Sep 6, 2024
Во село Злести завршена е регулацијата на каналот за наводнување, во должина од околу 360 метри, со што се обезбедува поекономично наводнување, а истовремено и проширување на улицата.
Вкупната вредност на работите изнесуваше 1.056.000 денари, а средствата се обезбедени од
Буџетот на општината за 2024 година.
Sep 5, 2024
Во тек е имплементација на проектот ,,Патеки на откривање” кој го спроведува здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ со поддршка на општина Дебрца,а проектот е целосно финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија.

Целта на проектот е развивање на одрлжлив еко-туризам и унапредување и заштита на животната средина.Со овој проект ќе се овозможи маркација и унапредување на планинските велосипедски патеки во општина Дебрца.

Општината располага со уникатни живописни планински предели кои се предуслов за развој на алтернативните форми на Туризам како и развојот на Планински велоспиедизам.
Sep 4, 2024
Во село Врбјани завршено е тампонирањето на две улички, во должина од околу 120 метри, предходно на теренот се изврши порамнување и прочистување на вегетација како и прочистување на одводен канал кој предизвикуваше проблеми на локалните жители.
Sep 4, 2024
Во текот на Вчерашниот ден Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески ја прифати неотповикливата оставка на директорот на ЈПКД Дебрца,Димче Андрески, на кого му изрази благодарност за досегашната соработка и успех во неговите идни професионални ангажмани.
За ВД директор на јавното претпријатие е именуван Тино Секулоски дипломиран менаџер по осигурување, од редот на вработените,на кого му посакува успешно справување со сите предизвици,со кои се соочува јавното претпријатие,а во интерес на корисниците на услугите.
Aug 31, 2024
Градоначаникот Зоран Ногачески денес беше гостин на пензионерите, на “4 та пензионерска средба Дебрца 2024”,која се одржа во манастирот “Св.Петка”,Оровник,во организација на Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца.
Општина Дебрца ја помогна организацијата на средбата,а преку своите годишни програми редовно ги помагаме тековните активности на Здружението.
Aug 31, 2024
Во село Лактиње започна рехабилитација на центарот / корнење на стариот оштетен асфалтен слој и поставување на нов асфалтен слој.
Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2024 година