Nov 14, 2025
Денес започна со чистење на крајпатна вегетација на патниот правец село Белчишта-село Ново Село и во следните денови ќе се спроведува акција за чистење на крајпатната вегетација на повеќе локални делници.

Акцијата опфаќа:
- кастрење и косење на обрасната вегетација,
- отстранување на ниски и високи гранки кои ја намалуваат видливоста,
- уредување на приодите покрај патиштата.
Целта е да се зголеми безбедноста на сообраќајот и да се подобри уреденоста на јавните површини.

Ги замолуваме жителите за разбирање и внимателно движење покрај местата каде што ќе се изведуваат активности.
Nov 12, 2025
Денес, во просториите на Општина Дебрца, беше извршено официјалното примопредавање на градоначалничката функција помеѓу досегашниот градоначалник Зоран Ногачески и новоизбраниот градоначалник Златко Сиљаноски.

На средбата, во духот на демократските вредности и институционален континуитет, беше извршено примопредавањето, со што новоизбраниот градоначалник ја презеде одговорноста за раководење со локалната самоуправа на Општина Дебрца.
Досегашниот градоначалник Ногачески му посака успех во работата на својот наследник, изразувајќи уверување дека Општината ќе продолжи да се развива во интересите на сите жители

Новиот градоначалник Сиљаноски се заблагодари за досегашната соработка и довербата добиена од граѓаните, нагласувајќи дека негов приоритет ќе биде транспарентно, одговорно и посветено работење во интерес на секој жител на Општина Дебрца.
Со ова примопредавање официјално започнува новиот мандат на градоначалникот Златко Сиљаноски, кој ја презема функцијата со цел за натамошен развој, подобрување на инфраструктурата, унапредување на јавните услуги и создавање подобри услови за живот во нашата општина.
Nov 6, 2025
Почитувани жители на село Мешеишта,
Ве известуваме дека на ден 07.11.2025 (петок) ќе биде пуштен во употреба новиот резервоар за вода, изведен од фирмата „Маркоски“ ДООЕЛ.
Во текот на изведувањето НЕМА ДА ИМА ПРЕКИН ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО,но по пуштањето на резервоарот ќе се изврши ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА СИСТЕМОТ.
Од тие причини, ВО ПЕРИОДОТ ОД 07.11.2025 (ПЕТОК) ДО 10.11.2025 (ПОНЕДЕЛНИК) ВОДАТА НЕ СМЕЕ ДА СЕ КОРИСТИ ЗА ПИЕЊЕ И ХИГИЕНА!
ДОЗВОЛЕНО Е САМО КАКО ТЕХНИЧКА ВОДА.
Ви благодариме на разбирањето и соработката
Општина Дебрца
Oct 14, 2025
Пристигна противпожарното возило ,донација за општина Дебрца од тиролската противпожарна бригада, Република Австрија, а кое ќе биде дадено на користење на новоформираното Доброволно противпожарно друштво “Ентузијаст Дебрца.”

Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески изразува особена благодарност до донаторот,Противпожарната бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија и до командирот на ТППЕ Охрид,Борко Јанкулоски,кој со својот несебичен ангажман е најзаслужен за реализација на оваа донација,со што се создаваат почетни услови за остварување на противпожарната заштита во општина Дебрца на поорганизирано ниво,нешто што сите овие години наназад беше основна заложба на локалната самоуправа и воопшто на граѓаните на Дебрца.
Oct 3, 2025
Денес во историското Црвена Вода, Славна Дебрца,со полагање свежо цвеќе на спомен обележјето, историски час, посета на Спомен собата на ГШ на НОВ и ПОМ и посета на Спомен собата од НОБ во село Белчишта одбележавме 82 година од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ, до македонскиот народ, на 03 Октомври 1943 година, Ден кој е патронен празник на општина Дебрца.
Во Дебрца се испишани најсветлите страници од македонската историја, а
Манифестот до македонскиот народ, од 1943 година, по своето значење, е еднаков со Крушевскиот манифест од 1903 година и во него е претставена платформата на македонската државност , односно Асномска Македонија.

Како генерација имаме обврска, но и аманет од нашите претци да се однесуваме одговорно кон нашата историја и нејзините придобивки.
Затоа и во наредниот период посветено ќе работиме да се сочува интегритетот на Дебрца, нејзината епска димензија и еколошка иднина.