Jul 1, 2026
Во крајна фаза сме со комплетното уредување на дворот на црквата „Св. Петар и Павел“ во с. Брежани!

Со поставувањето на 260 м2 бекатон плочки, просторот околу храмот го добива својот вистински и достоен лик, токму во пресрет на празникот Петровден.
Продолжуваме да работиме и да градиме во секое населено место во нашата Дебрца.

Jun 30, 2026
ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места во општина Дебрца каде се врши подигнување на комунален одпад, Дека комуналниот отпад од 1ви јули ќе се подига од 06:00 часот (наутро).
Се замолуваат сите жителите навремено да го одлагаат отпадот и да ја почитуваат утврдената динамика, со цел непречено и ефикасно извршување на комуналните услуги.
Со Почит,
ЈКП,, Дебрца”
Jun 5, 2026
Работиме неуморно низ целата општина: Денешниот фокус е на Злести!

Денес завршивме уште еден важен дел од нашиот годишен план за асфалтирање.

Комплетно е реконструирана главната улица во село Злести, на потегот од сретселото до крстосницата за Белчишта и Лешани.

Со оваа инвестиција значително ја подобруваме патната инфраструктура, придонесувајќи за поголема безбедност во сообраќајот и полесно секојдневие на мештаните.

Продолжуваме посветено да работиме на терен и да ги исполнуваме барањата на граѓаните.

Чекор по чекор, заедно градиме поубава и модерна Дебрца!
Jun 3, 2026
Денеска ми претставуваше особена чест и задоволство во работна посета на Општина Дебрца да ги пречекам министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Горан Патчев.

На остварената средба разговаравме за огромниот културен и туристички потенцијал што го поседува нашиот регион.

Посебен акцент ставивме на проектот за изградба на културно-изложбен центар во с. Требеништа, кој значително ќе придонесе за промоција на локалното наследство и развојот на туризмот.

Заедно со гостите го посетивме и Изложбениот центар за Белчишко Блато во Белчишта, простор кој на уникатен начин ги претставува богатствата на флората, фауната и нашето природното наследство.

Работната посета ја продолживме со посета на Интернационалната ликовна колонија „Дебрца“ во Белчишта, која минатата година одбележа 40-годишен јубилеј и е една од најстарите и најзначајните ликовни колонии во Македонија.

Горди сме на оваа културна манифестација која со децении го збогатува уметничкото наследство на Дебрца, а соработката и поддршката од овие институции ни е од огромно значење.

Инвестициите во културата и туризмот се вистински инвестиции во иднината!
Jun 3, 2026
Известување до жители на с.Мешеишта
Поради предизвикан дефект на главната водоводна цевка од страна на изведувачи при изградба на автопатот, ќе има прекин на водоснабдувањето денес ( 03.06.2026 година) од 16 часот до санирањето на дефектот.
ЈП за комунална дејност Дебрца