина!
Jul 1, 2026
Во крајна фаза сме со комплетното уредување на дворот на црквата „Св. Петар и Павел“ во с. Брежани!

Со поставувањето на 260 м2 бекатон плочки, просторот околу храмот го добива својот вистински и достоен лик, токму во пресрет на празникот Петровден.
Продолжуваме да работиме и да градиме во секое населено место во нашата Дебрца.

Jun 30, 2026
ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места во општина Дебрца каде се врши подигнување на комунален одпад, Дека комуналниот отпад од 1ви јули ќе се подига од 06:00 часот (наутро).
Се замолуваат сите жителите навремено да го одлагаат отпадот и да ја почитуваат утврдената динамика, со цел непречено и ефикасно извршување на комуналните услуги.
Со Почит,
ЈКП,, Дебрца”